ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 56 стр. 134
  • Јосија го сакал Божјиот закон

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јосија го сакал Божјиот закон
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Јосија имал добри пријатели
    Поучете ги своите деца
  • Понизниот Јосија ја имал Јеховината наклоност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Последниот добар цар на Израел
    Мојата книга со библиски приказни
  • Јосија решил да го прави она што е добро
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 56 стр. 134
Сафан му чита на цар Јосија од свитокот

ПОГЛАВЈЕ 56

Јосија го сакал Божјиот закон

Јосија станал цар на Јуда кога имал осум години. Во тие денови, луѓето се занимавале со магија и обожавале идоли. Кога Јосија имал 16 години, сакал да научи исправно да му служи на Јехова. Кога имал 20 години, почнал да ги уништува идолите и жртвениците на лажните богови низ целата земја. А на 26 години, наредил да се обнови храмот на Јехова.

Во храмот, првосвештеникот Хелкија нашол еден свиток на кој бил запишан законот на Јехова. Можеби тоа бил истиот свиток што го напишал Мојсеј. Сафан, кој му бил писар на цар Јосија, го донел свитокот кај него и почнал да му го чита. Додека слушал, Јосија сфатил дека луѓето веќе долго време не му се послушни на Јехова. Цар Јосија му рекол на Хелкија: „Јехова ни е многу лут. Те молам, зборувај со него во молитва. Тој ќе ни каже што да правиме“. Јехова им дал одговор преку пророчицата Олда: „Луѓето од Јуда ме заборавија. Ќе ги казнам, но не додека Јосија е цар, бидејќи тој покажа дека е понизен“.

Хелкија го наоѓа свитокот на кој е запишан Јеховиниот закон

Кога цар Јосија го слушнал тоа, отишол во храмот и ги повикал сите луѓе од Јуда. Потоа го прочитал законот на Јехова пред целиот народ. Јосија и луѓето ветиле дека од срце ќе му бидат послушни на Јехова.

Луѓето од Јуда со години не го славеле празникот Пасха. Но, кога во Законот прочитал дека Пасхата треба да се слави секоја година, Јосија му рекол на народот: „Ќе одржиме Пасха во чест на Јехова“. Тогаш Јосија се погрижил да се принесат многу жртви и во храмот да има хор од пејачи. Така луѓето ја одржале Пасхата, а потоа седум дена го славеле Празникот на бесквасните лебови. Таква Пасха немало уште од времето на Самоил. Јосија навистина многу го сакал Божјиот закон. Дали и тебе ти е убаво кога учиш за Јехова?

„Твојата реч е светилка на мојата нога и светлина за мојата патека“ (Псалм 119:105)

Прашања: Што направил цар Јосија кога слушнал што пишува во Божјиот закон? Што мислел Јехова за Јосија?

2. Царевите 21:26; 22:1 — 23:30; 2. Летописи 34:1 — 35:25

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели