ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/3 стр. 28-31
  • Јустин — филизоф, апологет и маченик

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јустин — филизоф, апологет и маченик
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Раниот живот и воспитување
  • Неговите дела одблизу
  • Неговата смрт
  • Од заблуда во заблуда
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • 3. дел — Дали апологетите учеле за науката за Тројство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Апологетите — бранители на христијанството или само филозофи?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Што да правам ако имам сериозна болест? (Дел 3)
    Младите прашуваат
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/3 стр. 28-31

Јустин — филизоф, апологет и маченик

„БАРАМЕ да се поведат истраги против христијаните, и, ако се покажат оправдани, да бидат казнети како што заслужуваат . . . Но, ако никој не може да ни докаже вина за ништо, заради злобните гласови, здравиот разум ви забранува . . . да им нанесете зло на невини луѓе. Во спротивно, ако сте ја научиле вистината, и не го правите она што е праведно, ќе бидете без оправдување пред Бог.“

Со овие зборови Јустин Маченик, уверен христијанин од вториот век н.е., му се обратил на римскиот император Антониј Пиј. Јустин барал трезвена судска истрага за животот и верувањата на оние кои се изјаснувале како христијани. Ова барање на правда дошло од еден човек со многу занимлива позадина и филозофија.

Раниот живот и воспитување

Јустин бил паганин, роден околу 110 н.е. во Самарија во градот Флавија Неаполис, денешен Наблус. Себеси се нарекувал Самарјанин, иако татко му и дедо му веројатно биле Римјани или Грци. Неговото воспитување во пагански обичаи поврзано со жедта за вистина, го довело до марливо проучување на филозофијата. Незадоволен од своето трагање меѓу стоиците, перипатетичарите и питагорејците, ги следел идеите на Платон.

Во едно од своите дела, Јустин ни кажува за својата желба да разговара со филозофи и вели: „Му се препуштив на еден извесен стоик; и откако поминав значително време со него, а не постигнав никакво понатамошно спознание за Бог, (бидејќи и самиот тој не знаеше), . . . го напуштив и отидов кај друг“ (Dialogue of Justin, Philosopher and Martyr, With Trypho, a Jew).

Јустин понатаму отишол кај еден перипатетичар кој бил повеќе заинтересиран за пари отколку за вистината. „Тој човек, откако ме забавуваше првите неколку дена“, вели Јустин, „бараше од мене да го утврдиме хонорарот, за нашата размена на мисли да не биде бескорисна. И него исто така го напуштив, сметајќи дека воопшто не е никаков филозоф.“

Желен да ја чуе „избраната филозофија“, Јустин ‚отишол кај еден питагореец, многу фален човек—кој имал многу високо мислење за својата мудрост‘. Јустин вели: „Кога имав состанок со него, посакав да станам негов слушател и ученик, а тој рече: ‚Па што тогаш? Си се запознал ли со музиката, астрономијата и геометријата? Дали очекуваш да ја сфатиш која и да е од овие [божествени] работи кои водат до среќен живот, ако првин не си информиран за овие?‘ . . . Ме одби кога го признав моето незнаење.“

Иако обесхрабрен, Јустин продолжил да ја бара вистината свртувајќи се кон обновените платонисти. Тој изјавува: „Потоа поминував колку што можев повеќе од времето со еден кој неодамна се досели во нашиот град — остроумен човек, кој имаше висока позиција меѓу платонистите — и јас напредував, секојдневно многу напредував . . ., така што за кратко време мислев дека сум станал мудар; ете толкава“, заклучува Јустин, „беше мојата глупавост“.

Трагањето на Јустин по вистината преку контактирање со филозофи било залудно. Но додека размислувал на морскиот брег, сретнал еден стар христијанин, „извесен стар човек, кој воопшто не изгледаше презриво, и имаше благи и достоинствени манири“. Разговорот што уследил му го свртел вниманието на темелните библиски учења кои се сосредоточуваат на потребата од точно спознание на Бог (Римјаните 10:2, 3).

Неименуваниот христијанин му рекол на Јустин: „Одамна, многу одамна пред сите овие кои се сметаат за филозофи, постоеле извесни луѓе кои биле и праведни и омилени кај Бог, кои . . . прорекле настани кои ќе се случат и кои сега се случуваат. Наречени се пророци. Само тие ја виделе и им ја објавиле вистината на луѓето, . . . и биле исполнети со Светиот Дух“. И понатаму поттикнувајќи го апетитот на Јустин, христијанинот рекол: „Нивните писма сѐ уште постојат, а оној кој ги прочитал, имал голема помош во своето спознание за почетокот и крајот на работите“ (Матеј 5:6; Дела на св. апостоли 3:18). Подбуден од љубезниот господин, Јустин марливо го испитувал Писмото и се чини дека постигнал извесна мера на ценење за него и за библиските пророштва, како што се гледа од неговите списи.

Неговите дела одблизу

Јустин бил импресиониран од бестрашноста на христијаните кога се соочувале со смртта. Исто така ги ценел веродостојните учења на Хебрејските списи. За да ги поткрепи аргументите во своето дело „Дијалог со Трифо“ (Dialogue With Trypho), Јустин цитирал од 1., 2., 3. и 5. Мојсеева, 2. Самоилова, 1. Царевите, Псалмите, Исаија, Јеремија, Езекиел, Даниел, Осија, Јоил, Амос, Јона, Михеј, Захарија и Малахија, како и од Евангелијата. Неговото ценење за овие библиски книги се гледа во дијалогот со Трифо, во кој Јустин се бави со јудаизмот кој верувал во Месијата.

Се известува дека Јустин бил евангелизатор кој ја објавувал добрата вест во секоја прилика. Веројатно патувал многу. Некое време поминал во Ефес, а веројатно едно прилично долго време престојувал во Рим.

Јустиновите книжевни дела ги опфаќаат апологиите напишани во одбрана на христијанството. Во својата прва апологија (First Apology), тој се обидува да ја разбие огромната темнина на паганската филозофија преку светлината од Писмото. Изјавува дека мудроста на филозофите е лажна и шуплива наспроти Христовите моќни зборови и дела. (Спореди Колосјаните 2:8.) Јустин се залага за презрените христијани со коишто и самиот се идентификува. По разговорот, тој и понатаму ги носи филизофскиот плашт, велејќи дека ја постигнал единствената вистинска филозофија.

Заради одбивањето да обожаваат пагански богови, христијаните од првиот век биле сметани за атеисти. „Ние не сме атеисти“, се бранел Јустин, „според начинот на кој го обожаваме Творецот на вселената . . . Наш Учител за овие работи е Исус Христос . . . Тој е Синот на вистинскиот Бог“. Во поглед на идолопоклонството, Јустин рекол: „Прават нешто што го нарекуваат бог; за кое сметаме не само дека е бесмислено, туку дека е навреда за Бог . . . Каква залуденост! На раскалашени луѓе да им се даде да моделират и прават богови за вашето обожавање“ (Исаија 44:14-20).

Преку бројни укажувања на Христијанските грчки списи, Јустин го изразува своето верување во воскресението, христијанскиот морал, крштевањето, библиските пророштва (особено во врска со Христос) и Исусовите учења. Во поглед на Исус, тој го цитира Исаија, велејќи: „Владата ќе биде на неговите [Христовите] рамења“. Јустин исто така вели: „Ако бараме човечко царство, би требало да се одречеме од нашиот Христос“. Тој расправа за искушенијата и обврските на христијаните, тврди дека исправната служба за Бог бара да се биде вршител на Неговата волја, и понатаму вели дека „Тој треба да испрати лица во секоја нација за да ги објавуваат овие работи“.

„Втората апологија на Јустин“ (The Second Apology of Justin, за која се верува дека е само продолжение на првата), му е упатена на римскиот сенат. Јустин им се обраќа на Римјаните раскажувајќи ги доживувањата на христијаните кои биле прогонувани откако дошле до точно спознание за Исус Христос. Моралната извонредност на Исусовите учења, која се одразувала во однесувањето на христијанските граѓани, изгледа дека била од мала вредност за римските власти. Наместо тоа, најобичното изјаснување дека некој е ученик, можело да има фатални последици. Во врска со еден поранешен учител на христијанските науки, Јустин цитирал еден поединец по име Луциј, кој прашал: „Зошто сте го казниле човекот, не како прељубник, ниту како блудник, ниту како убиец, ниту како крадец, ниту како разбојник, ниту обвинет за некакво злосторство, туку само затоа што се изјаснуваше дека се нарекува со името христијанин?“

Постоењето на предрасуди спрема оние кои се изјаснувале како христијани во тоа време се гледа од изјавата на Јустин: „Затоа, и јас очекувам да бидам предмет на завера и да ме приковаат на столб оние коишто ги именував, или можеби Кресенс, тој љубител на фалби и дуење; зашто не е достоен да се нарекува филозоф оној кој јавно сведочи против нас во работите коишто не ги разбира, велејќи дека христијаните се атеисти и безбожни, и тоа го прави заради наклоноста кај заведените маси и за да им угоди. Бидејќи, ако нѐ напаѓа нас без да ги има прочитано учењата на Христос, тој е потполно расипан и далеку полош од неписмените, кои често го повторуваат дискутирањето и лажното сведочење за работите коишто не ги разбираат“.

Неговата смрт

Сеедно дали од рацете на Кресенс или други циници, Јустин бил обвинет кај римската префектура дека е превратник и бил осуден на смрт. Околу 165 н.е. во Рим му била остечена главата и станал „мартир“ (што значи „сведок“). Затоа бил наречен Јустин Маченик.

На Јустиновиот стил на пишување можеби му недостига сјајот и тактот на другите луѓе од неговото време, но неговата ревност за вистината и праведноста очигледно биле искрени. До кој степен живеел според Писмото и Исусовите учења, не може да се каже со сигурност. Сепак, Јустиновите дела се вредни поради својата историска содржина и многуте повикувања на Библијата. Тие ни пружаат увид во животот и доживувањата на оние кои се изјаснувале како христијани во вториот век.

Забележителни се Јустиновите напори да им ја покаже на императорите неправдата заради прогонувањето на христијаните. Неговото отфрлање на паганската религија и филозофија во корист на точното спознание на Божјата Реч нѐ потсетува дека апостолот Павле во Атина храбро им зборувал на епикурејските и стоичките филозофи за вистинскиот Бог и воскреснатиот Исус Христос (Дела на св. апостоли 17:18-34).

Самиот Јустин имал некое спознание за воскресението на умрените за време на Милениумот. А колку ја јакне верата библиската вистинска надеж во воскресение! Таа ги одржувала христијаните кога се соочувале со прогонства и ги оспособила да поднесат големи искушенија, дури до смрт (Јован 5:28, 29; 1. Коринтјаните 15:16-19; Откровение 2:10; 20:4, 12, 13; 21:2-4).

Затоа, Јустин ја барал вистината и ја отфрлил грчката филозофија. Како апологет, ги бранел учењата и обичаите на оние кои се изјаснувале како христијани. Заради самото христијанство, претрпел маченичка смрт. Особено е забележително Јустиновото ценење за вистината и неговото храбро сведочење кога се соочувал со прогонство, затоа што тие особини се гледаат и во животот на денешните Исусови искрени следбеници (Соломонови изреки 2:4-6; Јован 10:1-4; Дела на св. апостоли 4:29; 3. Јованово 4).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели