ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 50 стр. 120-стр. 121 пас. 5
  • Јехова му дал победа на Јосафат

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова му дал победа на Јосафат
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Јосафат му верува на Јехова
    Мојата книга со библиски приказни
  • Биди ревносен за Јеховиниот дом!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Извршена осуда во долината на одлуката
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Дали ќе го земеш при срце она што е напишано?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 50 стр. 120-стр. 121 пас. 5
Цар Јосафат и левитите ја предводат војската која излегува од Ерусалим

ПОГЛАВЈЕ 50

Јехова му дал победа на Јосафат

Јосафат, кој станал цар на Јуда, ги уништил жртвениците и идолите на Ваал низ целата земја. Тој сакал луѓето да ги знаат законите што им ги дал Јехова. Затоа, низ царството Јуда испратил кнезови и левити да го поучуваат народот за овие закони.

На народите што живееле во близина им било страв да го нападнат царството Јуда бидејќи знаеле дека Јехова го штити. Тие дури му носеле и подароци на цар Јосафат. Но, по некое време, Моавците, Амонците и луѓето што живееле во местото Сеир се собрале за да се борат со Јуда. Јосафат знаел дека не може да победи без помош од Јехова. Затоа наредил сите мажи, жени и деца да дојдат во Ерусалим. Пред целиот насобран народ, тој се помолил со зборовите: „Јехова, не можеме да победиме ако ти не си со нас. Те молиме кажи ни што да правиме“.

Јехова одговорил на оваа молитва: „Не плашете се, јас ќе ви помогнам. Само наредете се, стојте и гледајте како ќе ве спасам“. Како ги спасил Јехова?

Следното утро, Јосафат избрал група пејачи и им рекол да одат пред војската. Тие тргнале од Ерусалим кон бојното поле кое се наоѓало на местото наречено Текоја.

Додека пејачите го славеле Јехова радосно и на сет глас, тој се борел за својот народ. Јехова направил Амонците и Моавците толку да се збунат што почнале да се борат едни против други. На крајот, не останал жив ниту еден од нив. Но, Јехова ги заштитил луѓето од Јуда, војниците и пејачите. Сите од околните земји слушнале што направил Јехова, и сфатиле дека тој сѐ уште го штити својот народ. Како Јехова ги спасува оние што му служат? На разни начини. А за да го направи тоа, не му е потребна помош од луѓе.

„Во оваа борба нема да се борите вие. Само наредете се, стојте и гледајте како Јехова ќе ве спаси“ (2. Летописи 20:17)

Прашања: Каков цар бил Јосафат? Како Јехова го заштитил царството Јуда?

2. Летописи 17:1-19; 20:1-30

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели