ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lmd лекција 12
  • Храброст

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Храброст
  • Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што направил Исус?
  • Што учиме од Исус?
  • Следи го примерот на Исус
  • Помогни им на оние со кои проучуваш да се крстат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Како да им помогнеме на оние со кои проучуваме да се крстат (втор дел)
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Како да им помогнеме на оние со кои проучуваме да се крстат (прв дел)
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • „Одете и правете ученици“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
Повеќе
Сакај ги луѓето — поучувај ги за Бог
lmd лекција 12

ВОДЕЊЕ БИБЛИСКИ КУРСЕВИ

Исус зборува љубезно со еден човек кој е клекнат на колена пред него и пред неговите ученици.

Мар. 10:17-22

ЛЕКЦИЈА 12

Храброст

Начело: „Маслото и темјанот го веселат срцето, а исто и пријателот кој е мил, зашто дава совет од душа“ (Изр. 27:9)

Што направил Исус?

Исус зборува љубезно со еден човек кој е клекнат на колена пред него и пред неговите ученици.

ВИДЕОКЛИП: Исус му дава совет на еден богат млад човек

1. Гледај го ВИДЕОКЛИПОТ или прочитај Марко 10:17-22. Потоа размисли за следниве прашања:

  1. а) Кои добри особини можеби ги забележал Исус кај младиот човек?

  2. б) Зошто на Исус му биле потребни и љубов и храброст за да му даде совет на овој човек?

Што учиме од Исус?

2. И ние треба со нашите интересенти да зборуваме љубезно, но сепак отворено, за да им помогнеме да напредуваат во духовен поглед.

Следи го примерот на Исус

3. Помогни му на интересентот да си поставува цели и да ги остварува.

  1. а) Користи ја рамката „Цел“ која се наоѓа во секоја лекција од книгата Радувај му се на животот засекогаш.

  2. б) Помогни му на интересентот да увиди кои конкретни чекори треба да ги направи за да ги исполни своите краткорочни и долгорочни цели.

  3. в) Редовно пофалувај го твојот интересент за неговиот напредок.

4. Труди се да забележиш што го спречува твојот интересент да напредува и потоа помогни му да ги надмине тие пречки.

  1. а) Прашај се:

    • „Ако мојот интересент не напредува кон крштавање, што го спречува во тоа?“

    • „На кој практичен начин можам да му помогнам?“

  2. б) Моли се за храброст за да зборуваш отворено и љубезно со интересентот за она што треба да го направи.

5. Прекини го курсот доколку интересентот не напредува.

  1. а) Размисли дали твојот интересент напредува така што ќе се прашаш:

    • „Дали го применува она што го учи?“

    • „Дали присуствува на собраниските состаноци и дали зборува со другите за она што го учи?“

    • „Ако веќе подолго време проучува, дали сака да стане Јеховин сведок?“

  2. б) Ако твојот интересент не сака да напредува:

    • Кажи му да размисли што можеби го спречува.

    • Тактично и љубезно објасни му зошто го прекинуваш библискиот курс.

    • Кажи му кои промени треба да ги направи пред да продолжите да проучувате.

ПРОЧИТАЈ И:

Пс. 141:5; Изр. 25:12; 27:6; 1. Кор. 9:26; Кол. 4:5, 6

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели