Прашања од читателите
◼ Зошто 29. г.н.е. се смета за централен датум во библиската историја, наместо 14. г.н.е., почетокот на владеењето на Тибериј Цезар, кој се споменува во Лука 3:1?
Почетокот на владеењето на Тибериј не се споменува во Библијата, туку еден настан кој се одиграл во завршниот дел од 15-та година од неговото владеење. Тоа им помага на истражувачите на Библијата да утврдат дека настанот се случил во 29. г.н.е., кој може да се смета како централен датум од библиска гледна точка.
Владеењето на вториот римски император, Тибериј Цезар, е добро потврдено во историјата. The New Encyclopædia Britannica вели: „Летото Господово 14, на 19. август, умрел Августин [првиот император]. Тибериј, сега врховен командант, правел политички сплетки со Сенатот и не дозволил да биде наименуван за император по околу еден месец, туку го наследил принципатот на 17. септември“.a
Оваа утврдена точка за почетокот на владеењето на Тибериј е библиски важно, бидејќи во Лука 3:1-3 за службата на Јован Кристител се вели: „Во петнаесеттата година од владеењето на ќесарот Тибериј, кога Понтиј Пилат беше управител на Јудеја, (...) му рече Бог на Јована, синот Захариев, во пустињата. И тој го обиколи целиот крај околу Јордан, проповедајќи покајно крштавање за проштавање на гревовите“.
Јован не почнал да проповеда и крштава кога Тибериј станал император, туку „во петнаесеттата година од владеењето на ќесарот Тибериј“. Таа 15-та година почнала есента 28. н.е. до следната есен, 29. н.е. Меѓутоа, ова не помага точно да се одреди кога започнала Јовановата служба или да се пресметаат поврзаните настани.
Но, Библијата ни дава важни дополнителни информации. На пример, Даниеловото пророштво за ‚седумдесетте седмици‘ укажува на 29 г.н.е. до појавувањето на Месијата. Тоа исто така укажува дека Исусовата служба ќе трае три и пол години (Даниел 9:24-27). Додај ги кон ова овие библиски деталји: Исус се родил шест месеци после Јован; кога се крстил, Исус имал „околу триесет години“; и Исус умрел пролетта 33. г.н.е. (во времето на Пасхата), на 33 и пол години (Лука 1:24-38; 3:23; 22:14-16, 54).b
Со такви прецизни библиски информации, заедно со световното датирање на владеењето на Тибериј, библиските истражувачи можат да пресметаат дека Јовановата служба започнала пролетта 29. г.н.е. и дека шест месеци подоцна, есента 29. г.н.е., Јован го крстил Исус. Затоа, не 14. г.н.е., туку 29. г.н.е. се смета за централен датум од гледиштето на Библијата.
[Фусноти]
a Датумот 17. септември од јулијанскиот календар е еднаков на 15. септември од грегоријанскиот календар, којшто денес општо е прифатен.
b Спореди Insight on the Scriptures (Увид во Писмото) том 1, стр. 458, 463, 467; том 2, стр. 87, 899-902, 1099, 1100, издаден од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.