ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 1/10 стр. 23-28
  • ’Среќни се сите кои го чекаат Јехова‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ’Среќни се сите кои го чекаат Јехова‘
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Мисионерското семе е посеано
  • Проблеми во Шпанија
  • Проповедање под католичка диктатура
  • Прогонство и истерувања
  • Уште една задача, уште еден јазик
  • Започнуваат неволји
  • Проповедање во исламскиот Мароко
  • Краткотрајна задача?
  • Испити и благослови
  • Раст во Ел Салвадор
  • Живот на изненадувања во Јеховината служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Од крајна сиромаштија до најголемото богатство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Ја почувствувавме Божјата незаслужена доброта на многу начини
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Ни беше даден скапоцен бисер
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 1/10 стр. 23-28

’Среќни се сите кои го чекаат Јехова‘

РАСКАЖАЛ ДОМИНИК ПИКОНЕ

Моите родители емигрираа во раните 1920-ти години од Италија во САД и конечно се населија во Јужна Филаделфија, тогаш позната како Мала Италија. Од 1927 се дружеа со Истражувачите на Библијата, кои подоцна станаа познати како Јеховини сведоци.

РОДЕН сум во 1929 и затоа од најраната младост бев изложен на библиската вистина. Се сеќавам дека Сведоците се состануваа во нашата куќа пред да појдат да проповедаат во тврдите римокатолички градови во рударското подрачје на Пенсилванија, каде браќата многупати беа апсени. Се крстив 1941 на конгресот на Јеховините сведоци во Сент Луис, Мисури. Тогаш работите започнаа да одат на лошо.

Почнав да се дружам со непожелно младо друштво од соседството, пропушив и се коцкав по ќошињата од улиците. За среќа, моите родители видоа дека ја губат контролата над мене и одлучија да се преселат во друго подрачје на градот. Не бев задоволен, бидејќи ги изгубив сите пријатели со кои се дружев во улицата. Меѓутоа, кога ќе се осврнам на тоа време, чувствувам голема благодарност кон мојот татко. Тој претрпе голема финансиска загуба за да ме извлече од таа околина. Порано можеше да оди пеш на работа, а сега требаше долго да патува со подземна железница. Но, тој чекор ме врати назад во теократската средина.

Мисионерското семе е посеано

Скоро секоја година патувавме во Саут Ленсинг во државата Њујорк, за да присуствуваме на промоциите на Библиската школа Гилеад при Друштвото Стражарска кула. Глетката на тие мисионери кои се испратени ширум светот ја посеа во мене желбата за мисионерска служба. Затоа, по завршувањето на средното училиште во мај 1947, започнав со општа пионерска служба.

Во нашето собрание беше уште една млада пионерка, Елза Шварц, која беше многу ревносна во делото на проповедање. Родителите секогаш ја храбреа да биде мисионер, па веројатно можете да го погодите исходот. Се венчавме во 1951 година. Додека служевме заедно како пионери во Пенсилванија, се пријавивме да ја посетуваме мисионерската школа Гилеад. Во 1953 бевме повикани во 23. клас на Гилеад. После пет месеци интензивно проучување и подготвување во Гилеад, бевме промовирани на конгресот во Торонто во Канада и бевме доделени во — Шпанија!

Проблеми во Шпанија

Додека во 1955 се подготвувавме за тргнување на мисионерската задача, Елза и јас имавме толку многу прашања. Шпанија! Како ќе изгледа тоа? Народот тогаш беше под владеењето на католичкиот диктатор генерал Франциско Франко, а делото на Јеховините сведоци беше под забрана. Како ќе се снајдеме под такви услови?

Браќата од централата на Друштвото во Бруклин нѐ известија дека Фредерик Франц, тогаш потпреседател на Друштвото Стражарска кула, и Алваро Баракочеа, мисионер од Аргентина, се уапсени, заедно со уште многу други браќа. Во шумите близу Барселона беше организиран таен состанок. Меѓутоа, полицијата дозна за тоа собирање и ги уапси повеќето присутни.a

Ни беше речено дека веројатно никој не ќе може да нѐ пречека кога ќе пристигнеме во Барселона. Добивме упатство: ”Побарајте хотел, а потоа известете го Друштвото во Њујорк за адресата.“ Ги задржавме во мислите зборовите од Исаија: ”Среќни се сите кои го чекаат него [Јехова]. И твоите уши ќе чујат реч која зад тебе вели: ’Тоа е патот. Одете по него‘“ (Исаија 30:18, 21, NW). Требаше да чекаме на Јехова и да го следиме водството од неговата организација.

Се поздравивме со родителите и пријателите кои дојдоа во Њујорк да се збогуваат со нас и наскоро нашиот брод, Сатурниа, пловеше низ реката Хадсон кон Атлантикот. Тогаш за последен пат го видов татко ми. Две години подоцна, додека бев во странство, тој умре после долго боледување.

Конечно стигнвме на своето одредиште, пристанишниот град Барселона. Тоа беше намуртен, дождлив ден, но додека минувавме на царина, го здогледавме ”сонцето“ кое зрачеше од насмеаното лице. Алваро Берекочеа, заедно со некои шпански браќа, беше тука за да нѐ пречека. Бевме навистина среќни кога дознавме дека браќа се ослободени.

Сега беше време да научиме шпански. Во тоа време мисионерите мораат да учат јазици на тежок начин — со дружење и лични напори. Тогаш не постоеја јазични курсеви. Требаше да го постигнеме бараниот број часови во делото на проповедање и иствремено да го научиме јазикот, така да се рече, во текот на самото проповедање.

Проповедање под католичка диктатура

Јеховината организација во тоа време во Шпанија беше на самиот почеток. Во 1955 година најголемиот број на објавители во таа земја од 28 милиони жители, изнесуваше 366. Во целата земја имаше само десет собранија. Дали ќе остане долго така? Штом јас и мојата сопруга започнавме да проповедаме од куќа до куќа, откривме дека Шпанија е како рај за оние кои ја шират добрата вест. Да, луѓето беа гладни за вистината.

Но, како беше извршувано делото на проповедање, бидејќи беше под забрана? Обично не ги посетувавме сите куќи во улицата, ниту сите станови во зградите. Во Барселона се наоѓаа многу стамбени згради од пет и шест ката, а бевме упатени да започнеме од врвот па надолу. Можеби ќе поѕвоневме само на една врата на секој кат, или дури ќе прескокневме неколку ката. Таквиот метод ѝ отежнуваше на полицијата да нѐ фати ако некој фанатичен станар би нѐ пријавил.

Собраниските состаноци се одржуваа во приватни домови, а собранијата беа составени од три до четири групи за студија на книга. Тоа му овозможуваше на собранискиот слуга еднаш месечно да ја посети секоја од тие групи за студија на книга. Водителот на студијата на книга беше одговорен за водење на сите состаноци, кое се одржуваа две различни ноќи во седмицата за мали групи од 10 до 20 души.

Требаше да се научиме на нов начин на живот. Во тоа време во Шпанија не постоеја подготовки за мисионерски домови. Секаде кадешто беше можно, живеевме со браќата во нивните домови. За Елза беше вистински предизвик да научи да готви на печка на дрвен јаглен! Конечно бевме во можност да купиме мал шпорет на газија со еден пламеник, кое беше вистинско подобрување.

Прогонство и истерувања

По некое време дознавме дека започнал бран на прогонства во Андалузија, каде беше уапсен еден специјален пионер. За жал, тој го носеше својот нотес во кој се наоѓаа имињата и адресите на браќата од сите делови на земјата. Почнаа да ни пристигнуваат извештаи дека нашите браќа се уапсувани во еден град по друг. Ненадејните упади на полицијата беа сѐ поблиску и поблиску до Барселона. Конечно прогонството ја погоди и Барселона.

Неколу месеци пред тоа полицијата ме одведе во својата управа заради испрашување. Бев ослободен после многу часови и мислев дека со тоа работата е окончана. Тогаш со мене стапи во врска американската амбасада и ме советуваше, за да ги избегнам неприликите на депортирање, да ја напуштам земјата на свиоја иницијатива. Набрзо после тоа полицијата нѐ извести дека мораме во рок од десет дена да ја напуштиме земјата. Што можевме да сториме, бидејќи немавме време да му пишуваме на Друштвото Стражарска кула? Околностите беа такви што требаше да отидеме во најблиското мисионерско подрачје вон Шпанија — во Португалија, на запад.

Уште една задача, уште еден јазик

Кога во јули 1957 пристигнавме во Лисабон, Португалија, бевме испратени како мисионеи во Порто, град кој е доста далеку северно од Лисабон. Тој се сметаше за втор главен град на земјата и се наоѓаше во подрачјето познато по слатките вина. Растечкото собрание ги одржуваше состаноците во подрумот на една зграда во деловниот дел од градот. Делото на проповедање беше забрането и во Португалија, бидејќи земјата беше под диктатурата на Салазар. Сепак, околностите беа сосема поинакви од оние во Шпанија. Состаноците се одржуваа во домовите на браќата, а присуствуваа групи од 40 до 60 души. Немаше знаци дека домовите беа места за состанување на Јеховините сведоци. Иако не зборував португалски, бев наименуван за собраниски слуга. Уште еднаш учевме нов јазик на тежок начин.

По околу една година, бевме испратени во Лисабон. Тука за првпат имавме свој стан, кој имаше поглед на цел Лисабон. Бевме одредени да се грижиме за покраината — целата Република Португалија. Кога стигнавме во Португалија, имаше само 305 објавитела и пет собранија.

Започнуваат неволји

На една од картите кои ја прикажуваа Португалија и неговите колонии, стоеше: ”На подрачјето на Португалија сонцето никогаш не заоѓа.“ Тоа беше точно, затоа што Португалија имаше колонии во многу делови на светот, од кои две најголеми беа Мозамбик и Ангола во Африка. Во 1961 година изгледаше како во тие колонии да се подготвуаат неволји, а Португалија ја увиде потребата да ги зголеми своите воени сили.

Што ќе сторат сега младите браќа кога ќе бидат регрутирани во воена служба? Некои успеаја да се ослободат поради слабото здравје, но повеќето зазедоа цврст став за христијанската неутралност. Наскоро започна силен бран на прогонства. Подружницата доби извештаи дека беа уапсени специјални пионери и тешко претепани од страна на тајната полиција, злогласната ПИДЕ (Polícia Internacional e Defesa do Estado). Некои од нас мисионерите бевме повикани во полициската управа заради преслушување. Потоа три брачни двојки добија 30 дена да ја напуштат земјата. Сите се жалевме кај властите на таа одлука.

Една по друга, мисионерските двојки беа повикувани во полициската управа на разговор со управителот на ПИДЕ. Прво беа испрашувани Ерик Бритн, слуга на подружницата, и неговата жена Кристина. Потоа беа преслушувани Ерик Бевериџ и неговата жена Хејзл, и конечно Елза и јас. Шефот на полицијата лажно нѐ обвини дека нѐ употребиле комунистите за да со своето учење за неутралноста го поткопаме Западниот свет. Нашите протести беа залудни.

Колку беше тажно да се напуштат 1 200 браќа и сестри кои преживуваа тешки времиња поради строгото владеење на еден неразумен диктатор! Додека двојката Бевериџ отиде за Шпанија, а Бритн назад за Англија, што ќе биде нашата следна задача? Муслиманската земја Мароко!

Проповедање во исламскиот Мароко

Уште еднаш го чекавме Јехова. Нова задача, нови обичаи и нови јазици! Арапски, француски и шпански беа службените јазици во Кралството Мароко, каде имаше 234 Сведока во осум собранија. Службена религија беше Исламот, а обраќањето меѓу Муслиманите беше незаконско. Затоа можевме да проповедаме воглавно кај не-муслиманското население.

Кога мисионерите почнаа да пристигаат кон крајот на 1950-те, се забележа пораст. Но, мароканската влада почна да врши притисок на европското население, така што дојде до големо заминување на странците, вклучувајќи многумина браќа.

Бидејќи нашето не-муслиманско население се намали, најдовме за неопходно да пронајдеме тактични начини да разговараме со Муслиманите, што доведе до жалби кај полицијата. Поради сѐ почестите приговори во Тангер и во други градови, ни беше речено дека имаме само 30 дена да ја напуштиме земјата. Во мај 1969 Елза и јас бевме протерани од уште една задача.

Краткотрајна задача?

Ни беше речено да се вратиме во Бруклин, а јас бев повикан да присуствувам на состанокот за слуги на подружницата што беше одржан тоа лето. Додека бев на тој состанок, бев известен дека нашата нова задача ќе биде Салвадор во Централна Америка и дека таму ќе служам како слуга на подружницата. Дознав дека тоа ќе трае најверојатно околу пет години, најмногу што им беше дозволено на мисионерите да останат во земјата, бидејќи таму нашето дело не беше законски признаено.

Ел Салвадор — каква задача! Тука имаше 1 290 објавитела, вклучувајќи 114 пионери кои беа известувани просечно секој месец. Луѓето беа богобојазливи, гостољубиви и ја сакаа Библијата. На скоро секоја врата нѐ повикуваа внатре да им зборуваме. За кратко време, имавме толку библиски студии колку што можевме да извршуваме.

Додека го набљудувавме порастот и големата потреба на тоа подрачје, бевме жалосни што ќе мораме да ја напуштиме таа задача после само пет години. Затоа беше одлучено дека би требало да се обидеме да го легализираме делото на Јеховините сведоци. Во декември 1971 ѝ упативме на владата службен допис, а на 26. април 1972 бевме одушевени кога во владиниот весник Diario Oficial прочитавме дека нашата молба е усвоена. Мисионерите не ќе мораат повеќе да ја напуштаат земјата после пет години, туку можат да добијат постојан престој во земјата.

Испити и благослови

Во годините кои ги поминавме на различни задачи стекнавме многу добри пријатели и го видовме плодот од својата служба. Елза имаше прекрасно искуство со учителката од Сан Салвадор и нејзиниот сопруг кој беше воено лице. Еден пријател на учителката се заинтересира за вистината. Сопругот во почетокот не покажуваше интерес за Библијата; меѓутоа, ние го посетивме додека тој беше во болница и беше пријателски расположен. Конечно почна да ја проучува Библијата, ја напушти воената кариера и започна да проповеда заедно со нас.

Во меѓувреме една госпоѓа се појави во Царската сала и ја праша Елза дали таа проучувала со бившиот војник. Се дозна дека тоа била неговата љубовница! И таа ја проучуваше Библијата со Јеховините сведоци. На обласниот конгрес беа крстени бившиот војник, неговата жена, нејзиниот пријател и бившата љубовница!

Раст во Ел Салвадор

Поради големиот пораст беа изградени многу Царски сали, а во земјата сега има повеќе од 18 000 активни Сведоци. Меѓутоа, тој напредок не беше без испити и искушенија. Браќата мораа десет години да ја вршат Јеховината волја сред граѓанска војна. Но, тие ја задржаа својата неутралност и останаа лојални на Јеховиното Царство.

Што се однесува до нас двајцата, Елза и јас бевме во полновремена служба 85 години. Откривме дека оној кој го чека Јехова и ја слуша ’речта која зад него вели: ”Тоа е патот. Одете по него“‘ никогаш не е разочаран. Тој може да се радува на задоволувачки и наградувачки живот како еден од Јеховините полновремени слуги.

[Фуснота]

a За подробности види 1978 Yearbook of Jehovah’s Witnesses, страници 177-179.

[Слика на страница 24]

Состанок во шума во Шпанија, 1956

[Слика на страница 25]

Обично им проповедавме на не-Муслиманите во Мароко

[Слика на страница 26]

Подружницата во Ел Салвадор, нашата сегашна задача

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели