ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/10 стр. 15-20
  • Облечете се во благост!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Облечете се во благост!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Потребни се пастири со блага нарав
  • Благоста го води мудриот советник
  • Вредноста од мнозина советници
  • Сведочење со благост
  • Од сите се бара благост
  • Колку се среќни оние со блага нарав!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Покажувај „секаква благост спрема сите луѓе“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Благоста — неопходна христијанска особина
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Благост — како може да ни користи?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/10 стр. 15-20

Облечете се во благост!

”Како Божји избрани, свети и љубени, облечете се во нежна наклоност на сочувство, доброљубивост, понизност на умот, благост и долготрпеливост“ (КОЛОСЈАНИТЕ 3:12, NW).

1-3. Што рекол апостол Павле во Колосјаните 3:12-14 за благоста и другите божествени особини?

ЈЕХОВА му ја дава на својот народ најдобрата симболична облека. Всушност, сите кои ја сакаат неговата наклоност мораат да бидат облечени во облека која има јаки нишки на благост. Таа особина е угодна, бидејќи ја смалува напнатоста во тешките ситуации. Таа е исто и заштитна бидејќи ја одбива кавгата.

2 Апостол Павле ги поттикнал другите помазани христијани: ”Како Божји избрани, свети и љубени, облечете се во нежна наклоност на сочувство, доброљубивост, понизност на умот, благост и долготрпеливост“ (Колосјаните 3:12, NW). Глаголската форма на грчкиот збор преведен со ”облечете се“ означува дејство кое треба да се преземе со чувство на итност. Помазаниците, кои биле избрани, свети и љубени од Бог, не требало да одлагаат да се облечат во такви особини како што е благоста.

3 Павле додал: ”Поднесувајте се еден со друг и добростиво простувајте си меѓусебе ако некој има нешто против некого што е за укор. Како што Господ вам добростиво ви простил, така правете и вие! А над сето тоа облечете се во љубов, која е врска на совршена складност!“ (Колошанима 3:13, 14, Ст). Љубовта, благоста и другите божествени особини им овозможуваат на Јеховините сведоци да ”живеат заедно во единство“ (Псалми 133:1-3, NW).

Потребни се пастири со блага нарав

4. Од кои особини се состои симболичната облека која ја носат вистинските христијани?

4 Вистинските христијани се трудат да ’го умртват она што е земско во нивното тело: блудност, нечистота, сласт, зли желби и лакомство‘ и да работат на тоа да отстранат било каква и да е стара облека во која има нишка на бес, гнев, злоба, навредлив говор и срамни зборови (Колошанима 3:5-11, ДК). Тие ја соблекуваат ”старата личност“ (буквално: ”стариот човек“) и ја облекуваат ”новата личност“ (или: ”новиот човек“), прикладна облека (Ефесјаните 4:22-24, Kingdom Interlinear). Нивната нова облека, исткаена од сочувство, доброљубивост, понизност на мислите, благост и долготрпеливост, им помага да ги решаваат проблемите и да водат богобојазлив живот (Матеј 5:9; 18:33; Лука 6:36; Филипјаните 4:2, 3).

5. Поради кое обележје на дејствувањето на христијанското собрание е посебна радост да се биде дел од него?

5 Луѓето кои во овој свет се сметаат за успешни често се безобѕирни, дури и сурови (Изреките 29:22). Колку Јеховиниот народ освежувачки се разликува! Христијанското собрание не функционира на начин како што некои луѓе водат некоја фирма — на делотворен, но груб начин кој може да ги направи луѓето несреќни. Наместо тоа, радост е да се биде дел од собранието. Една од причините е што благоста на наравот е обележје на мудроста која ја покажуваат христијаните воопшто, а особено мажите кои се оспособени да ги поучуваат другите верници. Да, радост произлегува од поуката и советот кои ги даваат наименуваните старешини кои поучуваат ”со благост која е својствена за мудроста!“ (Јаков 3:13, NW).

6. Зошто христијанските старешини мораат да бидат со блага нарав?

6 Духот, или преовладувачкиот став на Божјиот народ, бара оние мажи на кои им е доверено надгледување во собранието да бидат со блага нарав, разумни и разбрани (1. Тимотеј 3:1-3). Јеховините слуги се како питоми овци, а не како своеглави јарци, тврдоглави маски или грабежливи волци (Псалми 32:9, ДК; Лука 10:3). Бидејќи се како овци, со нив треба да се постапува благо и нежно (Дела 20:28, 29). Да, Бог очекува од старешините спрема неговите овци да бидат благи, љубезни, полни со љубов и стрпливи (Језекиил 34:17-24).

7. Како треба старешините да ги поучуваат другите или да им помагаат на духовно болните?

7 Како ’Господов слуга‘, старешината мора ’спрема сите да биде љубезен, способен да поучи и претрпи; противниците да ги укори со благост, за да Бог им даде обраќање потполно да ја спознаат вистината‘ (2. Тимотеју 2:24, 25, Ст). Христијанските пастири треба да покажат нежна обѕирност кога се обидуваат да им помогнат на духовно болните, затоа што овците му припаѓаат на Бог. Старешините не смеат да постапуваат со нив како што би постапувал наемник, туку треба да бидат со блага нарав, како Добриот Пастир, Исус Христос (Јован 10:11-13).

8. Што му се случило на благиот по нарав Мојсеј, и зошто?

8 На некој старешина можеби понекогаш му е тешко да одржува благ дух. ”Мојсеј беше најкроткиот човек меѓу сите луѓе на земјата“ (4. Мојсеева 12:3). Сепак, кога Израелците кај Кадес снемале вода, тие се карале со Мојсеј и го обвиниле што ги довел од Египет во неплодна пустелија. Покрај сѐ она што Мојсеј скромно го поднел, тој говорел брзоплето и грубо. Тој и Арон стоеле пред народот и го свртеле вниманието на себе, а Мојсеј рекол: ”Чујте ме, непокорници, зар може од оваа карпа да ви извадиме вода?“ Мојсеј тогаш ја удрил карпата двапати со стапот, а Бог направил да потече ”многу вода“ за народот и нивниот добиток. Јехова не бил задоволен, бидејќи Мојсеј и Арон не го посветиле Него, и затоа Мојсеј немал предност да ги доведе Израелците во Ветената земја (4. Мојсеева 20:1-13; 5. Мојсеева 32:50-52; Псалми 106:32, 33, ДК).

9. Како може да биде искушана благоста на старешината?

9 И благоста на христијанскиот старешина може да биде искушана на различни начини. На пример, Павле го предупредил Тимотеј дека би можел да се појави некој ”надуен“ и кој ”боледува од потпрашувања и празно препирање“. Павле додал: ”Од тоа настануваат зависти, кавга, пцовки, злобни сомнежи, препирки на луѓе со расипан ум и лишени од вистината.“ Надгледникот Тимотеј не требало да постапува грубо, туку требало да ’бега од тоа‘, и да ’тежнее по праведност, побожност, вера, љубов, постојаност, благост“ (1. Тимотеју 6:4, 5, 11, Ст).

10. На што требало Тит да ги потсети собранијата?

10 Иако старешините треба да бидат благи, тие мораат да бидат одлучни за она што е исправно. Тит бил таков, потсетувајќи ги оние кои биле поврзани со собранието на Крит ”никому да не нанесуваат навреди, да не се караат, да бидат пресретливи и потполно благи спрема сите луѓе‘ (Тит 3:1, 2, Ст). Покажувајќи зошто христијаните треба да бидат со блага нарав спрема сите, Тит требало да укаже колку Јехова бил обѕирен и полн со љубов. Бог не ги спасил верниците поради некои праведни дела што ги направиле, туку поради својата милост преку Исус Христос. Јеховината благост и стрпливост значат спасение и за нас. Затоа, и денешните старешини, како Тит, би требало да ги потсетуваат собранијата да бидат во подложност на Бог, имитирајќи го Него преку благо постапување со другите (Тит 3:3-7; 2. Петрово 3:9, 15).

Благоста го води мудриот советник

11. Како треба да биде даден советот, според Галатјаните 6:1, 2?

11 Што ако некоја симболична овца погрешила? Павле рекол: ”Браќа, ако и западне некаков престап, вие духовните исправајте го таквиот во духот на благоста! И внимавај на самиот себе да не бидеш искушан и ти! Носете ги бремињата еден на друг, и така ќе го исполните законот Христов!“ (Галаћанима 6:1, 2, Ст). Советот е поделотворен ако е даден во дух на благост. Дури и ако старешините се обидуваат да го советуваат разгневеното лице, тие треба да покажуваат самосовладување, сфаќајќи дека ”мекиот јазик коски крши“ (Соломонови изреки 25:15, NW). Некој чија личност е тврда како коска може да биде омекнат со блага изјава, а неговата тврдост може да биде омекната.

12. Како благиот дух му помага на советникот?

12 Јехова е Поучувач со блага нарав, а неговиот благ начин на поучување во собранието е делотворен. Тоа особено е случај кога старешините најдат за потребно да ги советуваат оние на кои им е потребна духовна помош. Ученикот Јаков напишал: ”Кој меѓу вас е мудар и паметен? Нека со доброто живеење покаже дела направени со благост која е својствена за мудроста!“ Благоста произлегува од почитување и благодарност за ”мудроста која доаѓа одозгора“, поврзана со скромното признавање на сопствените граници. Благиот и понизен дух го штити советникот од тоа да не прави штетни забелешки и грешки, и овозможува полесно да се прифати неговиот совет (Јаков 3:13, 17, Ст).

13. Како ’благоста која е својствена за мудроста‘ влијае на начинот на кој се дава совет?

13 ”Благост која е својствена за мудроста“ го штити советникот да не биде непромислено суров или груб. Сепак, обѕирноста заради пријателството или нечие одобрување не смеат да го поттикнат старешината да каже нешто со намера да угодува, наместо благо да изнесе директен совет темелен на Божјата Реч (Изреките 24:24-26; 28:23). Советот што Амнон го добил од својот братучед ја задоволил неговата желба, но го чинело живот (2. Самоилова 13:1-19, 28, 29). Затоа, денешните старешни не смеат да ги разводнуваат библиските начела за да ублажат нечија совест, зашто тоа може да го загрози животот на тоа лице. Како Павле, старешините не смеат да се притеснуваат да им го кажат на другите ”целиот Божји совет“ (Дела 20:26, 27, NW; 2. Тимотеј 4:1-4). Зрелиот христијански советник покажува божествен страв и дава исправен совет со благост која е својствена за мудроста.

14. Зошто старешината треба да биде внимателен да не донесува одлуки кои другите би требало сами да ги донесат?

14 Благоста поврзана со божествената мудрост ќе го сочува старешината да поставува груби барања. Исто така тој би требало да сфати дека не е мудро и на место да донесува одлука која другиот би требало сам да ја донесе. Старешината би бил одговорен за последиците ако би донел одлуки за другите и би сносел дел од вината за каков и да е лош исход. Старешината може да укаже на она што го кажува Библијата, но ако по тоа прашање нема библиски закон, поединецот мора на темел на своето просудување и совеста сам да одлучи што ќе направи или што нема да направи. Како што рекол Павле: ”Секој ќе го носи своето бреме“ (Галатјаните 6:5, Ст; Римјаните 14:12). Меѓутоа, старешината може да му помогне на оној кој бара совет да донесе исправна одлука така што ќе поставува прашања кои ќе му помогнат да размислува за библиските стихови поврзани со расположливите патишта кои стојат пред него.

15. Што треба да се стори ако старешината не го знае одговорот на некое прашање?

15 Ако старешината не знае одговор на некое прашање, не треба да одговори само да обели образ. Благоста која е својствена за мудроста ќе го чува од нагаѓање и од можноста да даде погрешен одговор кој подоцна би создал неволја. Постои ”време кога се молчи, и време кога се зборува“. (Проповедник 3:7; спореди Изреките 21:23.) Старешината треба да ’зборува‘ само кога го знае одговорот на прашањето или кога доволно проучувал за да даде точен одговор. Мудро е сомнителните прашања да се остават без одговор (Изреките 12:8; 17:27; 1. Тимотеј 1:3-7; 2. Тимотеј 2:14).

Вредноста од мнозина советници

16, 17. Зошто за старешините е прикладно да се консултираат едни со други?

16 Молитвата и проучувањето ќе им помогнат на старешините да одговорат на прашањата и да ги решаваат тешките проблеми, но треба да се има на ум дека ”во мноштвото советници има успех“ (Пословици 15:22, NW). Консултирањето со другите старешини доведува до вредно здружување на мудроста (Приче Саламунове 13:20, ДК). Немаат сите старешини еднакво искуство или библиско спознание. Според тоа, благоста која е својствена за мудроста треба да го поттикне помалку искусниот старешина да се посоветува со старешините кои имаат поголемо спознание и повеќе искуство, особено кога треба да се реши некое сериозно прашање.

17 Кога старешините се избрани да решат некое сериозно прашање, тие сѐ уште можат доверливо да бараат помош. За да му помогнат во судењето на Израелците, Мојсеј избрал ”луѓе способни, богобојазни и доверливи, кои мразат мито“. Иако биле старешини, тие немале толку спознание и искуство како што имал Мојсеј. Затоа, ’тешките случаи ги изнесувале пред Мојсеј, а сите помали ги решавале сами“ (Излазак 18:13-27, Ст). Затоа, ако е неопходно, старешините кои решаваат тежок случај денес, можат исправно да бараат помош од искусни надгледници, иако конечната одлука ја донесуваат сами.

18. Кои се пресудните фактори кои гарантираат исправни одлуки во решавањето на правните случаи?

18 Еврејската Мишна вели дека бројот на оние кои ги сочинувале селските судови во Израел варирал според тежината на случајот. Постои вистинска вредност во мнозината советници, иако самиот број не е гаранција за исправноста, бидејќи и голем број луѓе можат да погрешат (2. Мојсеева 23:2). Пресудните фактори кои даваат гаранција дека ќе бидат донесени исправни одлуки се Библијата и Божјиот дух. Мудроста и благоста ќе ги поттикнат христијаните да им се подложат на тие фактори.

Сведочење со благост

19. Како благоста му помага на Јеховиниот народ да им сведочи на другите?

19 Благоста исто така им помага на Јеховините слуги да им сведочат на луѓе со различни нарави (1. Коринтјаните 9:22, 23). Бидејќи Исус поучувал со благост, понизните не се плашеле од него како што се плашеле од грубите религиозни водачи (Матеј 9:36). Се разбира, неговиот благ начин привлекувал ”овци“, а не злобни ”јарци“ (Матеј 25:31-46, ДК; Јован 3:16-21). Иако Исус користел силни изрази во соочувањето со лицемерите слични на јарци, Јеховините сведоци мораат да бидат благи кога денес ги објавуваат Божјите пораки на суд, бидејќи го немаат истиот увид и авторитет кој го имал Исус (Матеј 23:13-36). Додека ја слушаат пораката за Царството проповедана со благост, ’оние кои се исправно наклонети за вечен живот стануваат верници‘, како што било со лицата слични на овци кои го слушале Исус (Дела 13:48, NW).

20. Како оној кој ја проучува Библијата има корист кога е поучуван со благост?

20 Постигнати се добри резултати со сведочење и поучување на другите со благост и обраќајќи им се на темел на логиката, библиските начела и вистината. ”Почитувајте го во своите срца Христос како Господ“, напишал Петар, ”секогаш спремни на одговор секому кој ќе ви побара причина за надежта која е во вас. Но тоа нека биде благо и со почитување“ (1. Петрова 3:15, 16, Ст). Интересентот кој е поучуван на благ начин може да се концентрира на материјалот наместо да биде збунет или можеби дури спрепнат од грубиот, препирачки начин. Како Павле, слугите кои поучуваат со благост можат да речат: ”Ние со ништо не даваме никаков повод за соблазнување, за да не се озлогласи нашата служба“ (2. Коринћанима 6:3, Ст). Дури и противниците понекогаш поволно се одѕиваат на оние кои поучуваат со благост.

Од сите се бара благост

21, 22. Од каква корист е благоста за сиот Јеховин народ?

21 Христијанската благост не треба да се облекува само за да остави впечаток на оние надвор од Јеховината организација. Таа особина е исто така пресудна и во односите помеѓу Божјиот народ (Колошанима 3:12-14, Ба; 1. Петрово 4:8). Кога старешините и слугите помошници со блага нарав складно соработуваат, со тоа собранијата духовно се изградуваат. Покажување на благост и други божествени особини е важно за секој од Јеховиниот народ, бидејќи е ”еден закон“ за сите (2. Мојсеева 12:49; 3. Мојсеева 24:22).

22 Благоста придонесува за мирот и среќата на Божјиот народ. Според тоа, таа треба да биде дел од ткаенината на особини кои ја сочинуваат облеката која христијаните ја носат дома, во собранието и на други места. Да, сите Јеховини слуги треба да се облечат во благост.

Како би одговорил?

◻ Зошто христијанските старешини мораат да бидат со блага нарав?

◻ Како благоста го води мудриот советник?

◻ Која е вредноста од мнозината советници?

◻ Зошто е корисно да се сведочи со благост?

[Слика на страница 17]

Јеховиниот народ е сличен на овци и потребно е со него да се постапува со благост

[Извор на слика]

Гаро Налбандијан

[Слика на страница 19]

Благоста му овозможува на Јеховиниот народ да им сведочи на луѓе со различни карактери

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели