ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/9 стр. 14-19
  • ”Помогни ми кадешто ми е потребна вера!“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ”Помогни ми кадешто ми е потребна вера!“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Да се молиме да не нѐ изневери верата
  • Соочување со претстојните испити со вера
  • Вера која може да нѐ оздрави
  • ’Спасени преку верата‘
  • Покажи дека имаш вера во Јеховините ветувања
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Покажувај вера која се темели на вистина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Дали навистина имаш вера во добрата вест?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Вера — особина што ни помага да бидеме духовно јаки
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/9 стр. 14-19

”Помогни ми кадешто ми е потребна вера!“

”Таткото на малото дете веднаш повика: ’Имам вера! Помогни ми кадешто ми е потребна вера!‘“ (МАРКО 9:24, NW).

1. Што го натерало еден татко да извика: ”Помогни ми кадешто ми е потребна вера“?

ТАТКОТО на момчето коешто било опседнато со демони стоел пред Исус Христос. Колку тој човек копнеел да му оздрави детето! Исусовите ученици немале доволно вера да го истераат демонот, но таткото извикал: ”Имам вера! Помогни ми кадешто ми е потребна вера!“ (NW). Со помош на силата која му била дадена од Бог, Исус тогаш го истерал демонот, а со тоа без сомнение ја зајакнал верата на таткото на момчето (Марко 9:14-29).

2. На кои два начина христијаните не се срамат во поглед на верата?

2 Слично на таткото на тоа момче кој бил полн со надеж, лојалниот слуга на Јехова не се срами да каже: ”Имам вера!“ Подбивачите можеби не ја признаваат Божјата сила, вистинитоста на неговата Реч, па дури и самото негово постоење, но вистинските христијани спремно признаваат дека имаат вера во Јехова Бог. Сепак, кога разговараат насамо со својот небесен Татко во молитва, тие исти поединци можат да молат: ”Помогни ми кадешто ми е потребна вера!“ И тоа го прават без срам, бидејќи знаат дека дури и апостолите на Исус Христос молеле: ”Дај ни повеќе вера!“ (Лука 17:5, Ст).

3. Што е значајно во тоа како Јован го употребил зборот ”вера“ во своето Евангелие, и зошто тоа било прикладно?

3 Особено Христијанските грчки списи многу зборуваат за верата. Всушност, Јовановото Евангелие употребува различни форми на зборот кој се преведува со ”вера“ (од грчкиот корен пистеу́о) и тоа преку 40 проценти почесто отколку другите три Евангелија заедно. Со тоа што секогаш го употребувал тој глагол, Јован нагласил дека не е доволно да се има вера; животоважно е да се покажува. Бидејќи пишувал околу 98 н.е., тој ги видел отровните пипки на отпадот како се пружаат да ги фатат во замка христијаните кои биле слаби во верата (Дела на апостолите 20:28-30; 2. Петрово 2:1-3; 1. Јованово 2:18, 19). Значи, било животоважно да се покажува вера, да се даде доказ за неа преку дела на божја оддаденост. Претстоеле тешки времиња.

4. Зошто ништо не е невозможно за оние кои имаат вера?

4 Верата им овозможува на христијаните да се соочат со какви и да било потешкотии. Исус им рекол на своите ученици дека ако имаат ”вера колку синапово зрно“, ништо нема за нив да биде невозможно (Матеј 17:20). На тој начин ја нагласил моќта на верата, плод на светиот дух. Со тоа Исус потенцирал не што можат луѓето да прават, туку што може да прави Божјиот дух, или активна сила. Оние кои се водени од него не прават од мувата слон. Применувањето на мудроста која ја дава Божјиот дух, им помага да задржат исправно гледиште за работите. Дури и сериозните проблеми се смалуваат кога ќе се подложат на моќта на верата која помага да издржиме (Матеј 21:21, 22; Марко 11:22-24; Лука 17:5, 6).

Да се молиме да не нѐ изневери верата

5-7. (а) Кои зборови на предупредување за верата ги изговорил Исус кога ја воспоставил Спомен-свеченоста? (б) Како верата на Петар му овозможила да ги зајакне браќата?

5 Во 33 н.е. Исус ја славел Пасхата со своите ученици за последен пат. Потоа, откако го отпуштил Јуда Искариотски, ја воспоставил Спомен свеченоста и рекол: ”Склопувам сојуз со вас, како што мојот Татко склопил сојуз со мене, за царство (...) Симоне, Симоне, гледај! Сатана бара да ве расее како жито. Но јас се молев за тебе да не попушти твојата вера; а ти, штом ќе се повратиш, зајакни ги своите браќа“ (Лука 22:28-32, NW).

6 Исус се молел да не попушти верата на Симон Петар. Иако Петар со преголема самодоверба се фалел дека никогаш нема да се одрече од Исус, набрзо после тоа три пати се одрекол од него (Лука 22:33, 34, 54-62). Всушност, по прореченото убиство на пастирот, овците се расеале (Захарија 13:7; Марко 14:27). Меѓутоа, кога Петар се повратил од својот пад во замката на стравот, тој ги зајакнал своите духовни браќа. Го покренал прашањето за замена на неверниот Јуда Искариотски. Како говорник на апостолите на Пентакост 33. н.е., Петар го употребил првиот од ’клучевите‘ кои му ги дал Исус, и така го отворил патот за Евреите да станат членови на Царството (Матеј 16:19; Дела 1:15–2:41). Сатана барал да ги расее апостолите како жито, но Бог се погрижил нивната вера да не ги издаде.

7 Замисли си како се чувствувал Петар кога го слушнал Исус како му вели: ”Јас се молев за тебе да не малакса твојата вера.“ Помисли си само! Неговиот Господ и Учител се молел да не попушти верата на Петар. И не го издала ниту попуштила. Всушност, на ден Пентакост, Петар и останатите станале првите помазани со свет дух за да станат Божји духовни деца, идни сонаследници со Христос во небесна слава. Со свет дух кој делувал на нив во мера која пред тоа не била позната, можеле да ги покажат неговите плодови, вклучувајќи ја верата, како никогаш порано. Колку извонреден одговор на нивната молба: ”Дај ни повеќе вера!“ (Лука 17:5, Ст; Галатјаните 3:2, 22-26; 5:22, 23, Ст).

Соочување со претстојните испити со вера

8. Кое навремено предупредување ни го дала организацијата во врска со исполнувањето на 1. Солунјаните 5:3?

8 Во исполнување на библиското пророштво, набрзо ќе го слушнеме извикот ”Мир и безбедност!“ (1. Солуњанима 5:3, Ба). Дали би можело тоа да ја стави нашата вера на испит? Да, затоа што сме во опасност привидниот успех кој народите можеби го имаат во донесување на мир, да нѐ најде неподготвени. Но, ние нема да го делиме духот на таквите објавители на мир ако имаме на ум дека Јехова Бог не употребува никакви застапници од овој свет за постигнување на таа цел. Тој има свој начин за донесување на вистински мир, и тоа само со помош на неговото Царство под Исус Христос. Според тоа, каков и да е успехот којшто народите можеби го постигнуваат во воспоставувањето на мир, тој ќе биде краток и само фасада. За да ни помогне да бидеме будни во овој поглед, ”верниот и разумен роб“ ќе продолжи да издава навремени предупредувања за да Јеховините слуги не бидат заведени од претстојната неоснована објава на ”Мир и безбедност!“ од страна на народите на овој стар систем (Матеј 24:45-47, NW).

9. Зошто уништувањето на Големиот Вавилон ќе бара храброст и вера од нас?

9 Извикот ”Мир и безбедност!“ ќе биде знакот за ”ненадејно уништување“ (NW) кое треба да дојде врз Големиот Вавилон, светското царство на лажната религија (Откровение 17:1-6; 18:4, 5). Тоа исто така ќе ја испита христијанската вера. Кога лажната религија ќе се распадне во урнатини, дали Јеховините сведоци ќе останат цврсти во верата? Секако дека ќе останат. Овој настан — неочекуван и нејасен за повеќето луѓе — нема да дојде од човек. Луѓето мора да знаат дека тоа е всушност Јеховин суд, за посветување на името кое лажната религија толку долго го срамотела. Но, како луѓето би знаеле освен ако некој не им каже? И од кој друг освен Јеховините сведоци, би се очекувало да им каже? (Спореди Језекиил 35:14, 15; Римјаните 10:13-15.)

10. Како нападот на Гог врз Божјиот народ исто така ќе претставува испит на верата?

10 Помазаните сведоци на Јехова и нивните придружници со земска надеж ја имале потребната храброст да им кажат на другите за неминовното извршување на Јеховиниот суд над Големиот Вавилон и остатокот на Сатанскиот систем (2. Коринтјаните 4:4). Во својата улога на Гог од Магог, која ја означува неговата сегашна деградирана положба, Сатана ќе ги построи своите земски сили за сеопшт напад врз Божјиот народ. Верата во божествените заштитни сили во корист на Јеховините сведоци ќе биде ставена на испит. Но, можеме да имаме вера дека, како што прорекла Божјата Реч, тој ќе го спаси својот народ (Језекиил 38:16; 39:18-23).

11, 12. (а) Што го осигурало спасението на Ное и неговото семејство за време на потопот? (б) За што не ќе мора да се грижиме во текот на големата неволја?

11 Денес ние не знаеме точно како Јехова ќе го заштити својот народ во текот на ’големата неволја‘, но тоа не е никаква причина да се сомневаме дека нема да го стори тоа (Матеј 24:21, 22, ДК). Ситуацијата на сегашните Божји слуги ќе биде како онаа во која се нашле Ное и неговото семејство за време на потопот. Затворени внатре во арката со разбранетите води на уништување околу нив, најверојатно биле полни со стравопочитување од тој израз на божествена моќ и сигурно се молеле искрено. Библијата не укажува дека биле загрижени и дека се прашувале: ’Дали арката е стварно доволно цврста да ги издржи разорните сили? Дали имаме доволно храна да преживееме додека заврши потопот? Дали ќе можеме да се снајдеме во променетите околности на Земјата после тоа?‘ Наредните настани покажале дека таквите грижи би биле неосновани.

12 За да го осигураат своето спасение, Ное и неговото семејство требало да покажуваат вера. Тоа значело да ги следат упатствата и водството од Божјиот свет дух. За време на големата неволја, ќе биде исто толку неопходно и ние да го следиме водството од светиот дух и да ги слушаме Јеховините упатства преку неговата организација. Тогаш нема да имаме причина за загриженост и да се прашуваме: ’Како ќе бидат задоволени нашите духовни и материјални потреби? Какви подготовки ќе бидат направени за постарите луѓе или за оние кои бараат посебна медицинска нега или лекување? Како Јехова ќе овозможи да преживееме во новиот свет?‘ Со јака вера, сите лојални Јеховини слуги ќе остават сѐ во неговите способни раце. (Спореди Матеј 6:25-33.)

13. Зошто ќе ни биде потребна вера како Аврамовата штом ќе започне големата неволја?

13 Кога големата неволја еднаш ќе започне, без сомнение нашата вера во Бог ќе биде многу зајакната. На крајот, ќе видиме дека Јехова го извршува она што рекол дека ќе го изврши. Ќе го гледаме извршувањето на неговиот суд со нашите сопствени очи! Но дали ние лично ќе имаме доволно вера да веруваме дека Бог, додека ги уништува злобните, ќе го зачува својот народ? Дали ќе бидеме како Авраам, кој имал вера дека ’Судијата на целиот свет ќе прави она што е исправно‘, и дека нема да ги уништи праведните заедно со злобните? (Постанак 18:23, 25, Ст).

14. Кои прашања треба да нѐ натераат да ја анализираме својата вера и да се трудиме да ја зајакнеме?

14 Колку е важно сега да ја изградуваме нашата вера! Бидејќи крајот на овој зол систем е толку близу, да дозволиме Божјиот дух да нѐ мотивира на ’свети постапки на однесување и дела на оддаденост на Бог‘ (2. Петрово 3:11-14, NW). Тогаш за време на големата неволја нема да бидеме измачувани со вознемирувачки мисли како следниве: ’Дали јас имам гаранција дека ќе добијам Јеховина заштита? Дали сум можел да направам повеќе во неговата служба? Дали стварно работев доволно напорно да ја облечам ”новата личност“? Дали сум онаква личност каква што Јехова сака во новиот свет?‘ Таквите сериозни прашања треба да нѐ натераат да ја анализираме својата вера и да се трудиме да ја зајакнеме уште сега! (Колосјаните 3:8-10, NW).

Вера која може да нѐ оздрави

15. Што им кажувал понекогаш Исус на оние кои ги излекувал, но зошто тоа не ги поддржува денешните оздравувања со вера?

15 Исус не ги ограничил своите дела да ги оздравува луѓето со вера (Јован 5:5-9, 13). Затоа неговата активност не ја поддржува небиблиската доктрина на оздравување со вера. Вистина е дека Исус понекогаш им велел на оние коишто ги излекувал: ”Твојата вера те оздраве!“ (Матеј 9:22, Ст; Марко 5:34; 10:52; Лука 8:48; 17:19; 18:42). Но со она што го рекол, тој истакнал само една јасна вистина: Ако оние кои страдале не би верувале во Исусовата способност да оздравува, тие не би ни дошле кај него да оздрават.

16. Со каква програма на оздравување управува Исус денес?

16 Денес Исус Христос управува со програма на духовно оздравување, а над 4 000 000 поединци се во положба да извлечат корист од тоа. Како Јеховини сведоци, тие уживаат духовно здравје и покрај физичките слабости кои можеби ги имаат. Помазаните христијани меѓу нив имаат небесна надеж, и тие ’ги држат очите на вечните работи невидени‘ (2. Коринтјаните 4:16-18, NW; 5:6, 7). А христијаните со земска надеж ги очекуваат прекрасните дела на телесно оздравување кои ќе се одиграат во Божјиот нов свет.

17, 18. Каква подготовка од Јехова е опишана во Откровение 22:1, 2, и зошто е потребна вера за да извлечеме корист од тоа?

17 Апостол Јован мислел на Божјите подготовки за вечен живот со следните зборови од Откровение 22:1, 2, (NW): ”Ми покажа река од вода на животот, чиста како кристал која течеше од престолот на Бог и Јагнето по средината на широкиот пат. И од оваа страна на реката и од онаа имаше дрвја на животот кои раѓаат дванаесет берби, давајќи секој месец свој плод. А лисјата на дрвјата беа за лекување на народите.“ ’Водата на животот‘ ја вклучува Божјата Реч на вистината и сите други подготовки на Јехова за оздравување на послушните луѓе од грев и смрт и за доделување на вечен живот на темел на Исусовата откупна жртва (Ефесјаните 5:26; 1. Јованово 2:1, 2). Додека се на Земјата, Исусовите 144 000 помазани следбеници пијат од Божјите подготовки за живот преку Христос и се наречени ”големи дрвја на праведност“ (Исаија 61:1-3, NW; Откровение 14:1-5). Тие произвеле многу духовни плодови на Земјата. Како воскреснати на небесата, во текот на Христовата Илјадагодишна влада, ќе учествуваат во делењето на подготовките од откупнината кои ќе служат за ”лекување на народите“ од гревот и смртта.

18 Колку што нашата вера во овие Божји подготовки е поголема, толку ќе биде поголема нашата спремност да го следиме водството на неговиот дух за да имаме учество во нив. Физичката совршеност јасно ќе дојде додека секој покажува вера во Христос и додека духовно напредува. Иако некој ќе биде зачудувачки излечен од главните недостатоци, тој ќе биде доведен уште поблиску до совршенство додека го врши она што е исправно. Тој ќе може редовно да ги користи Божјите подготовки за оздравување преку Христовата жртва. Значи, верата ќе влијае на нашето оздравување и усовршување во телесна смисла.

’Спасени преку верата‘

19. Зошто е животоважно да се остане цврст во верата?

19 Додека зората на Божјиот нов свет засекогаш не ја уништи темнината на сегашниов злобен свет, колку е животоважно Јеховините слуги да останат цврсти во верата! Луѓето ”без вера“ ќе бидат фрлени во ’езерото кое гори со оган и сулфур‘, втората смрт. Тоа ќе се случи најдоцна по конечниот испит на крајот од Христовото Илјадагодишно владеење (Откровение 20:6-10; 21:8, NW). Колку само ќе биде благословен исходот на оние кои ќе продолжат да покажуваат вера и кои ќе преживеат да се радуваат на бескрајната иднина!

20. Како зборовите од 1. Коринтјаните 13:13 ќе добијат посебно значење на крајот од Христовата Илјадагодишна влада?

20 Тогаш следниве зборови на Павле во 1. Коринтјаните 13:13 ќе добијат посебно значење: ”Остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.“ Повеќе не ќе има потреба да покажуваме вера дека пророчкото ветување од 1. Мојсеева 3:15 ќе стане реалност или да се надеваме дека ќе се исполни. Тоа веќе ќе биде исполнето. Како чувари на беспрекорноста, ќе продолжиме да се надеваме во Јехова, да имаме вера во него и во неговиот Син, и да ги љубиме како оние кои го донеле исполнувањето на тоа пророштво. Дури и повеќе, длабоката љубов и искрената благодарност за нашето спасение ќе нѐ врзат за Бог во нераскинлива оддаденост за сета вечност (1. Петрово 1:9).

21. Што би требало ние денес да правиме за да бидеме ’спасени преку верата‘?

21 Преку својата видлива организација, Јехова направил прекрасни подготовки за јакнење на верата. Извлечи полна корист од сите. Присуствувај и редовно учествувај на состаноците на Божјиот народ (Евреите 10:24, 25). Марливо проучувај ја неговата Реч и христијанските публикации. Моли го Јехова за неговиот свет дух (Лука 11:13). Имитирај ја верата на оние кои понизно преземаат водство во собранието (Евреите 13:7). Спротивстави се на светските искушенија (Матеј 6:9, 13). Да, и продлабочувај го својот личен однос со Јехова на секој можен начин. А над сѐ, продолжи да покажуваш вера. Тогаш можеш да бидеш меѓу оние кои го радуваат Јехова и кои ќе постигнат спасение, зашто Павле изјавил: ”Всушност, преку (...) незаслужена доброљубивост сте спасени преку вера; и тоа не е ваша заслуга, тоа е Божји дар“ (Ефесјаните 2:8, NW).

Како ќе одговориш?

◻ Какви испити на верата стојат непосредно пред нас?

◻ На кои два начина може да нѐ оздрави верата?

◻ Колку долго треба да ја одржиме верата според 1. Петрово 1:9?

◻ Кои подготовки ги имаме за да ја јакнеме нашата вера?

[Слика на страница 15]

Дали и ти чувствуваш лична потреба од повеќе вера, како таткото чијшто син Исус го оздравел?

[Слика на страница 17]

Ќе биде потребна вера како онаа на Ное и неговото семејство за да се преживее ’големата неволја‘

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели