ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/8 стр. 4-7
  • Судниот ден — време на надеж!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Судниот ден — време на надеж!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Темелот за судниот ден
  • Денот на судот
  • Кога ќе биде тоа?
  • Кој ќе биде суден?
  • Судот
  • Судниот ден — време на надеж
  • Судниот ден и што после него
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Што е Судниот ден?
    Разбудете се! 2010
  • Што е Судниот ден?
    Што навистина учи Библијата?
  • Што ќе се случи во Судниот ден?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/8 стр. 4-7

Судниот ден — време на надеж!

АКО помислата на судниот ден те плаши, зошто не би испитал што Библијата кажува за тоа? На пример, дали е вистина дека кога Бог ќе ги осуди грешниците, тие бидуваат фрлени во пеколен оган?

Па, првиот забележан случај на божествен суд се случил токму на самиот почеток од човечката историја. Адам и Ева имале можност вечно да живеат на рајска Земја (1. Мојсеева 1:26-28; 2:7-9, 15-25). Но, тие згрешиле и така потпаднале под Божји неповолен суд. А последицата? Бог им го одзел дарот на животот. Со други зборови, тие умреле. Бог им рекол: ”Со пот од лицето свое ќе јадеш леб, сѐ дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!“ (1. Мојсеева 3:16-19, Свето писмо на македонски јазик).

Тоа била строга осуда, но била праведна. И сосем сигурно не вклучувала пеколен оган. Кога Адам и Ева умреле, се вратиле во прав. Престанале да постојат. Библијата никаде не укажува дека еден дел од Адам или од кој и да е друг човек ја преживеал смртта за да некаде биде измачуван во сета вечност. Всушност, читаме: ”Живите знаат, дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат“ (Книга проповедник 9:5).

Дали си знаел дека ова го пишува во Библијата? Дали исто така си знаел дека Библијата никаде не го употребува изразот ”бесмртна душа“? Наместо тоа, таа вели: ”Која душа греши, таа ќе умре“ (Книга пророк Језекиил 18:4). Тоа е во потполна согласност со библиското начело: ”Платата, што ја дава гревот, е смрт“ (Римјаните 6:23). Тоа правило се однесува на сите нас. Сите ние сме потомци на грешниот Адам, затоа сите грешиме и ја примаме платата за гревот, смртта. Како што вели Библијата: ”Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот — смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, оти сите згрешија“ (Римјаните 5:12). Судниот ден е клучен дел од Божјата подготовка за наше спасение од таа ситуација.

Темелот за судниот ден

Според Библијата, пред околу 2 000 години Бог го положил темелот за она што ќе се случи на Судниот ден. Тоа било тогаш кога Исус дошол на Земјата и го понудил својот совршен човечки живот во наша корист. Исус самиот објаснил: ”Бог така го љубел светот што го дал својот единороден Син за да не погине ниеден кој верува во него, туку да има живот вечен“ (Јован 3:16, Стварност).

Ако покажуваме вера во Исус, ние уште сега во духовна смисла имаме корист од неговата жртва. Бог ни ги простува нашите гревови и ни дозволува да му се приближиме (Јован 14:6; 1. Јованово 2:1, 2). Сепак, сѐ уште сме несовршени, грешници, и како такви физички се разболуваме и на крај умираме. Сега го немаме вечниот живот што го ветил Исус. Тоа ќе се оствари како резултат на Судниот ден.

Денот на судот

Апостол Јован ја видел визијата за Судниот ден, и го опишал на следниот начин: ”И видов голем бел престол и Седнатиот на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и за нив место не се најде. Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори — книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни“ (Откровение 20:11, 12).

Да, според визијата на Јован, самиот Бог ќе управува со Судниот ден. Но, тука е вклучен уште некој. Апостол Павле објаснил: ”[Бог] одредил ден кога праведно ќе му суди на целиот свет преку човекот кого го одредил за тоа“ (Дела на апостолите 17:31, Ст). Кој е тој човек? Исус, кој самиот рекол: ”Отецот не суди никого, но целиот суд Му го предаде на Синот“ (Јован 5:22). Според тоа, Исус ќе биде Божјиот поставен Судија на Судниот ден.

Тоа е добра вест за луѓето. Евангелијата го откриваат Исус како човек со голема сомилост. Тој не е вообразен и не бара многу, туку е ”кроток и смирен по срце“ (Матеј 11:29; 14:14; 20:34). Ние сме среќни што сме во рацете на таков судија.

Кога ќе биде тоа?

Но, кога ќе биде Денот на судот? Во Откровението пишува дека тоа ќе се случи кога ’ќе побегнат земјата и небото‘. Ова нѐ потсетува на зборовите од апостол Петар: ”А сегашните небеса и сегашната земја истата реч ги сочувала за оган и ги чува за Денот на судот и пропаста на безбожниците“ (2. Петрово 3:7, Ст). Дали дословната Земја ќе биде изгорена? Не, Библијата е јасна по тоа прашање. Дословната Земја никогаш нема да биде уништена. Земјата нема ’да се помести во век векови‘ (Псалм 104:5, ДК). Контекстот на Петровите зборови покажува дека ќе биде уништен сегашниот безбожен светски систем. Ќе исчезнат безбожните луѓе, а не планетата Земја (Јован 12:31; 14:30; 1. Јованово 5:19).

Тие безбожни луѓе ќе бидат уништени во битката која Библијата ја нарекува Армагедон — која, како што ова списание честопати покажало, наскоро ќе се случи (Откровение 16:14, 16). После тоа, самиот Сатана ќе биде фрлен в бездна, и во раздобје од илјада години нема да му се дозволи никакво влијание над човештвото, а тие илјада години всушност го претставуваат времето на траењето на Судниот ден (Откровение 19:17-20:3). Што ќе се случи со верните кога безбожните ќе исчезнат во Армагедон? Тие ќе преживеат, и ќе влезат во самиот Суден ден. Читаме: ”Честитите ќе живеат на Земјата, и недолжните ќе останат на неа. А злобните ќе бидат отсечени од земјата“ (Изреките 2:21, 22, New World Translation).

Во прилог на тоа, Библијата споменува ”големо мноштво, кое никој не можеше да го изброи, од секој народ и племе, и полк и јазик“ кое ќе се појави на Земјата пред Армагедон. Тие ”доаѓаат од големата неволја“; со други зборови, тие го преживуваат крајот на овој безбожен свет како што и Ное го преживеал крајот на светот во своето време (Откровение 7:9-17, Ст; 2. Петрово 2:5). Дали си знаел дека ова меѓународно големо мноштво на активни христијани постои уште денес? Тие се надеваат да ја преживеат големата неволја и вечно да живеат на Земјата. Нивното постоење е сигурен доказ за близината на Судниот ден.

Кој ќе биде суден?

На Судниот ден ќе биде судено тоа големо мноштво. Но, тие нема да бидат сами. Извештајот на Јован продолжува: ”Морето ги поврати мртвите свои, кои беа во него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои“ (Откровение 20:13). Тоа е натамошен доказ дека луѓето не се мачат вечно во пекол. Ако пеколот ги дава мртвите кои се во него, како може некој да биде во него цела вечност? Всушност, библискиот пекол е заеднички гроб на човештвото, кадешто мртвите во несвесна состојба очекуваат воскресение. На Судниот ден пеколот ќе биде потполно испразнет од своите мртви (Проповедник 9:10).

Кој ќе биде воскреснат од мртвите на Судниот ден? Апостол Павле рекол: ”Ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните“ (Дела 24:15). Според тоа, ќе воскреснат верните Божји слуги, ”праведните“. Но, ќе воскреснат и безброј други, ”неправедни“. Очигледно дека воскресението ќе ги опфати сите оние кои умреле и сѐ уште се наоѓаат во гробот — со исклучок на оние чии гревови биле толку тешки што Бог веќе ги осудил како потполно недостојни за живот (Матеј 12:31).

Судот

Значи, што ќе се случи со големото мноштво на преживеани и воскреснати на Судниот ден? Библијата вели: ”Судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни.“ Тоа е време на внимателно испитување. Сите оние кои ќе сакаат да постапуваат во склад со ”запишаното во книгите“ — очигледно Божјите барања за човештвото во тоа време — ќе бидат запишани во ’книгата на животот‘ (Откровение 20:12). Тие ќе бидат на пат да постигнат вечен живот!

Потоа, Исусовата жртвена смрт конечно ќе донесе физички користи! Оние кои тогаш ќе бидат запишани во книгата на животот повеќе нема да пропаѓаат во болест и смрт. Наместо тоа, постепено ќе бидат вратени во човечка совршеност, со вечен живот кој им е ветен на оние кои покажуваат вера во Исус. Каков прекрасен изглед! Сепак, некои очигледно ќе одбијат да им се покорат на работите ’запишани во книгите‘. Што ќе се случи со нив? Тие нема да постигнат вечен живот. Наместо тоа, во Библијата стои: ”И кој што не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во огненото езеро“ (Откровение 20:15).

Дали е тоа пеколниот оган за кој зборува христијанството? Не, бидејќи во претходниот стих читаме: ”А смртта и пеколот беа фрлени во огнено езеро. Тоа е втората смрт“ (Откровение 20:14). Ако пеколот е фрлен во огнено езеро, тогаш тоа езеро не може да биде пеколен оган. Освен тоа, смртта не е нешто опипливо што може да се фати и да се фрли некаде. Значи, огненото езеро сигурно претставува некој симбол. За што? Библијата одговара: ”Тоа е втората смрт.“ Кога смртта и Хадесот се фрлени во огненото езеро, тие ”умираат“, престануваат да постојат. Слично на тоа, и бунтовните луѓе кои конечно ќе завршат таму, умираат, односно престануваат да постојат. Значи, тоа е втората смрт, без надеж во воскресение.

Судниот ден — време на надеж

Затоа кога ќе помислиме на Судниот ден, не би требало да бидеме престрашени или да чувствуваме гадење. Судниот ден е време на надеж, време кога на човештвото му се враќа вечниот живот што го изгубил Адам. Слушни ги благословите кои тој ќе им ги донесе на оние кои ќе бидат просудени како верни: ”Ете ја скинијата [шаторот, NW] на Бога меѓу луѓето, и Он ќе живее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив — нивни Бог. И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина“ (Откровение 21:3, 4).

До крајот на илјадагодишниот Суден ден, верните луѓе од сите краеви на Земјата конечно ќе бидат совршени. Тие ќе ’оживеат‘ во полна смисла на зборот, а Судниот ден ќе ја исполни својата цел (Откровение 20:5). Потоа, како што кажува Библијата, на Сатана за последен пат ќе му биде дозволен пристап кај човештвото (Откровение 20:3, 7-10). Оние кои ќе му се спротивстават при тој последен обид, ќе се радуваат на потполното исполнување на библиското ветување: ”Праведниците ќе ја наследат земјата, и ќе живеат на неа до век“ (Псалм 37:29, ДК).

Каква прекрасна подготовка е Судниот ден! И колку е извонредно што ние уште сега можеме да се подготвиме за него, така што ја проучуваме Библијата, ја запознаваме Божјата волја и ја применуваме таа божествена волја во својот живот! Не е чудно што псалмистот ја изразил својата радост при помислата на Божјиот суд кога напишал: ”Радувај се, небо, и радосно извикувај, земјо! Нека бучи морето и што е во него! Нека се радува полето и што е на него, нека извикуваат радосно шумските дрвја пред Јахве, зашто доаѓа, зашто доаѓа да ѝ суди на земјата“ (Псалми 96:11-13, Ст).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели