Павле против Платон по прашањето за воскресението
АПОСТОЛОТ Павле пишувал за воскресението во 1. Коринтјаните 15:35-58 и во 2. Коринтјаните 5:1-10. Дали при тоа ги следел идеите за бесмртна душа коишто ги учеле Платон и грчките филозофи, или бил согласен со учењето на Исус и останатите Писма?
Брошурата Бесмртност на душата или воскресение на индивидуата: Гледиштето на Св. Павле со посебен осврт на Платон (Immortality of the Soul or Resurrection of the Individual: St. Paul’s View with Special Reference to Plato), напишана во 1974 и одобрена од архиепископот на Грчката православна црква на Северна и Јужна Америка, дава јасен одговор. Откако ја разгледува природата на воскресението во гореспоменатите стихови и влијанието на хеленизмот во тоа време, авторот доаѓа до следниот заклучок:
„Платон учи дека душата продолжува да живее бескрајно и вечно, одвоено од телото. За Платон, душата е всадена и по суштина бесмртна . . . Св. Павле ниту учи за такво гледиште, ниту бара да се прави тоа . . .“
„Апостол Павле не се занимава со бесмртноста на душата или духот како одвоени и посебни делови, туку со воскресението на целото, комплетно тело од душа и дух како последица на Христовото воскресение. Павловото сфаќање за воскреснатото тело нема ништо заедничко со оживувањето на мртвите тела од гробовите.“
„Неговото сфаќање на воскресението може подобро да се изрази како преобразување, повторно создавање и реконструкција, преку Божјата сила, и тоа на целата човекова целина, на истото лице, на личноста, на психосоматскиот организам, на вистинската психо- физичка индивидуа. Нашето идно воскресение ќе се случи не како наше природно сопствеништво, туку како царски дар од Бога.“
Да, бесмртноста не претставува нераздвојно сопствеништво на некој човек. Наместо тоа, таа е високо ценет и милостив дар од Јехова преку нашиот Господ Исус Христос за оние кои го сочинуваат христијанското собрание (1. Коринтјаните 15:20, 57; Филипјаните 3:14).
[Слика на страница 9]
Грчкиот филозоф Платон
[Извор на слика]
Vatican Museum photograph