ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/12 стр. 14-18
  • Остани блиску до Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Остани блиску до Јехова
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Одговор според Божјата намера
  • Примери на оние кои останале блиску до Јехова
  • Исус — наш пример
  • Да ги фрлиме своите бремиња на Јехова
  • Молитва и надеж да продолжиме
  • Зошто да се молиме непрестајно?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Како можеш да се приближиш кон Бог
    Спознание кое води до вечен живот
  • Крени ги лојалните раце во молитва
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Зближи се со Бог преку молитва
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/12 стр. 14-18

Остани блиску до Јехова

„Истрајте во молитва“ (РИМЈАНИТЕ 12:12, NW).

1. Која е Јеховината волја во врска со молитвата, и какво охрабрување дал апостол Павле за молењето?

ЈЕХОВА е ‚Богот кој му дава надеж‘ на сиот свој верен народ. Како „Слушач на молитви“, Тој ги слуша нивните молби за помош за да ја добијат радосната надеж која ја поставува пред нив (Римјаните 15:13, NW; Псалми 65:2, NW). А преку својата Реч, Библијата, тој ги поттикнува сите свои слуги да дојдат кај него кога сакаат. Тој е секогаш тука, спремен да ги прими нивните најскриени грижи. Всушност, тој ги подбудува да ‚истраат во молитва‘ и да се ‚молат постојано‘a (Римјаните 12:12, NW; 1. Солунјаните 5:17). Јеховина волја е сите христијани постојано да го повикуваат во молитва, изливајќи му ги своите срца, и тоа во името на неговиот сакан Син, Исус Христос (Јован 14:6, 13, 14, NW).

2, 3. (а) Зошто Бог нѐ опоменува да ‚истраеме во молитва‘? (б) Каква гаранција имаме дека Бог бара да се молиме?

2 Зошто Бог ни ја дава оваа опомена? Затоа што животните притисоци и одговорности можат толку многу да ни натежнат што би можеле да заборавиме да се молиме. Или можат да нѐ надвладеат проблеми и да предизвикаат да престанеме да се радуваме во надежта и да престанеме да се молиме. Со оглед на овие работи, ни требаат потсетници кои нѐ поттикнуваат да се молиме за да се приближиме многу близу до изворот на помош и утеха, Јехова нашиот Бог.

3 Ученикот Јаков напишал: „Приближете се кон Бога, и Он ќе се приближи кон вас“ (Јаков 4:8). Да, Бог не е ниту надуен ниту премногу далечен за да не ги слушне нашите изрази до него, и покрај нашата несовршена човечка состојба (Дела на св. апостоли 17:27). И повеќе од тоа, тој не е рамнодушен и незаинтересиран. Псалмистот вели: „Очите Јахвини гледаат на праведните, неговите уши ги слушаат нивните молења“ (Псалми 34:16, Ст; 1. Петрово 3:12).

4. Како би можела да се опише Јеховината внимателност кон молитвата?

4 Јехова нѐ повикува на молитва. Тоа би можеле да го споредиме со еден собир кадешто неколку луѓе заедно зборуваат. Ти си таму и слушаш како другите зборуваат. Ти си во улога на набљудувач. Но потоа некој се свртува кон тебе, го повикува твоето име и ти зборува на тебе. Тоа ти го обзема вниманието на посебен начин. На сличен начин, Бог е секогаш внимателен спрема својот народ, каде и да се наоѓа (2. Дневници 16:9; Изреките 15:3). Така тој ги слуша нашите зборови и, така да се каже, нѐ набљудува заштитнички и со интерес. Меѓутоа, кога го повикуваме Божјето име во молитва, неговото внимание е привлечено, и сега тој отворено е концентриран на нас. Со својата моќ, Јехова може дури да ја открие и сфати човечката неизговорена молба принесена од скриените длабочини на срцето и умот. Бог ни гарантира дека тој ќе се приближи до сите кои искрено го повикуваат неговото име и кои бараат да останат близу до него (Псалми 145:18, NW).

Одговор според Божјата намера

5. (а) Што покажува советот „истрајте во молитва“ во врска со нашите молитви? (б) Како Бог одговара на молитвите?

5 Советот да се истрае во молитва укажува дека Јехова понекогаш може да ни дозволи да се молиме за некоја работа извесно време пред да биде видлив неговиот одговор. Би можеле дури да бидеме склони да се измориме од молењето на Бог за наклоност или љубезна доброљубивост кои можеби се чинат многу потребни, но долго се одложувани. Затоа, Јехова Бог нѐ моли да не попуштаме под каква и да било слична склоност, туку и понатаму да се молиме. Треба да продолжиме да го молиме за нашите грижи, сигурни дека тој ја почитува нашата молитва и ќе ни излезе во пресрет на нашата вистинска потреба, а не само на она што ние сме си го замислиле. Без сомнение дека Јехова Бог ги споредува нашите молби според својата намера. На пример, можеби другите ќе бидат погодени од нашето барање. Тоа би можеле да го споредиме со татко чиј син од него бара велосипед. Таткото знае дека ако му купи велосипед на тој син, и другиот син ќе сака велосипед. Бидејќи едниот син можеби е премлад за велосипед, таткото може да одлучи воопшто да не купува во тоа одредено време. На сличен начин, во светлината на својата намера и временското планирање на работите, нашиот небесен Татко одлучува што е навистина најдобро за нас и за другите (Псалми 84:8, 11, ДК; спореди Авакум 2:3).

6. Каква споредба дал Исус во врска со молитвата, и што покажува истрајноста во молитва?

6 Вредно е да се забележи споредбата што ја дал Исус во врска со потребата неговите ученици ‚секогаш да се молат и да не попуштат‘. Една вдовица, не можејќи да добие правда, била истрајна во своето барање до еден човек кој бил судија додека конечно не добила правда. Исус додал: „Тогаш, зарем нема и Бог сигурно да направи да се изврши правда за неговите избрани?“ (Лука 18:1-7, NW). Истрајноста во молитвата ја покажува нашата вера, нашата зависност од Јехова, нашата спремност да останеме близу до него и да го молиме, оставајќи го исходот во негови раце (Евреите 11:6).

Примери на оние кои останале блиску до Јехова

7. Како можеме да ја имитираме верата на Авел и да останеме близу до Јехова?

7 Библијата изобилува со извештаи за молитви изговорени од Божји слуги. Тоа „беше напишано за наша поука, та преку трпението и преку утехата од Писмата да имаме надеж“ (Римјаните 15:4). Нашата надеж ќе се зајакнува ако разгледаме некои примери на оние кои останале близу до Јехова. Авел му принел прифатлива жртва на Бог, и иако не се известува за молитва, тој без сомнение му се обратил на Јехова во молитва за да неговата жртва биде прифатена. Во Евреите 11:4 се вели: „Со вера Авел Му принесе на Бога подобра жртва, отколку Каин; преку неа тој доби сведоштво дека е праведен“. Авел знаел за Божјето ветување во 1. Мојсеева 3:15, но во споредба со тоа што ние сега го знаеме, тој знаел многу малку. Сепак, Авел постапил по она спознание кое го имал. Така и денес, некои од новозаинтересираните за Божјата вистина сѐ уште немаат многу спознание, но тие се молат и на најдобар начин го искористуваат спознанието што го имаат, како што било со Авел. Да, тие постапуваат по вера.

8. Зошто можеме да бидеме сигурни дека Авраам останал близу до Јехова, и кое прашање треба да си го поставиме?

8 Друг верен Божји слуга бил Авраам, „татко на сите (...) што веруваат“ (Римјаните 4:11). Денес, повеќе од кога и да е, ни треба јака вера, и треба да се молиме со вера, како што се молел Авраам. Во 1. Мојсеева 12:8, (NW) се вели дека му изградил олтар ‚на Јехова и почнал да го привикува името Јеховино‘. Авраам го знаел Божјето име и го употребувал во молитва. Секогаш одново искрено истрајувал во молитва, привикувајќи го „името Јеховино, Богот кој трае недогледно“ (1. Мојсеева 13:4; 21:33, NW). Авраам го привикувал Бог со вера поради што станал прочуен (Евреите 11:17-19). Молитвата му помогнала на Авраам да продолжи обилно да се радува во надежта за Царството. Дали ние го следиме Авраамовиот пример на истрајност во молитва?

9. (а) Зошто Давидовите молитви се од голема корист за Божјиот народ денес? (б) Што би можело да произлезе од нашето молење, како што се молел Давид, да останеме близу до Јехова?

9 Давид бил истакнат што се однесува до истрајноста во молитва, а неговите псалми покажуваат какви треба да бидат молитвите. На пример, Божјите слуги можат со право да се молат за работи како што е спасение или ослободување (3:7, 8; 60:5, ДК), водство (25:4, 5, NW), заштита (17:8, ДК), простување на гревовите (25:7, 11, 18, ДК) и за чисто срце (51:10, NW). Кога Давид се чувствувал потиштено, тој се молел: „Развесели ја душата на својот слуга“ (86:4, Ст). Можеме и ние да се молиме за радосно срце, знаејќи дека Јехова сака да се радуваме во нашата надеж. Давид останал близу до Јехова и се молел: „Мојата душа се прилепила за тебе, твојата десница ме држи“ (63:8, ДК). Дали ќе останеме близу до Јехова како што останал Давид? Ако останеме, тој ќе нѐ поткрепи и нас.

10. Кои погрешни мисли ги имал псалмистот Асаф едно време, но што сфатил?

10 Ако сакаме да останеме близу до Јехова, треба да избегнуваме да им завидуваме на злите поради нивниот безгрижен и материјалистички живот. Псалмистот Асаф едно време мислел дека не вреди да му служи на Јехова поради тоа што злите се „секогаш спокојни“. Сепак, тој увидел дека неговото размислување било погрешно и дека злите се „на лизгава патека“. Сфатил дека нема ништо подобро од тоа да се остане блиску до Јехова, и на Бог му се изразил на следниов начин: „Отсега ќе бидам секогаш со тебе, бидејќи ти ја прифати мојата десница. Навистина, ќе пропаднат оние кои се оддалечуваат од тебе. (...) А мене ми е милина да бидам во Божјата близина, да имам свое засолниште во Јахве. Ќе ги раскажувам сите твои дела“ (Псалми 73:12, 13, 18, 23, 27, 28, Ст). Наместо да им завидуваме на безгрижниот живот на злите, луѓето без надеж, да го имитираме Асаф и да останеме блиску до Јехова.

11. Зошто Даниел е одличен пример во останувањето блиску до Јехова, и како можеме ние да го имитираме?

11 Даниел одлучно истрајал во молитва, дури и кога бил соочен со опасноста да биде фрлен во лавовската јама поради занемарувањето на официјалната забрана за молитвата. Но Јехова „го испрати својот ангел и им ја затвори устата на лавовите“, и го спасил Даниел (Даниел 6:7-10, 22, 27). Даниел бил богато благословен со тоа што истрајал во молитва. Дали и ние истрајуваме во молитва, особено кога се соочуваме со спротивставување на нашето проповедање за Царството?

Исус — наш пример

12. (а) Каков пример дал Исус во врска со молитвата на почетокот од својата служба, и како може тоа да биде од корист за христијаните? (б) Што открива за молитвата Исусовата примерна молитва?

12 Уште на почетокот од својата земска служба, извештаите покажуваат дека Исус се оддавал на молитва. Неговиот став на молитва додека се крштевал претставува добар пример за оние кои во денешно време се крштеваат со вода (Лука 3:21, 22). Некој може да моли за Божја помош за да го изврши она што е симболизирано со крштевањето во вода. Исус им помагал и на другите да му пристапат на Јехова во молитва. Во една прилика кога Исус бил на едно место и се молел, еден од учениците после тоа му рекол: „Господи, научи нѐ да се молиме“. Исус потоа го изговорил она што е општо познато како примерна молитва, во која редоследот на темите покажува дека на Божјето име и намера треба да им се даде предност (Лука 11:1-4). Затоа, во нашите молитви треба да ја зачуваме перспективата и рамнотежата, не занемарувајќи ги „поважните работи“ (Филипјаните 1:9, 10, NW). Се разбира, има времиња на посебна потреба или кога е потребно на некој одреден проблем да му се пристапи внимателно. Како Исус, христијаните можат да дојдат кај Бог во молитва да бараат сила за да извршат одредени задачи или да се соочат со посебни искушенија или опасности (Матеј 26:36-44). Всушност, личните молитви можат практично да го опфатат секој аспект од животот.

13. Како Исус ја покажал важноста од молењето за другите?

13 Со својот добар пример, Исус ја покажал важноста на молењето во корист на другите. Тој знаел дека неговите ученици ќе бидат омразени и прогонувани, како што бил и тој (Јован 15:18-20; 1. Петрово 5:9). Затоа, го молел Бог ‚да ги зачува од Злобниот‘ (Јован 17:9, 11, 15, 20, Ст). Бидејќи знаел за посебното искушение кое му претстоело на Петар, тој му рекол: „Јас се молев за тебе да не престане твојата вера“ (Лука 22:32, ДК). Колку е корисно ако и ние истраеме во молењето за нашите браќа, ако размислуваме за другите, а не само за сопствените проблеми и интереси! (Филипјаните 2:4; Колосјаните 1:9, 10).

14. Како знаеме дека Исус останал многу близу до Јехова во текот на својата земска служба, и како можеме ние да го имитираме?

14 Во текот на својата служба, Исус истрајал во молитва и останал многу близу до Јехова (Евреите 5:7-10). Апостол Петар, во Дела на апостолите 2:25-28, (NW), го цитира Псалм 16:8 и го применува на Господ Исус Христос: „Давид за него вели: ‚Постојано го имав Јехова пред очите; зашто тој ми е оддесно за да никогаш не бидам разнишан‘“. Слично можеме и ние. Можеме да го молиме Бог да биде близу до нас, и можеме да ја покажеме својата доверба во Јехова со тоа што постојано духовно ќе го држиме пред очите. (Спореди Псалми 110:5, ДК; Исаија 41:10, 13). Тогаш ќе избегнуваме секаков вид на неволји, зашто Јехова ќе нѐ поткрепи и никогаш нема да се поколебаме.

15. (а) Во поглед на што не треба да пропуштиме да истраеме во молитвата? (б) Какво предупредување е дадено во врска со нашата благодарност?

15 Никогаш да не пропуштиме да му изразиме благодарност на Јехова за сета негова доброта спрема нас, да, за „Божјата ненадминлива незаслужена доброљубивост“, која го вклучува дарот на неговиот Син како откупна жртва за нашите гревови (2. Коринтјаните 9:14, 15, NW; Марко 10:45; Јован 3:16; Римјаните 8:32; 1. Јованово 4:9, 10). Всушност, во името на Исус, ‚секогаш да Му благодариме за сѐ на Бога и Отецот‘ (Ефесјаните 5:19, 20; Колосјаните 4:2; 1. Солунјаните 5:18). Мораме да бидеме внимателни да не дозволиме нашата благодарност за она што го имаме да исчезне затоа што сме толку преокупирани со она што го немаме или пак со своите проблеми.

Да ги фрлиме своите бремиња на Јехова

16. Што треба да правиме кога нѐ мачи некое бреме?

16 Истрајноста во молитва ја покажува длабочината на нашата оддаденост. Кога го повикуваме Бог, тоа делува добро на нас дури и пред да дојде одговор од него. Ако некој товар нѐ мачи, можеме да останеме близу до Јехова ако го следиме советот: „Фрли го своето бреме на Јехова, и тој самиот ќе те поткрепи“ (Псалми 55:22, NW). Ако сите наши бремиња — вознемиреност, грижи, разочарувања, стравови и сл. — ги фрламе на Бог, со потполна вера во него, добиваме смирено срце, „мир Божји кој ја надминува секоја мисла“ (Филипјаните 4:4, 7, NW; Псалми 68:19, ДК; Марко 11:24; 1. Петрово 5:7).

17. Како можеме да го добиеме Божјиот мир?

17 Дали тој Божји мир доаѓа веднаш? Иако можеме веднаш да добиеме извесно олеснување, она што Исус го рекол за молењето за свет дух важи и овде: „Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори“ (Лука 11:9-13). Бидејќи светиот дух е средство со кое ја отфрламе вознемиреноста, потребно е да истраеме во барањето на Божјиот мир и неговата помош во врска со нашите бремиња. Можеме да бидеме сигурни дека со истрајноста во молитва, ќе го добиеме саканото олеснување и смиреност на срцето.

18. Што прави Јехова за нас ако не знаеме точно за што да молиме во одредена ситуација?

18 Но што ако не знаеме точно за што да молиме? Нашите внатрешни воздивнувања често остануваат неизразени поради тоа што не ја разбираме во потполност својата ситуација, или сме неодлучни што да му изнесеме на Јехова. Тука може светиот дух да посредува за нас. Павле напишал: „Бидејќи не знаеме за што да се помолиме, како што треба, туку Духот сам посредува за нас со неискажливо воздивнување“ (Римјаните 8:26). Како тоа? Во Божјата Реч се наоѓаат инспирирани пророштва и молитви кои се однесуваат на нашата ситуација. Тој, така да се рече, дозволува тие да посредуваат за нас. Тој нив ги прифаќа како она за кое би молеле самите, само кога би го знаеле нивното значење во нашиот случај, и соодветно на тоа ги исполнува.

Молитва и надеж да продолжиме

19. Зошто молитвата и надежта ќе останат засекогаш?

19 Молитвата до нашиот небесен Татко ќе продолжи засекогаш, особено што се однесува до нашата благодарност за новиот свет и сите негови благослови (Исаија 65:24; Откровение 21:5). Исто така ќе продолжиме да се радуваме во надежта, зашто надежта во некаков облик ќе остане засекогаш. (Спореди 1. Коринтјаните 13:13). Кои нови работи Јехова ќе ги донесе кога повеќе нема да биде под Сабатниот ден на одмор во поглед на Земјата, коешто самиот си го наметнал, не можеме дури ни да замислиме (1. Мојсеева 2:2, 3). За сета вечност, тој ќе има љубезни изненадувања за својот народ, а иднината содржи величествени работи за нив во поглед на вршењето на неговата волја.

20. Каква треба да биде нашата одлучност и зошто?

20 Со таква воодушевувачка надеж пред нас, нека сите ние останеме близу до Јехова и да истраеме во молитва. Никогаш да не престанеме да му се заблагодаруваме на нашиот небесен Татко за сите наши благослови. Нашите очекувања ќе бидат радосно остварени во право време, дури и повеќе отколку што сме можеле да си замислиме или очекуваме, затоа што Јехова може „да прави далеку повеќе од она што сакаме или мислиме“ (Ефежанима 3:20, Бакотиќ). Тогаш, со оглед на тоа, да му ја дадеме сета фалба и слава и благодарност за сета вечност на Јехова нашиот Бог, „Слушачот на молитви“!

[Фуснота]

a Според Webster’s New Dictionary of Synonyms (Новиот Вебстеров речник на синоними), „истрајноста скоро секогаш подразбира прекрасна особина; воедно укажува и на одбивањето на секое обесхрабрување заради неуспех, сомневања или потешкотии, и на цврстото и упорно стремење кон некоја цел или потфат“.

Како би одговорил?

◻ Зошто е потребно да истраеме во молитва?

◻ Што учиме од претхристијанските примери на молитва?

◻ Што нѐ учи Исусовиот пример за молитвата?

◻ Како можеме да ги фрлиме своите бремиња на Јехова, и со каков резултат?

[Слика на страница 17]

Даниел истрајал во молитва и покрај заканата да биде фрлен во лавовска јама

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели