ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/4 стр. 31
  • Чувај се од отпадниците!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чувај се од отпадниците!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ”Води тешка борба“
  • Дадени ни се предупредувања
  • Продолжи да се спротивставуваш
  • ‚Водете тешка борба за верата!‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Избрани стихови од Посланијата на Јован и на Јуда
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Мора да се бориме за да останеме во вистината
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
  • Чувај се од лажните учители!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/4 стр. 31

Чувај се од отпадниците!

Врвни точки од писмото на Јуда

ЈЕХОВИНИТЕ слуги мораат ’да се гадат од она што е злобно‘ и ’да го држат она што е добро‘ (Римјаните 12:9, NW). Библискиот писател Јуда им помагал на другите да го прават тоа преку своето писмо испратено од Палестина можеби околу 65. н. е.

Јуда се нарекол себеси ”роб на Исус Христос, но брат на Јаков“. Овој Јаков очигледно бил добро познатиот полубрат на Исус Христос (Марко 6:3, NW; Дела 15:13-21; Галатјаните 1:19). Според тоа, и самиот Јуда бил Исусов полубрат. Меѓутоа, можеби мислел дека е неприкладно да ја споменува својата роднинска врска, затоа што Христос тогаш бил прославена духовна личност на небесата. Јудиното писмо било многу директно со своите совети кои можат да ни помогнат ”да го држиме она што е добро“ и да се чуваме од отпадниците.

”Води тешка борба“

Иако Јуда имал намера да пишува околу заедничкото спасение на христијаните, тој нашол за потребно да ги поттикне своите читатели ’да водат тешка борба за верата‘ (стихови 1-4, NW). Зошто? Затоа што во собранието се вовлекле безбожни луѓе и ’Божјата незаслужена доброта ја извртувале кон оправдување на разузданото однесување‘. Таквите погрешно мислеле дека можат да ги кршат Божјите закони и пак да останат меѓу неговиот народ. Никогаш да не попуштаме пред таквите злобни размислувања, туку секогаш да тежнееме кон праведност, со благодарност што преку Исусовата крв Бог милостиво нѐ измил од нашите гревови (1. Коринтјаните 6:9-11; 1. Јованово 1:7).

Дадени ни се предупредувања

Потребно е да се чуваме од извесни ставови, однесувања и луѓе (стихови 5-16, NW). Затоа што на некои Израелци кои биле спасени од Египет им недостасувала вера, биле уништени. Ангелите кои се одрекле од своето вистинско место, биле ”чувани во вечни окови под длабока [духовна] темнина за судот на големиот ден“. Големиот неморал донел ”судска казна на вечен оган“ над Содом и Гомора. Затоа, секогаш да му угодуваме на Бог и никогаш да не ја напуштиме ”патеката на животот“ (Псалми 16:11, NW).

За разлика од архангелот Михаил, кој не сакал да изрече суд над Ѓаволот со навредливи зборови, безбожните луѓе говореле навредливо за ”славните“, очигледно за оние со извесна слава кои им биле доделени од Бог и Христос како помазани старешини. Никогаш да не покажуваме непочитување кон авторитетот кој е даден од Бог!

Безбожните луѓе ги следеле лошите примери на Каин, Валаам и Кореј. Тие претставувале духовна закана споредена со карпи скриени под вода и биле како безводни облаци и мртви, откорнати дрвја кои не раѓаат ништо добро. Овие отпадници биле и мрморковци, поплакувачи и им се восхитувале на некои лица, а за своја корист.

Продолжи да се спротивставуваш

Понатаму Јуда дава совет за спротивставување на лошите влијанија (стихови 17-25). Во ”последно време“ ќе има потсмевачи, и вистинските христијани денес мораат да ги поднесат нив и нивните подбивни зборови. За да се спротивставиме на таквите лоши влијанија, би требало да се изградуваме во нашата ”најсвета вера“, да се молиме со свет дух и да ја задржиме Божјата љубов, додека чекаме да се изрази Исусовата милост.

Очигледно во улогата на лажни учители, безбожните луѓе предизвикале некои да се посомневаат. (Спореди 2. Петрово 2:1-3.) А што им требало на таквите кои се сомневале? Па, духовна помош за да се оттргнат од ”огнот“, вечното уништување! (Матеј 18:8, 9). Но, побожните не треба да се плашат за својата судбина, зашто Јехова ќе ги заштити да не се ”препнат“ во грев и во уништувањето кое ги чека отпадниците.

[Рамка на страница 31]

Скриени карпи“: Јуда ги предупредил сохристијаните на ’карпи скриени под водата при нивните гозби на љубовта‘ (Јуда 12). Лажно покажувајќи љубов кон верниците, таквите отпадници биле како остри подводни карпи кои би можеле да разбијат бродови и да ги исечат и убијат пливачите. Гозбите на љубовта можеби биле банкети на кои материјално напредните христијани ги поканувале сиромашните соверници. Црковниот отец Кризостом (347?-407 н. е.) рекол: ”Сите тие се собирале на заедничка гозба: богатите ги донесувале потребните работи, а сиромашните и оние кои немале ништо, биле поканувани, и се гостеле сите заедно“. Каква и да била природата на раните гозби на љубовта, предупредувањето на Јуда им помогнало на верните да се чуваат од отпадничките ’скриени карпи‘ кои би можеле да предизвикаат духовна смрт. Иако на христијаните не им било заповедано да прават такви гозби на љубовта, а не се прават ниту денес, Јеховиниот народ се помага материјално меѓу себе во време на потреба и има пријатно братско друштво.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели