ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/2 стр. 29
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Обрни внимание на Божјата пророчка реч
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Обрнувајте ѝ внимание на пророчката реч
    Нашата служба за Царството 1994
  • Да се држиме цврсто за нашата скапоцена вера!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Претсликата за Божјето Царство станува стварност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/2 стр. 29

Прашања од читателите

◼ Зошто преводот на 2. Петрово 1:19 во Нов Свет Преводот на Светото писмо (The New World Translation of the Holy Scriptures) е поинаков отколку во другите Библии?

Нагласувајќи ја вредноста на Божјата инспирирана Реч, апостол Петар напишал: ”Така, ја имаме уште посигурна пророчката Реч; и добро правите што внимавате на неа како светилка која светли на темно место, додека не осамне денот и се појави ѕвездата деница, во вашите срца.“ (2. Петрово 1:19).

Може да се види дека фразата ”додека не осамне денот и се појави ѕвездата деница“ е одвоена со запирки. Повеќето библиски преводи го немаат тоа.

На пример, др. Џејмс Мофат вака го преведува вториот дел од стихот: ”...таа свети како лампа во темно место; додека осамне Денот и додека ѕвездата деница се појави во вашите срца.“ Ваквите преводи нѐ доведуваат до сфаќањето дека појавувањето на ѕвездата деница се одигрува во срцата на верниците, како да се доживува некакво духовно просветлување.

Меѓутоа, дури и во времето на Мојсеј, постоело наговестување дека ќе се крене ’ѕвезда од Јаков‘ (4. Мојсеева 24:17; спореди со Псалми 89:34-37). Исус јасно се идентификувал себеси како тој ”потомок Давидов, и сјајна утринска ѕвезда“ (Откровение 22:16).

Ова објаснување на ”ѕвездата деница“ или ”утринската ѕвезда“ е во согласност со она за кое респравал апостол Петар. Тој токму укажувал на визијата на преобразување што ја имал пред околу 30 години (Матеј 16:28-17:9). Блескавата визија укажувала на времето кога Исус ќе ’дојде во своето Царство‘, или кога ќе биде прославен во Царска моќ. Она што го видел Петар ја нагласило вредноста на Божјата Реч; слично и христијаните денес треба да внимаваат на таа пророчка реч.

Додека срцата на човештвото во целина биле — и сѐ уште се — во темнина, не мора да биде така и со правите христијани. Тоа е како да имаат светилка која им свети во срцата кои инаку би биле темни. Петар знаел дека ако внимаваат на просветлувачката пророчка Божја реч, христијаните ќе бидат будни и осветлени до зората на еден нов ден. Тогаш ќе биде времето кога ”ѕвездата деница“, или ”утринската ѕвезда“ вистински ќе владее во Царска сила.

Интересно е како Е. В. Балингер се изразил за 2. Петрово 1:19: ”Овде е јасно дека треба да има заграда, бидејќи пророштвото е тоа светло кое свети, а Христос и неговото појавување се ѕвездата деница и зората. Секако, ова не значи дека опоменати да внимаваме на пророчката реч додека Христос не се открие во нашите срца! Не; туку треба да внимаваме во срцата на оваа пророчка реч, додека не се исполни со појавувањето на Христос — чие појавување се нарекува ’Утринска ѕвезда.‘“ — Стилски фигури употребени во Библијата, 1898 (Figures of Speech Used in the Bible, 1898).

Слично со тоа, многу библиски преводи ставаат загради во 2. Петрово 1:19.a The New World Translation of the Holy Scriptures го задржува првобитниот редослед на зборовите каков што се наоѓа во оригиналниот грчки јазик. Но, употребува запирки за да ја одвои фразата ’додека не осамне денот и се појави ѕвездата деница‘ од опомената да се обрне внимание на зборот ’како светилка која светли во темно место, во вашите срца‘.

[Фуснота]

a Види на пример во The Twentieth Century New Testament (1904), The Emphatic Diaglott (издание од 1942), Concordant Literal New Testament (1976).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели