ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 49 стр. 118-стр. 119 пас. 2
  • Една злобна царица била казнета

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Една злобна царица била казнета
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Злобната царица Језавела
    Мојата книга со библиски приказни
  • Јуј — ревносен слуга на вистинскиот Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сега е време да се преземе одлучен чекор
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Останал верен и покрај неправдите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 49 стр. 118-стр. 119 пас. 2
Слугите на Језавела ја фрлаат низ прозорецот

ПОГЛАВЈЕ 49

Една злобна царица била казнета

Од палатата на цар Ахав во Језраел се гледало лозјето на еден човек по име Навутеј. Бидејќи Ахав сакал тоа лозје да биде негово, му рекол на Навутеј да му го продаде. Но, Навутеј не сакал да го направи тоа бидејќи според законот на Јехова било забрането да се продава земја која била добиена во наследство. Дали Ахав го пофалил Навутеј што постапил исправно? Не. Напротив, Ахав многу се налутил. Толку бил лут што не сакал да излегува од својата соба ниту, пак, да јаде.

Жената на Ахав, злобната царица Језавела, му рекла: „Ти си цар на Израел. Можеш да имаш сѐ што ќе посакаш. Јас ќе се погрижам да го добиеш лозјето“. Таа им пратила писма на старешините во градот. Во нив им пишала да го обвинат Навутеј дека зборувал против Бог и да го каменуваат до смрт. Откако старешините го направиле тоа, Језавела му рекла на Ахав: „Навутеј е мртов. Сега лозјето е твое“.

Освен Навутеј, Језавела убила и многу други невини луѓе кои го сакале Јехова. Таа им служела на лажни богови, а правела и други лоши работи. Јехова видел што сѐ направила Језавела. Дали презел нешто во врска со тоа?

По смртта на Ахав, цар станал неговиот син Јорам. Јехова испратил еден човек по име Јуј да ја казни Језавела, како и нејзиното семејство.

Јуј се качил на својата коњска кола и отишол во Језраел, каде што живеела Језавела. Јорам тргнал со својата кола да го пресретне Јуј, и го прашал: „Дали има мир меѓу нас?“ Јуј му одговорил: „Не може да има мир сѐ додека твојата мајка, Језавела, прави злобни работи“. Тогаш Јорам се обидел да ја сврти својата кола за да побегне. Но, Јуј го застрелал Јорам и тој умрел.

Јуј наредува Језавела да биде фрлена низ прозорецот

Потоа Јуј отишол во палатата на Језавела. Кога оваа злобна царица чула кој дошол, се нашминкала, си направила фризура и го чекала крај прозорецот. Кога Јуј пристигнал, таа му се обратила со зајадливи зборови. Тогаш Јуј им викнал на нејзините слуги кои стоеле до неа: „Фрлете ја долу!“ Тие ја фрлиле низ прозорецот и таа умрела.

По ова, Јуј ги убил сите 70 синови на Ахав и уништил сѐ што било поврзано со обожавањето на Ваал. Дали овој настан од Библијата те уверува дека Јехова гледа сѐ и дека во вистинско време ќе ги казни оние што прават лоши работи?

„Наследството кое од почетокот се стекнува со алчност, на крајот не е благословено“ (Изреки 20:21)

Прашања: Што направила Језавела за Ахав да го добие лозјето на Навутеј? Зошто Јехова ја казнил Језавела?

1. Царевите 21:1-29; 2. Царевите 9:1 — 10:30

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели