ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/10 стр. 20-22
  • Кој е клучот за вистинското христијанство?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој е клучот за вистинското христијанство?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Исправен мотив
  • Љубов во себичен свет
  • Љубов во собранието
  • Да ја засилуваме нашата љубов едни спрема други
  • Бидете изградени со љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • „Живејте во љубов“
    Приближи му се на Јехова
  • Сакај го Богот што те сака
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Љубовта — скапоцена особина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/10 стр. 20-22

Кој е клучот за вистинското христијанство?

ДЕНЕС повеќе луѓе тврдат дека припаѓаат на христијанството отколку на која и да е друга религија во светот. Но верувањата на овие самонаречени христијани се противречни, не се единствени и понекогаш дури се убиваат едни со други. Јасно е дека поголемиот дел од нив не се вистински христијани. Исус рекол дека во денешно време многумина ќе му речат ”Господи, Господи“, или со други зборови, ќе тврдат дека се христијани, но тој ќе им рече: ”Никогаш не сум ве познавал; бегајте од Мене вие што правите незаконски дела!“ (Матеј 7:21, 23). Секако, ниеден од нас не би сакал да биде во таа група! Па, како можеме да знаеме дали сме вистински христијани?

Всушност, потребни се многу работи за да се биде вистински христијанин. Вистинскиот христијанин мора да има јака вера бидејќи ”без вера не е можно да Му се угоди на Бога“ (Евреите 11:6). Таа јака вера мора да биде придружена со исправни дела. Ученикот Јаков предупредил дека ’вера без дела е мртва‘ (Јаков 2:26). Уште повеќе, христијанинот мора да го признае авторитетот на ”верниот и разумен роб“ (Матеј 24:45-47, NW). Но, клучот за вистинското христијанство е нешто што е одвоено од овие работи.

Кој е клучот? Апостолот Павле објаснил во своето прво писмо до Коринтјаните: ”Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам како бакар што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера, што и  планини да преместувам, — ако љубов немам, ништо не сум. И да го раздадам целиот свој имот, да позволам телото да ми изгори, — штом љубов немам, ништо не ми користи“ (1. Коринтјаните 13:1-3).

Значи, љубовта е клучот за вистинското христијанство. Верата, делата и вистинското друштво се животоважни и неопходни. Но, без љубов, нивната вредност не може да се обистини. Зошто е така?

Во основа, поради видот на богот којшто го обожаваме. Апостолот Јован го опишал Јехова, Богот на вистинското христијанство, со овие зборови: ”Бог е љубов“ (1. Јованово 4:8). Јехова Бог има многу други особини, како моќ, правда и мудрост, но затоа што првенствено е Бог на љубовта, какви обожаватели би сакал тој да бидеме? Се разбира, поединци кои го имитираат и кои негуваат љубов (Матеј 5:44, 45; 22:37-39).

Исправен мотив

Да, љубовта ги поттикнува христијаните да бидат како Богот кого го обожаваат. Тоа значи дека нивните мотиви се слични на Божјите мотиви. Кои мотив повеќе од сѐ го поттикнал Јехова да го испрати Исус на Земјата за да нам ни даде прилика да постигнеме вечен живот? Љубовта. ”Бог толку многу го љубел светот, што го дал својот единороден син, за да ниеден кој покажува вера во него не биде уништен, туку да има вечен живот“ (Јован 3:16, NW). Тогаш, што би требало да биде наш мотив при вршењето на Божјата волја? Повторно, љубовта. ”Ова е љубовта Божја да ги држиме неговите заповеди“ (1. Јованова 5:3, ДК).

