ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lmd лекција 8
  • Стрпливост

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Стрпливост
  • Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што направил Исус?
  • Што учиме од Исус?
  • Следи го примерот на Исус
  • Продолжи да покажуваш стрпливост
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Стани повешт во службата — користи видеоклипови
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2016)
  • Како ни користи жртвата на Исус
    Разно
  • Искрен интерес
    Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
Повеќе
Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
lmd лекција 8

ПРАВЕЊЕ ПОВТОРНИ ПОСЕТИ

Исус му се приближува на својот брат Јаков во една столарска работилница. Јаков е изненаден што го гледа.

Јован 7:3-5; 1. Кор. 15:3, 4, 7

ЛЕКЦИЈА 8

Стрпливост

Начело: „Љубовта е долготрпелива“ (1. Кор. 13:4)

Што направил Исус?

Исус му се приближува на својот брат Јаков во една столарска работилница. Јаков е изненаден што го гледа.

ВИДЕОКЛИП: Исус стрпливо му помага на својот брат

1. Гледај го ВИДЕОКЛИПОТ или прочитај Јован 7:3-5 и 1. Коринќаните 15:3, 4, 7. Потоа размисли за следниве прашања:

  1. а) Како браќата на Исус на почетокот реагирале на неговата порака?

  2. б) Што покажува дека Исус не кренал раце од својот брат Јаков?

Што учиме од Исус?

2. Треба да бидеме стрпливи бидејќи на некои луѓе им треба повеќе време за да ја прифатат добрата вест.

Следи го примерот на Исус

3. Пробај со друг пристап. Ако лицето не сака веднаш да прифати да ја проучува Библијата, немој да му вршиш притисок. Кога е соодветно, користи видеоклипови или статии за да му помогнеш да дознае како изгледа еден библиски курс и како ќе му користи тоа што ќе ја проучува Библијата.

4. Не го споредувај со други. Секој човек е различен. Доколку некој член од твоето семејство или некој твој интересент се двоуми дали да ја проучува Библијата или дали да прифати некое библиско учење, размисли која е можеби причината за тоа. Дали некое религиозно учење му е многу важно? Дали се соочува со притисок од роднините или од соседите? Дај му време да размисли за она што го кажуваш и да стекне ценење за она што го кажува Библијата.

5. Моли се за интересентот. Моли го Јехова да ти помогне да останеш позитивен и тактичен. Освен тоа, моли се за да сфатиш кога е време да престанеш да го посетуваш некого што не е вистински заинтересиран (1. Кор. 9:26).

ПРОЧИТАЈ И:

Мар. 4:26-28; 1. Кор. 3:5-9; 2. Пет. 3:9

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели