ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/6 стр. 4-6
  • Библијата — дали е од Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Библијата — дали е од Бог?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Повеќе од обична историја
  • Нашата одговорност
  • Дали Библијата навистина потекнува од Бог?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Зошто да ја читаме Библијата?
    Библијата — Реч Божја или човечка?
  • Вистински учења што му се угодни на Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Книга која го открива спознанието за Бог
    Спознание кое води до вечен живот
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/6 стр. 4-6

Библијата — дали е од Бог?

ЈЕХОВА, Бог на безгранична сила и власт, сигурно има право да комуницира со својата човечка творба на начин како што тој сака. Доколку би избрал да комуницира преку пишаниот збор, тогаш би требало и да ја зачува својата порака низ вековите. Дали тоа било случај и со Библијата?

Отприлика 1 500 години пред Христос, кога започнало пишувањето на Библијата, постоеле и многу други верски списи. Меѓутоа, сите тие паднале во заборав и на крајот едноставно исчезнале. Некои од нив ги изнеле на светлина археолозите и сега можат да се разгледаат како експонати во музеите. Од друга страна, деловите од Библијата кои биле напишани пред повеќе од три илјади години, никогаш не биле заборавени, а нивните примероци останале сочувани до наши денови. Тоа е многу значајно, особено ако се земе предвид непријателството кое низ историјата се искажувало против Библијата. Ниедна друга книга не била цел на толку жестоко противење и омраза. Читањето или растурањето на Библијата се казнувало со парична казна, затворање, мачење и често со смрт.

Како можело една обична книга да преживее под такви околности? На тоа ни одговара самата Библија: ”Речта Јеховина останува довека“ (1. Петрово 1:25, NW). Издржливоста и неуништивоста на Библијата ни помагаат да ја препознаеме како света Реч Божја.

Понатаму, логично е да се очекува дека Божјата порака до човештвото би била достапна ширум светот. Дали тоа е случај со Библијата? Навистина е! Ниедна друга книга во историјата не ѝ се приближила на Библијата во тоа. Се проценува дека бројот на Библиите достигнал три милијарди примероци. Дури и повеќе, ниедна друга книга не е преведена на толку многу јазици. Библијата денес може да се чита во целост или во делови, на преку 1 900 различни јазици. American Bible Society известува дека сега е достапна за 98 отсто од светското население. The New Encyclopædia Britannica ја нарекува Библијата ”веројатно највлијателна збирка книги во човечката историја“. Тогаш, не е претерано да се нарече најголема книга на Земјата.

Внатрешниот склад на Библијата од почеток до крајот, самиот по себе е доказ дека навистина е инспирирана од Бог. Дали би било реално да се очекува дека записите на 40 различни луѓе во период од 1 600 години би биле складни и дека сите ќе имаат една главна тема? Тоа би било невозможно ако би се препуштило на случајноста или само на човечко водство. Сепак, тоа е случај со 66-те книги кои ја сочинуваат Библија. Такво извонредно дело би можела да создаде само една натчовечка, долговечна интелигенција.

Повеќе од обична историја

Историската содржина на Библијата е многу значајна. Но, ако Божјата порака би се состоела само од историски податоци, би била од ограничена вредност за нас. Нам ни треба водство и практична мудрост, кои исто така можат да се најдат во Библијата. На пример, Библијата нѐ поттикнува да негуваме ’љубов, радост, мир, долготрпеливост, љубезност, доброта, вера, благост, самосовладување‘ — работи за кои многу е пишувано на нејзините страници (Галатјаните 5:22, 23, NW; Колосјаните 3:12-14). Библијата препорачува марливост, чистота, чесност, брачна верност, почит и љубов кон ближните; а содржи и огромно богатство на совети за однесувањето во семејството и заедницата.

Ако се применува, библискиот совет се покажува навистина корисен. Тој нѐ ослободува од незнаењето и суеверието (Јован 8:32). Практичната мудрост на Библијата е неспоредлива. Навистина, без никакво сомнение, таа содржи божествена мудрост.

Тврдењето дека ”Божјата Реч е жива и има моќ“ потполно е во склад со начинот на кој Библијата навистина ги менува луѓето (Евреите 4:12, NW). Милиони луѓе денес ги совладале своите штетни карактерни особини и го промениле својот поранешен погубен начин на живот на подобар затоа што ги зеле при срце библиските начела (Ефесјаните 4:22).

Што се случува кога се занемаруваат библиските начела? Последицата е несреќа и беда, војни, сиромаштија, болести кои се пренесуваат по сексуален пат и разделени домови. Таквите работи единствено и можат да се очекуваат, бидејќи омаловажувањето на Светата Библија значи отфрлање на водството од Бог, кој го создал човекот и кој ги знае неговите потреби.

Библијата исто така ја предвидува иднината, што на луѓето им е невозможно. Во Библијата пророчки бил најавен подемот на светските сили од Вавилон па сѐ до ден-денес (Книга пророк Даниил, поглавја 2, 7, 8). Понатаму, скоро пред две илјади години во Библијата точно е опишана светската ситуација во овој 20. век (Матеј, поглавја 24, 25; Марко, поглавје 13; Лука, поглавје 21; 2. Тимотеј 3:1-5; 2. Петрово 3:3, 4; Откровение 6:1-8). Долгиот попис на исполнети библиски пророштва ни дава гаранција дека изгледите за среќна иднина, како што се опишани на нејзините страници, се вистинити.

Нашата одговорност

Сето тоа е цврст доказ дека Бог навистина комуницирал со луѓето. Вистина е дека Бог ја пренел својата порака со раката на несовршенот човек. Но, тоа не е причина да се верува дека Библијата поради тоа е помалку веродостојна отколку што би била усмената Божја порака или ако ја пренеле ангели, или ако на чудесен начин би била напишана на небото, а потоа предадена на луѓето на Земјата.

Меѓутоа, признавањето на светото, или божествено, потекло на Библијата ни наметнува одредена одговорност. Јехова со право очекува од нас редовно да ја читаме неговата Реч (Псалми 1:1, 2). Плодното читање на Библијата бара и исправен став. Мораме да задржиме на ум дека Библијата не треба да се чита како некакво литературно дело. Треба да ѝ пријдеме ’не како на човечка реч, туку (како што навистина е) како на реч Божја“ (1. Солунјаните 2:13, ДК).

Некои работи во Библијата можеби тешко се разбираат. Но, со често читање, расте разбирањето и се добива покомплетна слика за Божјата волја и за неговите намери (Евреите 5:14). Можеби сега сѐ уште не си потполно уверен дека Библијата е света Божја Реч. Но, доследно на тоа, како можеш да го изразиш своето верување или неверување во Библијата ако пред тоа внимателно не си ја проучил?

И покрај денешниот скептицизам во поглед на нејзиното божествено потекло, внимателното испитување на Светата Библија навело многу поединци кои размислуваат да извикнат со зборовите на апостол Павле: ”Нека се покаже дека Бог е вистинит, а секој човек лажливец“ (Римјаните 3:4, Ст).

[Графикон на страница 4]

(Види во публикацијата)

Библијата денес е достапна за 98 отсто од светското население

Ниедна друга книга во историјата не е ниту приближно до проценетите 3 000 000 000 примероци на Библијата. The New Encyclopædia Britannica ја нарекува ”веројатно највлијателната збирка книги во човечката историја“

[Слики на страница 4]

Библијата преживеала, додека останатите верски списи станале обични музејски експонати

Горе: Асирски извештај за потопот

Десно: Молитви до египетскиот бог Ра

[Извор на слика]

Обете: Со љубезна дозвола од управата на Британскиот Музеј

[Слика на страница 5]

Пишувана од околу 40 различни лица во период од 1 600 години, од почеток до крајот Библијата следи една основна тема. Само една натчовечка, долговечна интелигенција би можела да произведе такво извонредно дело

[Слика на страница 5]

Подемот на светските сили од Вавилон па сѐ до ден-денес бил пророчки најавен во Библијата. (Книга пророк Даниил 2, 7, 8).

Десно: Цезар Август

[Извор на слика]

Museo della Civiltà Romana, Рим

[Слика на страница 6]

Скоро пред две илјади години, Библијата точно ја прорекла денешната светска состојба (Матеј, поглавја 24, 25; Марко, поглавје 13; Лука, поглавје 21; 2. Тимотеј 3:1-5; 2. Петрово 3:3, 4; Откровение 6:1-8). Непогрешивоста на библиските пророштва ни дава гаранција дека Божјето ветување за рајската Земја сигурно ќе се исполни

[Извор на слика]

Reuters/Bettmann Newsphotos

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели