ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 27 стр. 68-стр. 69 пас. 2
  • Некои се побуниле против Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Некои се побуниле против Јехова
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Ароновиот стап цвета
    Мојата книга со библиски приказни
  • Лојално подложувај му се на божествениот авторитет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Побуната на Кореј
    Библиски стрип
  • Дали Јехова те познава?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 27 стр. 68-стр. 69 пас. 2
Кореј и оние што му се придружиле во побуната стојат пред Мојсеј и Арон

ПОГЛАВЈЕ 27

Некои се побуниле против Јехова

По некое време, додека Израелците сѐ уште биле во пустината, Кореј, Датан, Авирон и 250 други се побуниле против Мојсеј и Арон. Тие рекле: „Преку глава ни е од вас! Мојсеј, зошто мора баш ти да ни бидеш водач, а Арон првосвештеник? Јехова е со секого од нас, а не само со тебе и со брат ти“. Ова многу го налутило Јехова. Тоа што народот се побунил против Мојсеј и Арон, за Јехова било како да се побуниле против него лично!

Мојсеј им кажал на Кореј и на другите што му се придружиле: „Утре дојдете кај светиот шатор и донесете си кадилници со темјан. Јехова ќе покаже кого избрал“.

Утредента, Кореј и 250-те луѓе отишле кај светиот шатор за да се сретнат со Мојсеј. Таму запалиле темјан, како што обично правеле свештениците. Јехова им кажал на Мојсеј и Арон: „Оддалечете се од Кореј и од луѓето што се со него“.

Кореј го послушал Мојсеј и отишол кај светиот шатор, но Датан и Авирон, како и нивните семејства, не сакале да го направат ниту тоа. Јехова им кажал на Израелците да се оддалечат од шаторите на Кореј, Датан и Авирон. Кога го чуле тоа, тие веднаш се тргнале оттаму. Датан и Авирон, заедно со своите семејства, стоеле пред своите шатори. Одеднаш земјата се расцепила и ги голтнала! На влезот на светиот шатор слегол оган од небото и ги изгорел Кореј и неговите 250 луѓе.

Земјата се отвора и ги проголтува Датан, Авирон и нивните семејства

Откако се случило сето тоа, Јехова му рекол на Мојсеј: „Земи по еден стап од поглаварот на секое племе. На секој стап напиши го името на поглаварот, но на стапот од племето Леви напиши го името на Арон. Потоа, стави ги во светиот шатор. Стапот на оној што јас ќе го изберам ќе расцвета“.

Следниот ден, Мојсеј ги извадил сите стапови и им ги покажал на поглаварите. Стапот на Арон бил расцветан и на него имало зрели бадеми. На тој начин, Јехова потврдил дека го избрал Арон за првосвештеник.

„Бидете им послушни на оние што ве предводат и бидете им подложни“ (Евреите 13:17)

Прашања: Зошто Кореј и некои други луѓе се побуниле против Мојсеј и Арон? Од каде знаеме дека Јехова го избрал Арон за првосвештеник?

4. Мојсеева 16:1 — 17:13; 26:9-11; Псалм 106:16-18

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели