ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/4 стр. 30
  • Одете како соработници во вистината

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Одете како соработници во вистината
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Второто Јованово писмо ја нагласува вистината
  • Третото Јованово писмо ја нагласува соработката
  • Како Гај им помагал на соверниците
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Избрани стихови од Посланијата на Јован и на Јуда
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Продолжи да живееш според вистината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/4 стр. 30

Одете како соработници во вистината

Врвни точки од Второто и Третото писмо на Јован

СПОЗНАНИЕТО на вистината е знак за препознавање на Јеховините обожаватели (Јован 8:31, 32; 17:17). Одењето во божествената вистина е битно за спасението. А Божјите слуги мораат да бидат соработници во вистината.

Второто и третото инспирирано писмо на апостол Јован говорат за ’одењето во вистината‘ (2. Јованово 4; 3. Јованово 3, 4, NW). Третото Јованово писмо исто така охрабрува на соработка како ”соработници во вистината“ (3. Јованово 5-8). Веројатно двете писма биле запишани во или близу Ефес околу 98 н. е. Но она што тие го кажуваат може да биде од корист за Јеховиниот народ денес.

Второто Јованово писмо ја нагласува вистината

Второто Јованово писмо ја истакнува вистината и љубовта и предупредува на ”антихристот“ (стихови 1-7). Писмото било адресирано до ”избраната госпоѓа“, можеби некој поединец. Но, ако било испратено до некое собрание, нејзините ”деца“ би биле духовно родените христијани ”избрани“ од Бог за небесен живот (Римјаните 8:16, 17, NW; Филипјаните 3:12-14). Јован се израдувал што некои од нив ”оделе во вистината“ и со тоа му спротивставувале на отпадништвото. Сепак, требало да се чуваат од ”антихристот“ кој порекнува дека Исус дошол во тело. Јеховините сведоци денес внимаваат на таквите предупредувања на отпадништвото.

Понатаму Јован дава совет за постапувањето со отпадниците и потоа заклучува со лични желби и поздрави (стихови 8-13). Со таквите напори како што е проповедањето, тој и останатите донеле плод кој резултирал со духовно преобраќање на оние до кои било испратено писмото. Само со својата духовна ’будност‘ тие би ’добиле полна награда‘, очигледно вклучувајќи ја небеската ”круна“ која е сочувана само за верните помазаници (2. Тимотеево 4:7, 8). Ако кај нив дојде некој кој ’не стои во учењето на Исуса Христа‘, не би требало ’никогаш да го примаат во своите домови, ниту пак да се поздравуваат‘ за да би избегнале да бидат соучесници во неговите ”зли дела“ (NW). Откако ја изразил надежта дека ќе дојде и ќе зборува со тие соверници лице в лице, Јован завршува со поздрави.

Третото Јованово писмо ја нагласува соработката

Третото писмо на Јован му било упатено на Гај и прво забележува што тој правел за соверниците (3Јо стихови 1-8). Гај ”одел во вистината“ (NW), држејќи се на целата содржина на христијанската наука. Исто така тој ”вршел верно дело“ така што ги помагал браќата кои доаѓале во посета. Јован напишал: ”. . . Обврзани сме таквите лица да ги примаме гостољубиво, за да станеме соработници во вистината“. Јеховините сведоци денес им пружаат такво гостопримство на патувачките надгледници.

Откако го споредува лошото однесување на Диотреф со она на Деметар, Јован го завршува своето писмо (стихови 9-14). Славољубивиот Диотреф не покажувал почитување кон Јован и дури се обидел да ги истера од собранието оние кои гостопримливо ги примале браќата. Но, извесен Деметар бил наведен како добар пример. Јован се надевал дека брзо ќе го види Гај и завршува со поздрави, пожелувајќи му на Гај да ужива мир.

[Рамка/слика на страница 30]

Со хартија, перо и мастило: Јован посакал да ја посети ”избраната госпоѓа“ и нејзините ”деца“ наместо да им пишува многу работи ”со хартија и мастило“. Наместо и понатаму да му пишува на Гај ”со мастило и перо“, апостолот се надевал дека наскоро ќе го види (2. Јованово 1, 12; 3. Јованово 1, 13, 14, NW). Грчкиот збор преведен со ”перо“ (каламос) се однесува на трска и може да се преведе со ”трска за пишување“. Грците и Римјаните го остреле и режеле перото од трска како што се правело со гускиното перо во подоцнежните времиња. Грчкиот збор мелан, преведен со ”мастило“, е неутрална форма од придавката од машки род мелас, кое значи ”црн“. Во најстарите мастила пигментот бил црнило од јаглен — или во вид на саѓе добиено од масло или дрво, или како јаглен од растително или животинско потекло. Обично, мастилото се чувало во вид на исушени шипки или парчиња коишто пишувачот ги навлажнувал и употребувал со својата четкичка или трска. Хартијата од тоа време бил тенок материјал направен во форма на ленти од влакна добиени од папирусни билки. Првите христијани употребувале таква хартија за писма, свитоци и ракописи.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели