ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/3 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сличен материјал
  • Ќе бидете „царство на свештеници“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Што значи новиот сојуз за тебе?
    Еремија и Божјата порака за нас
  • Поголеми благослови преку новиот завет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Јехова го претскажал новиот сојуз
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2017)
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/3 стр. 31

Прашања од читателите

Во Евреите 9:16 се вели дека склучувачот на сојузот мора да умре за сојузот да биде правосилен. Но Бог направил нов сојуз, и не умрел. Тогаш, како можеме да го разбереме овој стих?

Во Евреите 9:15-17 (NW) читаме: „Затоа е [Христос] и посредник на нов сојуз, за повиканите да би можеле да го примаат ветувањето на вечното наследство, бидејќи заради нивно ослободување од престапите под поранешниот сојуз, настапи смрт. Зашто, каде има сојуз, таму мора да биде принесена смртта на [човечкиот] склучувач на сојузот. Зашто сојузот е правосилен над мртви жртви, бидејќи никогаш не е во сила додека живее [човечкиот] склучувач на сојузот.a

Јехова е вистинскиот Творец на новиот сојуз. Во Еремија 31:31-34 Бог нарочно прорекол дека тој самиот ќе го склучи новиот сојуз со својот народ. Апостолот Павле го наведува тоа во Евреите 8:8-13, што покажува дека Павле го ценел тоа што овој божествен сојуз, строго кажано, потекнувал од Бог.

Меѓутоа, во Евреите 9. поглавје, Павле продолжува да ги разгледува различните улоги што Исус ги играл во поглед на новиот сојуз. Христос дошол како Првосвештеник на овој сојуз. Од друга гледна точка, Исус бил жртвата за новиот сојуз; само „крвта на Христа“ може да ја „очисти совеста наша од мртви дела“. Христос бил и Посредникот на овој сојуз, исто како што Мојсеј бил посредникот на сојузот на Законот (Евреите 9:11-15).

Павле споменал дека била потребна смрт за сојузот помеѓу Бог и луѓето да стане правосилен. Сојузот на Законот е еден таков пример. Мојсеј бил негов посредник, оној кој требало да придонесе за оваа спогодба помеѓу Бог и телесниот Израел. Така Мојсеј одиграл клучна улога и бил човекот кој постапувал со Израелците кога доаѓале под сојузот. Така Мојсеј би можел да се смета за човечки склучувач на сојуз кој потекнувал од Јехова. Но дали Мојсеј требало да ја пролие својата животна крв за сојузот на Законот да стапи во сила? Не. Наместо тоа биле принесени животински жртви, чија крв ја заменила крвта на Мојсеј (Евреите 9:18-22).

А што е со новиот сојуз помеѓу Јехова и нацијата на духовниот Израел? Исус Христос ја одиграл славната посредничка улога, како Посредник помеѓу Јехова и духовниот Израел. Иако овој сојуз потекнувал од Јехова, тој почивал на Исус Христос. Освен што бил негов Посредник, Исус исто така сам во тело имал непосредна соработка со оние кои требало најпрво да бидат земени во овој сојуз (Лука 22:20, 28, 29, NW). Освен тоа, тој бил оспособен да ја обезбеди потребната жртва за сојузот да стане правосилен. Оваа жртва не се состоела од обични животни, туку од совршен човечки живот. Така Павле можел да се осврне на Христос како на човечки склучувач на новиот сојуз. Откако „Христос стапи . . . во самото небо, за да сега се појави пред Божјата личност за нас“, новиот сојуз станал правосилен (Евреите 9:12-14, 24, NW).

Говорејќи за Мојсеј и Исус како човечки склучувачи на сојуз, Павле не сугерирал дека некој од дотичните сојузи потекнува од нив, кои всушност ги склучил Бог. Наместо тоа, овие двајца луѓе биле тесно вклучени како посредници во придонесувањето за дотичните сојузи. И во секој од овие случаи била потребна смрт — животни како замена за Мојсеј, и Исус кој ја принел сопствената животна крв за оние во новиот сојуз.

[Фуснота]

a Двата грчки збора што овде се употребени за „на склучувачот на сојуз“ се буквално преведени значат „оној кој за себе склучил сојуз“ или „оној кој склучува сојуз“ (The Kingdom Interlinear Translation of the Greek Scriptures, издаден од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc., и The Interlinear Greek-English New Testament од д-р Алфред Маршал).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели