ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 102 стр. 236-стр. 237 пас. 2
  • Откровението на Јован

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Откровението на Јован
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Величественоста на Јеховиниот небесен престол
    Откровение — близу е величествената завршница!
  • Кој живее во невидливиот свет на небото
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Пеење на новата победничка песна
    Откровение — близу е величествената завршница!
  • Јован го гледа прославениот Исус
    Откровение — близу е величествената завршница!
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 102 стр. 236-стр. 237 пас. 2
Апостол Јован ја пишува книгата Откровение

ПОГЛАВЈЕ 102

Откровението на Јован

Апостол Јован бил во затвор на островот Патмос. Таму, Исус преку 16 виденија на сликовит начин му покажал што ќе се случи во иднина. Во виденијата било прикажано како Божјето име ќе биде посветено, како Божјето Царство целосно ќе завладее и како Божјата волја ќе се врши и на небото и на Земјата.

Во едно од виденијата Јован го видел величествениот небесен престол на Јехова, околу кој имало 24 старешини во бели облеки и со златни круни на главите. Од престолот излегувале молњи и грмотевици. Овие 24 старешини му се поклонувале на Јехова и му оддавале слава. Во друго видение Јован видел големо мноштво луѓе од сите народи и јазици како му служат на Јехова. Исус, кој бил претставен со јагне, се грижел за нив и ги водел покрај води што даваат живот. Подоцна, во друго видение Исус почнал да владее како Цар на небото заедно со 24-те старешини. Во следното видение Јован видел како Исус се бори со змејот, односно Сатана, и со неговите демони. Исус ги исфрлил од небото, и оттогаш тие можеле да дејствуваат само на Земјата.

Исус и 144-те илјади на гората Сион

Потоа Јован видел прекрасна глетка — Јагнето и 144-те илјади стоеле на гората Сион. Исто така, видел како еден ангел лета над Земјата и им кажува на луѓето да го слушаат Бог и да го слават.

Следното видение било за војната Армагедон. Во таа војна, Исус со својата небесна војска ги победил Сатана и неговиот злобен свет. Во последното видение, Јован видел како на небото и на Земјата владее совршен ред и мир. Сатана и оние што се на негова страна биле целосно уништени. На крајот, сите на небото и на Земјата му носеле слава на Божјето свето име, Јехова, и му служеле само нему.

„Ќе ставам непријателство помеѓу тебе и жената, и помеѓу твоето потомство и нејзиното потомство. Тој ќе ти ја смачка главата, а ти ќе го раниш во петицата“ (1. Мојсеева 3:15)

Прашања: Колку виденија добил Јован? Што ќе направи Исус во војната Армагедон?

Откровение 1:1-3; 4:1-11; 7:4, 9-17; 11:15-18; 12:5-12; 14:6, 7; 16:14, 16; 21:5

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели