ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 45 стр. 110-стр. 111 пас. 1
  • Царството било поделено

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Царството било поделено
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Царството е разделено
    Мојата книга со библиски приказни
  • Јехова нема да ги остави оние што му се лојални
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Можел да биде близок со Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Врвни точки од книгата Прва Цареви
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Поуки од Библијата
lfb погл. 45 стр. 110-стр. 111 пас. 1
Ахија си ја раскинува облеката на 12 парчиња пред Јеровоам

ПОГЛАВЈЕ 45

Царството било поделено

Сѐ додека Соломон му служел на Јехова, во Израел имало мир. Но, Соломон се оженил со многу жени од други земји, а тие им служеле на идоли. Малку по малку, Соломон се сменил, па почнал и тој да им служи на идоли. Јехова многу се налутил. Тој му рекол на Соломон: „Ќе го одземам Израел од твоето семејство и ќе го поделам на два дела. Поголемиот дел ќе му го дадам на еден твој слуга, а твоето семејство ќе владее само со помалиот дел“.

Јехова и на друг начин потврдил дека навистина ќе направи така. Еднаш Јеровоам, слугата на Соломон, бил на пат. Тогаш го сретнал пророкот Ахија, кој ја раскинал својата наметка на 12 парчиња и му рекол: „Јехова ќе го земе царството Израел од семејството на Соломон и ќе го подели на два дела. Земи десет од овие парчиња бидејќи ти ќе бидеш цар над десет племиња“. Кога цар Соломон слушнал за тоа, сакал да го убие Јеровоам! Затоа, Јеровоам побегнал во Египет. По некое време, Соломон умрел, а неговиот син Ровоам станал цар. Тогаш Јеровоам можел безбедно да се врати во Израел.

Израелци принесуваат жртви на златно теле кое го поставил Јеровоам

Старешините во Израел му рекле на Ровоам: „Ако се однесуваш добро со луѓето, ќе ти бидат послушни и верни“. Но, помладите пријатели на Ровоам му рекле: „Треба да бидеш строг и лош со луѓето! Дај им уште потешка работа!“ Ровоам ги послушал помладите пријатели. Тој немал никаква милост кон луѓето, и тие се побуниле. Го поставиле Јеровоам за цар на десетте племиња, кои станале познати како царството Израел. Другите две племиња останале под власта на Ровоам, и биле познати како царството Јуда. Така 12-те племиња на Израел биле поделени на два дела.

Јеровоам не сакал луѓето од неговото царство да му принесуваат жртви на Бог во Ерусалим, кој се наоѓал во царството на Ровоам. Знаеш ли зошто? Јеровоам се плашел дека така тие ќе престанат да го поддржуваат него и ќе почнат да го слушаат Ровоам. Затоа направил две златни телиња и им рекол на луѓето: „Ерусалим е многу далеку. Овде служете му на Бог“. Луѓето почнале да ги обожаваат златните телиња и повторно го заборавиле Јехова.

„Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверници. Зашто, што им е заедничко на праведноста и на беззаконието?... Или што имаат заедничко верникот и неверникот?“ (2. Коринќаните 6:14, 15)

Прашања: Зошто Израел бил поделен? Какви лоши работи направиле цар Ровоам и цар Јеровоам?

1. Царевите 11:1-13, 26-43; 12:1-33

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели