ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/7 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • „Тој ден нека ви биде за спомен“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Што е Пасха?
    Одговор на библиски прашања
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Господаровата вечера — прослава со која му се оддава чест на Бог
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/7 стр. 31

Прашања од читателите

◼ Зошто Исус ја воспоставил Спомен-свеченоста само со апостолите, а не со останатите ученици кои требало да бидат примени во новиот сојуз?

Се чини дека ова прашање е темелено на погрешното мислење дека Исус се состанал со своите апостоли таа вечер за да ја воспостави Господовата вечера со христијанското собрание на помазаници кои веќе се наоѓаат во новиот сојуз. Всушност, на 14. низан 33 г.н.е. христијанското собрание сѐ уште не било основано, а Исус со своите апостоли се состанал за годишната вечера на еврејската Пасха.

Секако, Исус имал и други ученици освен дванаесеттемина познати како апостоли. Една година пред својата смрт, тој испратил 70 ученици на проповедничко патување. После своето воскресение, ”им се појавил на браќата кои ги имало заедно повеќе од петстотини“. А на Пентакост ”биле заедно околу сто и дваесет души“ (1. Коринтјаните 15:6; Дела на апостолите 1:15, 16, 23, Ст; Лука 10:1-24). Но, да ја разгледаме сега групата која била со Исус кога тој ја востановил годишната свеченост позната како Господова вечера.

Лука 22:7, 8 ја дава временската рамка, велејќи: ”Дојде денот на бесквасни лебови, на кој треба да се жртвува пасхалната жртва; и ги испрати Петар и Јован, говорејќи: ’Одете и подгответе ни ја пасхата да јадеме‘“ (NW). Извештајот продолжува: ”Морате да му кажете на господарот на куќата: ’Учителот ти вели: ”Каде е гостинската соба во која можам да јадам пасха со своите ученици?“‘“ Исус таа вечер бил со дванаесеттемина на еврејската свеченост. Тој им рекол: ”Многу сакав да ја јадам оваа пасха со вас пред да пострадам“ (Лука 22:11, 15, NW).

Од својот почеток во Египет, Пасхата била семејна свеченост. При воспоставувањето на Пасхата, Бог му рекол на Мојсеј дека јагнето мора да биде заклано за секое домаќинство. Ако семејството било премало да го изеде целото јагне, можело да биде повикано соседното семејство да го поделат со нив. Значи, логично е дека на Пасхата 33. г.н.е. повеќето Исусови ученици вообичаено биле со своите семејства за тој оброк.

Но, Исус ”многу сакал“ да ја подели, како што подоцна ќе се покаже, последната полноважечка Пасха, и последната ноќ пред својата смрт со своите најблиски следбеници, кои патувале со него во текот на поголемиот дел од неговата служба. На крајот од таа пасхална вечера, Исус им рекол за новата свеченост која ќе ја држат сите негови следбеници во иднина. Виното на таа идна христијанска свеченост ќе ја претставува крвта на ”новиот сојуз“ кој ќе го замени сојузот на Законот (Лука 22:20, NW).

Меѓутоа, ноќта на 14. низан 33. г.н.е, новиот сојуз не стапил на сила, бидејќи сѐ уште не била принесена полноважечката жртва — Исус. Сѐ уште бил на сила сојузот на Законот. Тој сѐ уште не бил прикован на столб. Освен тоа, сѐ до Пентакост нема да биде очигледно дека стариот закон со природните Израелци е заменет со новиот сојуз со духовниот Израел (Галатјаните 6:16; Колосјаните 2:14).

Значи, таа вечер ниту 11-те верни апостоли не биле во новиот сојуз, ниту кој и да е од другите ученици. А Исус не покажувал никакво неодобрување спрема другите еврејски ученици со тоа што им дозволил со своите семејства да ја слават Пасхата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели