ЛЕКЦИЈА 56
Придонесувај за единството во собранието
Кога сме заедно со нашите браќа и сестри, се чувствуваме како цар Давид, кој рекол: „Колку е добро и колку е мило кога браќата живеат заедно во единство!“ (Псалм 133:1). Нашето единство не е резултат на случајноста. Напротив, секој од нас мора да придонесе за да бидеме обединети.
1. По што се издвојува Божјиот народ?
Ако присуствуваш на собраниски состанок во некоја друга земја, можеби нема да го разбереш јазикот, но сепак ќе се чувствуваш како дома. Зошто? Затоа што сите ние ја проучуваме Библијата со помош на истите публикации. Освен тоа, сите се трудиме да покажуваме љубов еден кон друг. Без оглед на тоа каде живееме, ние го повикуваме името на Јехова и му служиме сложно (Софонија 3:9).
2. Како можеш и ти да придонесеш да има единство?
Библијата нѐ поттикнува: „Сакајте се еден со друг силно и од срце“ (1. Петрово 1:22). Како можеш да го примениш овој совет? Наместо да се концентрираш на маните на другите, труди се да ги забележуваш нивните убави особини. Немој да се дружиш само со оние со кои имаш слични интереси, туку труди се да запознаваш браќа и сестри со кои немаш многу заеднички работи. Исто така, секој од нас треба да дава сѐ од себе да ги искорени од своето срце сите предрасуди кои можеби ги има. (Прочитај 1. Петрово 2:17.)a
3. Како да постапиш ако имаш несогласување со некој соверник?
Ние сме обединети, но исто така сме и несовршени. Понекогаш може да се случи да се разочараме еден од друг, па дури и да се повредиме. Затоа Божјата Реч нѐ поттикнува: „Простувајте си еден на друг... Како што Јехова спремно ви прости вам, така правете и вие“. (Прочитај Колошаните 3:13.) Ние постојано му грешиме на Јехова, а тој сепак ни простува. Тој го очекува истото и од нас — да им простуваме на нашите браќа и сестри. Затоа, ако забележиш дека си повредил некого, преземи иницијатива за да се помирите. (Прочитај Матеј 5:23, 24.)b
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ
Во овој дел ќе дознаеш како можеш да придонесеш да има единство и мир во собранието.
Што ќе направиш за да го зачуваш мирот?
4. Искорени ги предрасудите
Ние треба да ги сакаме сите браќа и сестри. Но, тоа може да биде предизвик ако некој е поинаков од нас. Што може да ни помогне? Прочитај Дела 10:34, 35, а потоа разговарајте за овие прашања:
Јехова не е пристрасен, и затоа меѓу неговиот народ има луѓе од целиот свет. Тогаш, како треба да гледаш на оние кои потекнуваат од друга култура или средина?
Кои предрасуди се вообичаени во твоето место на живеење? Зошто е важно да ги надминеш?
Прочитај 2. Коринќаните 6:11-13, а потоа разговарајте за ова прашање:
Како би можел да се зближиш со браќата и сестрите кои доаѓаат од друга култура или средина?
5. Спремно простувај и биди во мир со другите
Иако ние никогаш нема да бидеме во ситуација да треба да му простиме на Јехова, сепак тој спремно ни простува нам. Прочитај Псалм 86:5, а потоа разговарајте за овие прашања:
Што учиме од овој стих во врска со Јехова?
Зошто си благодарен поради тоа што Јехова ти простува?
Поради кои работи може да ни биде тешко да бидеме во мир со другите?
Како примерот на Јехова може да ни помогне да останеме обединети со нашите браќа и сестри? Прочитај Изреки 19:11, а потоа разговарајте за ова прашање:
Ако некој те нервира или те навреди со нешто, што би можел да направиш за да бидете во добри односи?
Сите ние понекогаш ги повредуваме другите. Што треба да направиме во таков случај? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:
Што направи оваа сестра за да се помири со другата сестра?
6. Концентрирај се на добрите страни на браќата и сестрите
Кога се зближуваме со нашите браќа и сестри, стануваме свесни за нивните убави особини, но и за нивните слабости. Како може да се концентрираме на нивните добри страни? Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ, а потоа разговарајте за следново прашање:
Што може да ти помогне да ги забележуваш убавите особини на браќата и сестрите?
Јехова се концентрира на нашите добри особини. Прочитај 2. Летописи 16:9а, а потоа разговарајте за ова прашање:
Како се чувствуваш поради тоа што знаеш дека Јехова се концентрира на твоите убави особини?
Дури и еден прекрасен дијамант има некоја мана. Сепак, тој е многу скапоцен. Слично на тоа, нашите браќа и сестри се несовршени, но се скапоцени за Јехова
НЕКОИ ВЕЛАТ: „Простувам, ама не заборавам“.
Зошто треба да простуваме од срце?
ШТО НАУЧИ:
Можеш да придонесеш да има единство во собранието така што ќе им покажуваш љубов на сите браќа и сестри и ќе им простуваш.
Како би одговорил?
Како можеш да ги надминеш предрасудите?
Што ќе направиш ако имаш несогласување со некој брат или сестра?
Зошто сакаш да им простуваш на другите по примерот на Јехова?
ИСТРАЖУВАЈ
Дознај како една споредба што ја кажал Исус може да ни помогне да не им судиме на другите.
Дали треба да се извиниме ако сметаме дека не сме направиле ништо погрешно?
„Извинување — клуч за да се постигне мир“ (Стражарска кула од 1 ноември 2002)
Дознај како некои научиле да постапуваат со другите непристрасно.
Дознај како можеш да решиш некое лично несогласување со некого за да не се наруши мирот во собранието.
„Решавај ги несогласувањата со љубов“ (Стражарска кула од мај 2016)