Вовед во дел 4
Во овој дел ќе дознаеме нешто повеќе за Јосиф, Јов, Мојсеј и Израелците. Сите тие претрпеле многу проблеми поради Ѓаволот. На пример, доживеале големи неправди, биле во затвор, станале робови или им умреле некои од најблиските. Сепак, Јехова ги заштитувал на разни начини. Ако си родител, помогни му на детето да види дека тие слуги на Јехова не ја изгубиле својата вера иако поминале низ многу маки и страдања.
Јехова им нанел на Египќаните десет неволји за да им покаже дека тој е помоќен од сите нивни богови. Истакни како Јехова го штител својот народ во минатото и како го прави тоа денес.