ПЕСНА 36
Да си го чуваме срцето!
Печатено издание
1. Внимаваме на срцето,
го чуваме од грев.
Бог него го испитува,
и гледа какви сме.
Нѐ води тоа некогаш
во правец погрешен.
За разумот да победи
на Бог ќе мислиме.
2. Од срце со Јехова Бог
за сѐ зборуваме,
радостите и болките
ги споделуваме.
Советите што тој ги дал
за наше добро се.
Од сѐ срце се трудиме
на нив да мислиме.
3. Со чисто срце сакаме
пред Бог да служиме,
за тоа сила црпиме
од Речта секој ден.
Јехова не се менува,
го сака верниот.
Од срце да го сакаме
и ние својот Бог.
(Види и Пс. 34:1; Фил. 4:8; 1. Пет. 3:4.)