Вовед во дел 1
Библијата најпрво ни опишува како Бог ги создал работите што можеме да ги видиме — небото, Земјата и сѐ што се наоѓа на нив. Ако си родител, помогни му на твоето дете да види колку различни работи создал Бог. Истакни дека Бог им дал на луѓето многу повеќе способности отколку на животните — способност да зборуваат, да размислуваат, да бидат креативни, да пеат и да се молат. Помогни му на детето да ги цени моќта и мудроста на Јехова, а особено неговата љубов кон сѐ што создал — вклучувајќи го и секој човек.