Дали е можно да му се служи на Бог со погрешен мотив? Да. Павле споменал некои од своето време кои служеле од завист и соперништво (Филипјаните 1:15-17). Тоа би можело да ни се случи нам. Овој свет е многу конкурентен, а тој дух би можел да влијае на нас. Би можеле да бидеме горди да мислиме дека сме подобри говорници или дека сме способни да дадеме повеќе списанија од другите. Би можеле да ги споредуваме своите службени предности со оние коишто ги има некој друг и да бидеме горделиви — или завидливи. Некој старешина би можел да биде љубоморен поради својата авторитетна положба дури до таа точка да спречува некој помлад да напредува. Желбата за лична добивка може да нѐ поттикне да негуваме пријателство со поимотните христијани, а да ги игнорираме посиромашните.

Овие работи можат да се случат затоа што сме несовршени. Меѓутоа, ако — како кај Јехова — љубовта ја направиме наша главна мотивација, ќе се бориме против таквите склоности. Себичноста, желбата да се славиме себеси или вообразената горделивост, можат да ја истиснат нашата љубов, и така ’ништо да не ни користи‘ (Изреките 11:2; 1. Коринтјаните 13:3).

Љубов во себичен свет

Исус рекол дека неговите следбеници нема да бидат ”дел од светот“ (Јован 17:14, NW). Како можеме да избегнеме да бидеме совладани од влијанието на светот околу нас? Ќе ни помогне љубовта. На пример, денес луѓето се ”повеќе сластољупци отколку богољупци“ (2. Тимотеј 3:4). Јован нѐ предупредил да не бидеме такви. Рекол: ”Немојте да го љубите ни светот ни она што е во светот! Ако некој го љуби светот, во него ја нема љубовта од Отецот, бидејќи ништо од она што е во светот — лакомоста на телото, лакомоста на очите, надуеноста поради имотот — не доаѓа од Отецот, туку доаѓа од светот“ (1. Иванова 2:15, 16, Ст).

Сепак, не е лесно да ѝ се сврти грб на ”лакомоста на телото“ и на ”лакомоста на очите“. Овие работи се омилени токму поради тоа што се толку привлечни за нашето тело. Дури и повеќе, денес постојат многу повеќе и поразлични задоволства кои можат да се добијат отколку што имало во времето на Јован, па ако желбата на очите претставувала проблем тогаш, може да биде посебен проблем и денес.

Интересно е дека многу од денешните задоволства кои ги нуди светот не се погрешни само по себе. Нема ништо лошо да се има голема куќа, убава кола, телевизор или стерео уред. Ниту пак претставува кршење на библиски закон да се оди на долги, интересни патувања и да се оди на одмор. Тогаш, која е смислата на Јовановото предупредување? Како прво, ако таквите работи ни станат премногу важни, тие развиваат во нас дух на себичност, материјализам и горделивост. А напорот да се заработат пари за да се постигне ова, би можел да нѐ спречи во нашата служба за Јехова. Дури и самото уживање на овие работи одзема време, а времето на христијанинот е ограничено ако се има предвид неговата обврска да ја проучува Библијата, да се дружи со своите сохристијани заради обожавање и да ја проповеда добрата вест за Царството (Псалми 1:1-3; Матеј 24:14; 28:19, 20; Евреите 10:24, 25).

Во овој материјалистички век потребна е одлучност ’на прво место да се стави Божјето Царство‘ и да се одолее ’да не се користи овој свет во потполност‘ (Матеј 6:33; 1. Коринтјаните 7:31, NW). Јаката вера ќе помогне. Но, особено искрената љубов кон Јехова и нашите блиски ќе нѐ зајакне да одолееме на мамките, кои, иако сами по себе не се лоши, нѐ спречуваат ’потополно да ја извршиме својата служба‘ (2. Тимотеј 4:5, NW). Без таква љубов, нашата служба би можела да се влоши и да стане површен напор.

Љубов во собранието

Исус ја истакнал важноста на љубовта кога рекол: ”По тоа ќе познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13:35). Зошто старешините треба да поминат толку многу време во пасење и помагање на сохристијаните ако овие не ги сакаат нив? Зошто собранието да ги поднесува слабостите на своите членови — вклучувајќи ги и старешините — ако не од љубов? Љубовта ги поттикнува христијаните да си помагаат едни на други и физички доколку слушнат дека другите се во оскудица (Дела на апостолите 2:44, 45). Во време на прогонства христијаните се штитат еден со друг па дури и умираат едни за други. Зошто? Од љубов.

Понекогаш најголемите искушенија на љубовта доаѓаат во мали работи. На еден старешина, кој веќе е под товарот на тешката работа, може да му пристапи некој сохристијанин кој ја повторува жалбата којашто веќе многупати ја дискутирале. Дали старешината треба да се налути? Наместо да дозволи тоа да стане причина за несогласие, тој постапува стрпливо и љубезно со својот брат. Тие ја дискутираат работата заеднички, и стануваат подобри пријатели отколку пред тоа (Матеј 5:23, 24; 18:15-17). Наместо секој од нив да инсистира на своите права, сите ќе се трудат да ја негуваат великодушноста која ја препорачал Исус, покажувајќи спремност да им простат на своите браќа ”седумдесет и седум пати“ (Матеј 18:21, 22, Ст). Така, христијаните многу се трудат да се облечат со љубов, ”зашто таа е совршена врска на единство“ (Колосјаните 3:14, NW).

Да ја засилуваме нашата љубов едни спрема други

Да, љубовта е исправниот мотив за служење на Јехова. Љубовта ќе нѐ зајакне да се држиме одвоени од светот, и љубовта ќе го штити собранието да остане навистина христијанско. И додека не ги омаловажуваат способностите, таа ќе им помогне на оние кои имаат авторитет да не станат толку службени, што би ја заборавиле љубезноста и благоста во постапувањето со другите. Љубовта ни помага на сите нас да им бидеме ’послушни на оние кои го преземаат водството (...) и да бидеме подложни‘ (Евреите 13:17, NW).

Апостолот Петар нѐ повикал да имаме ”силна љубов“ едни кон други бидејќи ”љубовта покрива многу гревови“ (1. Петрово 4:8). Како можеме да го сториме тоа? Човекот бил создаден по Божјето обличје и затоа има природна способност да сака. Но видот на љубовта за којшто зборуваме тука бара нешто посебно. Всушност, таа е главниот плод на Божјиот дух (Галатјаните 5:22). Затоа, за да негуваме љубов, мораме да се изложиме на Божјиот дух. Како? Преку проучување на Библијата, која е инспирирана од Јеховиниот дух (2. Тимотеј 3:16). Молејќи се за Јеховин дух да ја изгради нашата љубов кон Јехова и нашите браќа, и дружејќи се со Јеховиното собрание кадешто духот дејствува слободно.

Исто така треба да се испитуваме себеси за да откриеме какви и да било нељубезни дела или мисли. Запомни, љубовта е функција на срцето, а ”срцето е поизмамничко од сѐ друго и е безнадежно“ (Еремија 17:9, NW). И покрај сета помош што ја дава Јехова, ние понекогаш постапуваме без љубов. Можеби зборуваме со непотребна острина спрема останатите христијани, или би можеле да се накострешиме и се навредиме од нешто што било кажано. Затоа, добро ќе направиме ако се сетиме на Давидовата молитва: ”Проникни ме во сѐ, Боже, запознај ми го срцето, искушај ме и запознај ги моите мисли: погледни, дали одам по патот погубен, и поведи ме по патот вечен!“ (Псалми 139:23, 24, Ст).

Како што вели Библијата, ”љубовта никогаш не изневерува“ (1. Коринтјаните 13:8, NW). Ако се вежбаме во покажувањето на љубов едни спрема други, таа никогаш нема да ни недостасува во време на искушение. Љубовта која постои помеѓу Божјиот народ многу придонесува за духовниот рај којшто постои денес. Само оние кои силно од срце се сакаат едни со други ќе најдат задоволство да живеат во новиот свет. Затоа, имитирај го Јехова во покажувањето на таквта љубов и така јакни ја врската на единството. Негувај љубов, и имај го клучот за вистинското христијанство.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели