Дали се сеќаваш?
Дали откри дека последните изданија на Стражарска кула се од практична вредност? Тогаш, зошто не го провериш своето сеќавање на следниот начин?
◻ Кои факти докажуваат против светењето на местото за кое се претпоставува дека е роден Исус?
Библијата не го споменува точното место на Исусовото раѓање. Евангелиските извештаи по Матеј и Лука ги даваат само битните информации (Матеј 2:1, 5; Лука 2:4-7). Читањето на Јован 7:40-42 покажува дека луѓето воглавно не биле упатени за неговото место на раѓање, некои мислеле дека е роден во Галилеја. Исто така, за време на својот земски живот Исус никогаш не известувал за детаљите од своето раѓање (15/12, стр. 5, англ).
◻ Како можат христијаните да ја задржат радоста додека се борат со искушенијата на физичките болести, депресиите и економските неволји?
Божјата Реч ја дава потребната утеха и водство. Преку читањето или слушањето на псалмите може да се добие многу потребната поткрепа. Давид советувал: ”Фрли го своето бреме на Јехова и тој ќе те поткрепи“. Тој исто така нѐ уверува дека Јехова навистина е ”Слушач на молитвите“ (Псалми 55:22; 65:2). Јеховината организација преку своите публикации и собраниските старешини секогаш се спремни да ни помогнат да се бориме со нашите проблеми (1/1, стр. 14, 15).
◻ Што мислел Исус кога на патот да биде распнат на столб, рекол: ”Ако ги прават сите овие работи кога дрвото е влажно, што ќе се случи кога ќе биде исушено?“ (Лука 23:31).
Исус мислел на дрвото на Израелската нација. Поради присутноста на Исус и остатокот од Евреи кои верувале во него, нацијата сѐ уште имала влага на живот во себе. Меѓутоа, кога сето ова ќе ѝ биде одземено на нацијата, би преостанало само духовно мртво дрво, исушената национална организација (15/1, стр. 9).
◻ Како можат ”чистите во срцето“, за кои се зборува во Матеј 5:8, ”да го видат Бог“?
Тие ”го гледаат Бог“ кога набљудуваат како тој постапува во корист на чуварите на беспрекорноста. (Спореди 2. Мојсеева 33:20; Јов 19:26; 42:5.) Меѓутоа, грчкиот збор во Матеј 5:8 преведен со ”гледа“, исто така значи и ”да се гледа со разумот, да се забележува, знае“. Со оглед на тоа дека Исус совршено ја одразувал Божјата личност, имајќи ја предвид таквата личност, на ”чистите во срцето“ им е овозможено ”да го видат Бог“ (Јован 14:7-9; 15/1, стр. 16).
◻ Зошто заклучуваме дека Исус е архангелот Михаил?
Божјата Реч споменува само еден архангел, зборувајќи дека тој ангел се однесува на воскреснатиот Господ Исус; ”Бидејќи Сам Господ со заповед, при глас на архангел и при труба Божја, ќе слегне од небото“ (1. Солунјаните 4:16). Во Јуда 9 наоѓаме дека името на тој архангел е Михаил (1/2; стр. 17).
◻ Кои се четирите подрачја на кои можеме да покажеме почитување кон другите луѓе?
Можеме да покажеме почитување кон политичките владетели, работодавачите, кон останатите во нашиот семеен круг и кон оние во собранието (1/2; стр. 20-22).
◻ Каков прекрасен пример оставил Исус кратко пред својата смрт за оние со остарени родители?
Додека Исус сѐ уште висел во агонија на маченичкиот столб, покажал обѕирност за телесната и духовна добробит на својата мајка, доверувајќи му ја грижата околу неа на својот љубен апостол Јован (Јован 19:25-27; 15/2, стр. 8).
◻ Зошто Исус морал да страда?
Исусовите страдања послужиле да се реши спорното прашање за беспрекорноста на Божјите слуги. Тие исто така го опремиле за неговата улога како милосрден Врховен Свештеник за човештвото (Евреите 4:15; 15/2, стр. 14, 15).
◻ Кои животоважни спорни прашања биле поставени со побуната во Еден?
Дали човекот е во состојба успешно да владее со самиот себе без Бог? Дали е праведно од Божја страна да бара подложност на својот суверенитет? Освен тоа, дали некои луѓе би одбрале несебично да му служат на Бог по сопствена волја? (1/3; стр. 6)
◻ Зошто некои неисправно земаат од симболите на Спомен-свеченоста?
Некои незрели можеби сѐ уште немаат исправно почитување за Божјите намери. Можеби не признаваат дека помазанието ”не зависи од оној кој сака, ниту од оној кој трча, туку од Бог“ (Римјаните 9:16). Не е на поединецот да одлучи дека тој или таа би сакале да бидат земени во новиот сојуз и да станат сонаследници со Христос. Меродавен е Јеховиниот избор и неговиот дух сведочи при тој избор (Римјаните 8:16; 1. Коринтјаните 12:18; 15/3; стр. 21).
◻ Што е ”чистиот јазик“ за кој се зборува во Софонија 3:9?
Тоа е исправно разбирање на вистината за Бог и неговите намери (1/4; стр. 21, 22).