ЛЕКЦИЈА 19
Да се мотивираат слушателите
Изреки 3:1
ЦЕЛ: Помогни им на слушателите да сфатат колку е важно она што го учат и да постапуваат во склад со тоа.
КАКО ДА ГО ПОСТИГНЕШ ТОА:
Помогни им на слушателите да се преиспитаат. Поставувај реторички прашања со кои ќе ги поттикнеш другите да ги преиспитаат своите ставови.
Покажи доверба дека слушателите сакаат да постапуваат исправно. Поттикни ги да размислат зошто прават добри дела. Помогни им да развијат желба да прават сѐ од чисти мотиви — од љубов кон Јехова, кон луѓето и кон вистините од Библијата. Наместо да им држиш лекции, помогни им да сфатат колку е мудро она што стои во Библијата. Немој да им наметнуваш чувства на вина или срам, туку потруди се на крајот од говорот да бидат охрабрени и поттикнати да го дадат своето најдобро.
Насочи го вниманието кон Јехова. Истакни како неговите особини и неговата љубов кон нас се гледаат во учењата, начелата и заповедите од Библијата. Поттикни ги слушателите да ги земаат во обѕир чувствата на Јехова и да сакаат да му угодат.