ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/6 стр. 24-26
  • Јехова — твој познаник или пријател?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова — твој познаник или пријател?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Пријателство со Бог
  • Услови за пријателство
  • Колку ти е важно Јеховиното пријателство?
  • Како можеш да стекнеш пријатели
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Зошто не можам да задржам пријатели?
    Разбудете се! 1996
  • „Ве нарекувам пријатели“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Ти можеш да му бидеш пријател на Јехова
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/6 стр. 24-26

Јехова — твој познаник или пријател?

„ЈОВАНЕ, можам да те запознаам со мојот пријател? Ова е. . .—извини, како ти беше името?“

Дали некогаш си слушнал ваква грешка при разговорот? Тоа ни дава пример за тоа како некои луѓе погрешно го употребуват зборот „пријател“. Всушност, тие мислат само на „познаник“, а честопати дури ни тоа. Да се познаваш со г-н Петровски кој живее карши тебе е едно; да бидеш негов пријател е сосема друго.

Еден речник го дефинира поимот „познаник“ како „лице со кое некој има посебен друштвен контакт, но нема цврста лична приврзаност кон него“. Тој означува „помала присност, блискост, пријателство и добронамерност отколку со ПРИЈАТЕЛ“.

Недостигот на цврста лична приврзаност помага да се објасни зошто честопати му обрнуваме малку внимание на она што им се случува на познаниците, а сме љубезно заинтересирани за животот на нашите пријатели. Ги делиме нивните радости и нивните грижи и длабоко сочувствуваме со нив. Се разбира, не смееме да дозволиме нашата емоционална поврзаност да нѐ заведе да се мешаме во нивните приватни работи (1. Петрово 4:15).

Цврстата лична приврзаност со нашите пријатели исто така објаснува зошто обично се обидуваме да им угодиме. Ако некој познаник смета дека нашето однесување е невкусно или неисправно, малку е веројатно дека неговото незадоволство ќе нѐ натера да се промениме. Но, пријателот навистина може да изврши силно влијание, сеедно дали во врска со облеката, однесувањето или држењето.

Во поглед на довербата, наклоноста, почитувањето и лојалноста, пријателството бара повисок степен на одговорност отколку познанството. Оној кој бара да биде пријател, а не сака, така да се каже, да сноси никакви одговорности, тој всушност бара само познаник, а не пријател. На блиските пријатели им е драго да ги исполнат одговорностите кои со себе ги повлекува цврстата лична поврзаност, увидувајќи дека тие им пружаат прилика да го докажат своето пријателство.

Пријателство со Бог

Како Творец, Јехова е небесен Татко на човештвото и заслужува да го сакаме, да го слушаме и почитуваме. Но тој сака луѓето да го прават тоа поради цврстата лична приврзаност, а не само поради чувство на обврска (Матеј 22:37). Тој исто така бара од нив да го сакаат како Пријател (Псалми 18:1, ДК). Затоа што „Он порано нѐ засака“, самиот положил совршен темел за такво пријателство (1. Јованово 4:19).

Нашите први родители, Адам и Ева, биле запознаени со Јехова. Прашањето било: Дали ќе го прифатат пријателството што им го понудил? За жал, не го прифатиле. Себично посегнале по независност од Бог која не им наметнувала чувство на цврста лична приврзаност. Биле спремни да го прифатат благословот од пријателството што им го нудел, но не биле спремни да ги исполнат неговите одговорности. Тоа било исто како да го уживаат комфорот и безбедноста на својот удобен рајски дом, без да сакаат да ја платат киријата.

Сите ние, некои повеќе некои помалку, сме го наследиле тој дух на неценење и независност (1. Мојсеева 8:21). Некои млади, на пример, дозволиле нивната природна желба за независност да предизвика да не ги ценат своите родители. Тоа довело до слом на мошне скапоценото пријателство кое би требало да постои помеѓу нив и нивните родители низ целиот живот. Но, колку и да е жално тоа, сломот на пријателството со нашиот небесен Татко е многу посериозен. Всушност, може да биде фатален!

Услови за пријателство

Без доверба, ниедно пријателство, било со луѓето или со Бог, не може да трае долго. Патријархот Авраам го сфатил тоа, и затоа секогаш одново покажувал безусловна доверба во Бог. Прочитај 1. Мојсеева 12:1-5 и 22:1-18, и види два истакнати примера за неговата доверба во Јехова. Да, „Авраам поверува во Јехова, и тоа му се вброи како праведност“. Заради тоа „беше наречен ‚Јеховин пријател‘“ (Јаков 2:23, NW).

Натамошно барање за пријателството со Бог е да се исполнуваат обврските коишто тоа пријателство ги повлекува со себе. Поради нашата ниска положба во однос на Јехова, тие обврски логично се многу поголеми отколку спрема некое пријателство со човек. Тие се над нашата желба да му угодиме само во некои работи — како што би било со некој човечки пријател. Тие ја вклучуваат нашата желба да му угодиме во сите работи. Исус, Божји Син и негов најприсен пријател, го покажал тоа кога рекол за Јехова: „Секогаш го вршам она што Му е угодно“ (Јован 8:29).

Затоа, пријателството со Јехова, или со неговиот Син, не се постигнува без никакви одговорности; тоа зависи од тоа дали живееме според предусловите за пријателство што ги поставиле тие [Јехова и неговиот Син]. (Види Псалми 15:1-5.) Исус јасно го покажал тоа во еден разговор со своите ученици. „Вие сте Мои пријатели, ако го вршите она, што ви го заповедам Јас“ (Јован 15:14).

Друго барање за пријателство е отворена и искрена комуникација. На денот на својата смрт Исус им рекол на своите верни апостоли: „Не ве нарекувам веќе слуги, зашто слугата не знае што работи господарот; туку ве нареков пријатели, оти ви кажав сѐ што сум чул од Мојот Отец“ (Јован 15:15). Споделувајќи ги своите мисли со своите пријатели, Исус го следел примерот на својот небесен Татко, за кого во Амос 3:7 се вели: „Зашто [Јехова] Бог не прави ништо додека не им ја открие тајната Своја на Своите слуги — пророците“.

Зарем тоа не е нешто нормално помеѓу пријателите? Можеби не чувствуваме потреба да ги споделиме своите искуства со г-н Петровски од каршија. И секако нема да сакаме да му ги кажеме своите најдлабоки желби и чувства. Најпосле, тој е само познаник. Но кога сме со нашите пријатели, честопати едвај чекаме да им ги кажеме таквите работи!

Слично е и со нашето пријателство со Бог. Едвај чекаме да му пристапиме во молитва и да му ги откриеме нашите потреби, нашите желби и нашите најдлабоки чувства. Секако, ако комуникацијата е еднострана, пријателството набргу ќе умре. Затоа, мораме да сакаме да му дозволиме на Бог да ни зборува. Тоа го правиме ако внимателно ја слушаме неговата пишана Реч, ако медитативно размислуваме за неговиот совет и потоа го примениме најдобро што можеме.

Колку ти е важно Јеховиното пријателство?

За да ти помогнеме да одговориш на ова прашање, разгледај еден посебен вид на човечко пријателство. Ако си млада личност, можеби си заинтересиран за некое пријателство кое би можело да доведе до брак. Секако, увидуваш дека ако си само познаник со идниот партнер, тешко дека би имал исправен темел за брак. Познанството мора најпрво да се претвори во пријателство. Ова пријателство може да се развива и да премине во поприсен однос кој на крајот ќе создаде исправен темел за среќен брак.

А сега, размисли добро. Колку напори вложуваат повеќето луѓе да развијат ваков вид пријателство? Колку време и пари трошат за да го воспостават и да го одржат? Колку време поминуваат во размислување околу тоа? До кој обем прават лични планови — или до кој обем се спремни да ги изменат плановите — за да го подобрат или одржат тој однос?

Тогаш прашај се: ‚Како можам да го споредам ова со моите напори да развијам пријателство со мојот Творец или да го подобрам и зајакнам? Колку време поминувам во тоа? Во колкава мера пријателството со Јехова ги окупира моите размислувања? Во колкава мера правам планови — или сум спремен да ги изменам — со цел да го подобрам и задржам тој однос?

Младите христијани би требало да бидат потполно свесни дека сите човечки пријателства, вклучувајќи го и она кое евентуално води до брак, се од второстепена важност во однос на пријателството кое треба да го имаат со нивниот Творец. Токму затоа во Проповедник 12:1 се повикани: „И споменувај си за твојот Творец во дните на младоста своја“. Многумина го прават тоа јавно служејќи како Божји слуги, а сѐ поголем број од нив и како полновремени проповедници или пионери.

И покрај растечкиот цинизам и безбожност околу нив, тие храбро го бранат Јехова кога ќе чујат лажни подбивања и обвиненија против него. Зарем тоа не е она што Јехова со право би го очекувал од своите пријатели? Зарем тоа не е она што и ние би го очекувале од нашите пријатели? И зарем нашите срца нема да се радуваат кога ќе откриеме дека нашите пријатели тоа го прават ревносно и со увереност? (Спореди Соломонови изреки 27:11.)

Да, пријателството со Бог — дури и како луѓе — донесува одговорности кои мораат да се исполнат ако сакаме пријателството да трае. Лицето кое не сака да ги прифати тие одговорности, или е неспремно да му се предаде на Бог и потоа да го спроведе тоа, можеби е само запознаено со Јехова. Меѓутоа, сѐ уште не ја искусило радоста да Го има за свој пријател.

[Слика на страница 25]

Авраам имал доверба во Бог и затоа бил наречен Јеховин пријател

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели