ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lff лекција 32
  • Божјето Царство веќе владее!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божјето Царство веќе владее!
  • Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
  • ШТО НАУЧИ:
  • ИСТРАЖУВАЈ
  • Според библиската хронологија, што се случило во 1914 година?
    Одговор на библиски прашања
  • Кога почнало да владее Божјето Царство? — втор дел
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Божјата влада доаѓа на власт
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Божјето Царство — подобро во секој поглед
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
lff лекција 32
Лекција 32. Исус Христос како небесен Цар држи жезол во раката и владее над Земјата.

ЛЕКЦИЈА 32

Божјето Царство веќе владее!

Печатено издание
Печатено издание
Печатено издание
Печатено издание

Божјето Царство било воспоставено на небото во 1914 год. Тогаш започнале и последните денови од човечкото владеење. Од каде го знаеме тоа? Да разгледаме некои библиски пророштва и да видиме каква е состојбата во светот и какви особини покажуваат луѓето од 1914 год. па наваму.

1. Што прорекла Библијата?

Во библиската книга Даниел било проречено дека Божјето Царство ќе започне да владее на крајот од еден период кој се нарекува „седум времиња“ (Даниел 4:16, 17). Со векови подоцна, Исус го нарекол тој период „одредените времиња на незнабошците“, и од она што го кажал се гледа дека овој период во негово време сѐ уште траел (Лука 21:24). Како што ќе видиме, седумте времиња завршиле во 1914 год.

2. Каква е состојбата во светот и какви се луѓето од 1914 год. па наваму?

Во една прилика, учениците го прашале Исус: „Кој ќе биде знакот на твојата присутност и на свршетокот на овој поредок?“ (Матеј 24:3). Одговарајќи им на тоа прашање, тој кажал кои работи ќе се случуваат откако ќе почне да владее како Цар на Божјето Царство. Меѓу другото, Исус прорекол дека ќе има војни, глад и земјотреси. (Прочитај Матеј 24:7.) Исто така, Библијата прорекла дека, поради лошите особини на луѓето, „во последните денови ќе настанат особено тешки времиња“ (2. Тимотеј 3:1-5). Сето ова е особено видливо од 1914 год.

3. Зошто состојбата во светот толку многу се влошила откако било воспоставено Божјето Царство?

Кратко откако станал Цар на Божјето Царство, Исус започнал војна на небото против Сатана и демоните. Сатана бил поразен. Библијата вели дека тој бил „исфрлен на Земјата“ и дека со него биле „исфрлени и неговите ангели“ (Откровение 12:9, 10, 12). Сатана е многу гневен бидејќи знае дека ќе биде уништен. Затоа им нанесува болка и страдање на луѓето по целата Земја. Тоа ни помага да сфатиме зошто состојбата во светот е толку лоша. Но, Божјето Царство ќе ги реши сите тие проблеми.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Во овој дел ќе дознаеш зошто сме сигурни дека Царството било воспоставено во 1914 год. и на што треба да нѐ поттикне тоа.

4. Библиските пророштва укажуваат на 1914 год.

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

ВИДЕОКЛИП: Божјето Царство почнало да владее во 1914 (5:02)

Вавилонскиот цар Навуходоносор сонил сон во кој Бог му покажал што ќе се случи во иднина. На темел на она што го сонувал и на толкувањето што го дал Даниел, може да се заклучи дека тој сон се однесува и на владеењето на Навуходоносор и на Божјето Царство. (Прочитај Даниел 4:17.)a

Прочитај Даниел 4:20-26. Потоа, на темел на она што стои во рамките, разговарајте за следниве прашања:

  • 1) Што видел Навуходоносор во својот сон? (Види ги стиховите 20 и 21.)

  • 2) Што ќе се случело со дрвото? (Види го стих 23.)

  • 3) Што ќе се случело на крајот од седумте времиња? (Види го стих 26.)

Како сонот за дрвото е поврзан со Божјето Царство

ПРОРОШТВО (Даниел 4:20-36)

Владеење

1) Огромно дрво

Едно огромно дрво.

Прекин на владеењето

2) „Пресечете го дрвото“, и нека поминат „седум времиња“

Пенушката на едно дрво во железни и бакарни окови.

Обнова на владеењето

3) „Твоето царство повторно ќе ти припадне тебе“

Едно огромно дрво.

Прво исполнување:

  • 4) Кого го претставува дрвото? (Види го стих 22.)

  • 5) Како било прекинато неговото владеење? (Прочитај Даниел 4:29-33.)

  • 6) Што се случило со Навуходоносор на крајот од седумте времиња? (Прочитај Даниел 4:34-36.)

ПРВО ИСПОЛНУВАЊЕ

Владеење

4) Навуходоносор, цар на Вавилон

Цар Навуходоносор горделиво стои.

Прекин на владеењето

5) По 606 пр.н.е., Навуходоносор го изгубил разумот и не бил способен да владее седум години

Навуходоносор јаде трева како животно.

Обнова на владеењето

6) На Навуходоносор му се вратил разумот и почнал повторно да владее

Цар Навуходоносор гледа во небото со подигнати раце.

Второ исполнување:

  • 7) Кого го претставува дрвото? (Прочитај 1. Летописи 29:23.)

  • 8) Како било прекинато нивното владеење? Од каде знаеме дека тој прекин сѐ уште траел кога Исус бил на Земјата? (Прочитај Лука 21:24.)

  • 9) Кога и каде било обновено ова владеење?

ВТОРО ИСПОЛНУВАЊЕ

Владеење

7) Израелските цареви кои го застапувале Божјето владеење

Низа израелски цареви седат на престоли, а зраци светлина паѓаат врз нив.

Прекин на владеењето

8) Ерусалим бил уништен, а владеењето на израелските цареви било прекинато во период од 2.520 години

Ерусалим гори во пламен во 607 пр.н.е. Потоа поминуваат 2.520 години.

Обнова на владеењето

9) Исус почнал да владее на небото како Цар на Божјето Царство

Почнувајќи од 1914 год., Исус владее над Земјата од својот небесен престол, а од него зрачи светлина.

Колку долго траат седумте времиња?

Некои делови од Библијата ни помагаат да разбереме други делови. На пример, од библиската книга Откровение дознаваме дека три и пол времиња изнесуваат 1.260 дена (Откровение 12:6, 14). Седум времиња се двапати по три и пол времиња, што е вкупно 2.520 дена. Понекогаш во Библијата еден ден претставува една година (Езекиел 4:6). Ова е случај и со седумте времиња спомнати во книгата Даниел — тие изнесуваат 2.520 години.

5. Од 1914 год. светот повеќе не е ист

Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ.

ВИДЕОКЛИП: Од 1914 светот повеќе не е ист (1:10)

Исус прорекол што ќе се случува во светот откако тој ќе стане Цар. Прочитај Лука 21:9-11, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Кои од овие работи лично си ги доживеал или си слушнал за нив?

Апостол Павле опишал какви ќе бидат луѓето во последните денови од човечкото владеење. Прочитај 2. Тимотеј 3:1-5, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Кои од овие особини ги забележуваш кај луѓето денес?

Слики: Сцени кои ја прикажуваат состојбата во светот во последните денови. 1. Еден воен заповедник вика од подиум со подигнати раце. 2. Куп урнатини после земјотрес. 3. Воени авиони. 4. Луѓе одат по улица со маски на лицето. 5. Кулите близначки во Њујорк горат во пламен по терористички напад. 6. Еден човек се дрогира. 7. Еден маж со крената тупаница ѝ вика на својата жена. 8. Разни видови дрога и алкохолни пијалоци. 9. Две жени кои носат модерна облека и накит прават селфи. 10. Концерт на кој има диџеј и многу луѓе. 11. Демонстрант фрла молотов коктел.

6. На што треба да нѐ поттикне тоа што Божјето Царство владее?

Прочитај Матеј 24:3, 14, а потоа разговарајте за овие прашања:

  • Кое важно дело покажува дека Божјето Царство веќе владее?

  • Како можеш да учествуваш во ова дело?

Божјето Царство веќе е воспоставено на небото и близу е денот кога ќе почне да владее над целата Земја. Прочитај Евреите 10:24, 25, а потоа разговарајте за ова прашање:

  • Што треба да прави секој од нас имајќи на ум дека „се приближува денот“?

Слики: 1. Една жена која ја проучува Библијата присуствува на состанок на Јеховините сведоци. 2. Истата жена ѝ проповеда на една пријателка.

Што би направил ако дознаеш нешто што би можело да им помогне и да им го спаси животот на другите?

АКО НЕКОЈ ТЕ ПРАША: „Зошто Јеховините сведоци велат дека 1914 е многу важна година?“

  • Што би му одговорил?

ШТО НАУЧИ:

Библиските пророштва и состојбата во светот се доказ дека Божјето Царство веќе владее. Покажуваме дека сме уверени во тоа така што ја проповедаме добрата вест за Царството и присуствуваме на собраниските состаноци.

Како би одговорил?

  • Што се случило на крајот од седумте времиња проречени во библиската книга Даниел?

  • Што те уверува дека Божјето Царство било воспоставено во 1914 год.?

  • Како можеш да покажеш дека си уверен дека Царството веќе владее?

Цел:

ИСТРАЖУВАЈ

Прочитај што рекле некои историчари и други луѓе за тоа колку се променил светот од 1914 год. па наваму.

„Време на драстичен пад на моралот“ (Разбудете се! од април 2007)

Прочитај како пророштвото од Матеј 24:14 влијаело врз животот на еден човек.

„Бејзболот ми беше сѐ!“ (Стражарска кула бр. 3, 2017)

Од каде знаеме дека пророштвото запишано во Даниел поглавје 4 е поврзано со Божјето Царство?

„Кога почнало да владее Божјето Царство? (прв дел)“ (Стражарска кула од 1 октомври 2014)

Што покажува дека седумте времиња спомнати во Даниел поглавје 4 завршиле во 1914 год.?

„Кога почнало да владее Божјето Царство? (втор дел)“ (Стражарска кула од 1 ноември 2014)

a Види ги последните две статии кои се наоѓаат во делот Истражувај во оваа лекција.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели