ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 99 стр. 230-стр. 231 пас. 4
  • Затворски чувар ја дознал вистината

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Затворски чувар ја дознал вистината
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • „Прејди во Македонија“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
  • Сила — извор на охрабрување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Мирот Божји ја надминува секоја мисла
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Да се проповеда добрата вест со цврсто уверување
    Нашата служба за Царството 2000
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 99 стр. 230-стр. 231 пас. 4
Затворскиот чувар во Филипи гледа дека вратите на затворот се отворени а сите затвореници се внатре

ПОГЛАВЈЕ 99

Затворски чувар ја дознал вистината

Во Филипи живеела една слугинка која била обземена од демон. Поради тоа, таа можела да ја претскажува иднината и така им помагала на своите господари да заработат многу пари. Кога Павле и Сила дошле во Филипи, таа ги следела со денови. Демонот ја терал да вика: „Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог!“ На крајот, Павле му рекол на демонот: „Во името на Исус, ти заповедам да излезеш од неа!“ Демонот веднаш си заминал.

Кога господарите на девојката сфатиле дека повеќе не можат да заработуваат пари како дотогаш, многу се налутиле. Ги одвеле Павле и Сила кај градските управители и рекле: „Овие луѓе го прекршуваат законот и го вознемируваат целиот град!“ Управителите наредиле Павле и Сила да бидат истепани и фрлени во затвор. Затворскиот чувар ги однел во внатрешниот, најтемниот дел на затворот и им ставил окови.

Павле и Сила му пееле фалбени песни на Јехова, а другите затвореници слушале. Одеднаш, среде ноќта настанал силен земјотрес од кој се затресле дури и темелите на затворот. Вратите на затворот се отвориле, а оковите на затворениците паднале. Затворскиот чувар брзо отишол во внатрешниот дел на затворот и видел дека вратите се отворени. Бидејќи помислил дека сите затвореници избегале, зел меч за да се убие.

Но, тогаш Павле му довикнал: „Немој! Сите сме овде!“ Чуварот брзо дотрчал и клекнал на колена пред Павле и Сила. Тогаш ги прашал: „Што треба да правам за да бидам спасен?“ Тие му одговориле: „Ти и твоите домашни треба да верувате во Исус“. Павле и Сила ги поучиле чуварот и неговите домашни за Јехова, и сите се крстиле.

„Ќе кренат рака на вас, ќе ве прогонуваат и ќе ве предаваат во синагогите и во затворите и ќе ве водат пред цареви и управители поради моето име. Тоа ќе ви даде можност да сведочите“ (Лука 21:12, 13)

Прашања: Зошто Павле и Сила биле фрлени во затвор? Како затворскиот чувар ја дознал вистината?

Дела 16:16-34

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели