ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/6 стр. 4-7
  • Откупнина во замена за мнозина

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Откупнина во замена за мнозина
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Покритие и ослободување
  • Соодветна откупнина
  • Еден човек во замена за мнозина
  • Подготовката на откупнина и ти
  • Соодветна откупнина за сите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Јехова обезбедува „откупнина за мнозина“
    Приближи му се на Јехова
  • Откупнината — најголемиот дар од Бог
    Што навистина учи Библијата?
  • Во која смисла жртвата на Исус е „откупнина за мнозина“?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/6 стр. 4-7

Откупнина во замена за мнозина

НА 31 март 1970, близу планината Фуџи беше киднапиран еден авион. Деветмина членови на групата позната како Фракција на јапонската црвена армија, грабнаа повеќе од 120 патници и членови на екипажот како заложници и бараа да им се овозможи безбедно да отпатуваат до Северна Кореја.

Кога авионот слета во Сеул, Република Кореја, јапонскиот заменик министер за сообраќај, Шинџиро Јамамура, доброволно го ризикуваше својот живот во корист на заробениците. Грабнувачите се согласија да го прифатат како гаранција за нивната безбедност и ги ослободија сите заложници освен пилотскиот екипаж. Потоа одлетаа за Пјонгјанг, кадешто им се предадоа на севернокорејските власти. Господин Јамамура и пилотот подоцна се вратија во Јапонија неповредени.

Во овој случај, едно лице послужило како замена за животите на преку 120 заложници. Ова може да ни помогне да видиме како можел еден човек да го даде својот живот во замена за мнозина. Но, за да ја разбереме библиската наука за откупнината, мораме оваа тема да ја испитаме потемелно.

Како прво, треба да го проучиме потеклото на гревот. „Гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот — смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, оти сите згрешија“, објаснува Библијата (Римјаните 5:12). Како се случило тоа? Спомнатиот човек е Адам, првиот човек кој бил создаден. Можеш да го прочиташ историскиот извештај за неговото создавање и за она што довело до тоа да го напушти Божјето мерило. Тоа е изложено во првите три поглавја од библиската книга Постанок.

Тој извештај открива дека зад кулисите постоел провокатор кога Адам го сторил првиот грев. За да ја задоволи својата лакомост за моќ, тој провокатор сковал план да завладее со Адам и со сето негово потомство што ќе го има. Провокаторот бил Сатана, Ѓаволот. Тој исто така е наречен и „старата змија“, затоа што употребил змија за да го наведе Адам на грев (Откровение 12:9). Иако Творецот кој го љуби човештвото му рекол на Адам да го почитува Неговото право да одлучува што е добро а што лошо, змијата ја намамила Адамовата жена, Ева, да не го послуша Бог. Потоа таа го навела својот маж на непослушност. На тој начин Адам се прогласил за независен од Бог, своеволно станал грешен и на своето потомство можел да му го пренесе само тој вид на живот.

Ние сѐ уште страдаме од последиците. Како тоа? Па, Творецот праведно просудил дека ако Адам и Ева намерно изберат непослушност, резултатот ќе биде смрт. Затоа, со гревот Адам го продал целото човештво во ропство на грев и смрт (1. Мојсеева 2:17; 3:1-7).

Како би можело човештвото да биде ослободено од таа грешна состојба? Исус Христос дошол на Земјата „да ја даде душата Своја за откуп на мнозина“, и со тоа го отворил патот за ослободување на човештвото (Матеј 20:28).

Покритие и ослободување

Библијата покажува дека процесот на ослободување на човештвото вклучува два чекора: 1) откупување и 2) ослободување. Во врска со грчкиот збор литрон (λύτρον) преведен со „откупнина“, библискиот научник Алберт Бернз напишал: „Зборот откупнина дословно значи цена која се плаќа за ослободување на заробеници. Во војна, кога непријателот ќе одведе заробеници, парите што се бараат за нивно ослободување се нарекуваат откуп; т. е., тие се средство преку кое тие се пуштаат на слобода. Сето она кое ослободува некого од состојба на казна или страдање или грев, се нарекува откупнина.“

Да, „сето она што ослободува некого“, може да се смета како λύτρον. Така овој грчки збор ја истакнува постапката или процесот на ослободување.a

Апостолот Павле го употребил сродниот збор антилитрон (ἀντίλυτρον) за да ја нагласи вредноста на цената која се плаќа како жртва. Во 1. Тимотеј 2:6 тој напишал дека „[Исус] се дал себеси“ како „соодветна откупнина за сите“. Коментирајќи го ова, Грчкиот и англиски лексикон на Новиот Завет од Паркхерст (Greek and English Lexicon to the New Testament), вели: „Тој исправно ја означува цената со која заробениците се ослободени од непријателот, и тоа вид на замена во која нечиј живот се ослободува преку животот на некој друг“. Нагласокот овде е ставен на соодветната природа или делотворноста на откупната цена која се плаќа за да се урамнотежи вагата на Јеховината совршена и урамнотежена правда. Како можела Исусовата откупна жртва да се смета за „соодветна откупнина“?

Соодветна откупнина

Целото човештво, вклучувајќи нѐ и нас, Адам го продал во грев и смрт. Цената, или казната, што тој ја платил, била неговиот совршен човечки живот со можност да живее вечно. За да го покрие тоа — како содветна откупнина — требало да се плати друг совршен човечки живот. Меѓутоа, ниеден кој е роден од несовршен човек, не можел да го обезбеди потребниот совршен човечки живот (Јов 14:4; Псалми 51[50]:5). Меѓутоа, во својата мудрост, Бог отворил излез од овој теснец. Тој го пренел совршениот живот на својот единороден Син од небесата во матката на една девица, и дал да се роди како совршен човек (Лука 1:30-38; Јован 3:16-18). Ова учење за Исусовото раѓање преку девица не е некоја приказна што е измислена за да го слави основоположникот на некоја религија. Напротив, тоа објаснува еден логичен чекор во Божјето обезбедување на откупнината.

За да го спроведе ослободувањето, Исус морал да задржи чисто сведоштво за сето време додека бил на Земјата. Тој тоа и го сторил. Потоа умрел со жртвена смрт. На тој начин, Исус ја платил цената на својот совршен човечки живот како откупнина за да го спаси човештвото (1. Петрово 1:19). Затоа можеме со сигурност да кажеме дека ‚еден [човек] умрел за сите‘ (2. Коринтјаните 5:14). Да, „како што по Адама сите умираат, така и во Христа сите ќе живеат“ (1. Коринтјаните 15:22).

Еден човек во замена за мнозина

Во претходно споменатиот случај со грабнувањето на авионот, за заложниците не постоел начин да се ослободат самите, дури и ако биле богати. Била потребна помош однадвор, а човекот кој послужил како замена морал да задоволи одредени услови. Истото важи во многу подлабока смисла и во врска со откупнината која е потребна да се ослободи човештвото. Еден псалмист напишал: „Оние . . . кои постојано се фалат со обилноста на своето богатство: Ниту еден од нив не може никако да ослободи ниту брат, ниту да му даде на Бог откупнина за него; (а откупната цена на нивната душа е толку скапоцена што престанала до недогледно време) (Псалми 49:6-8, NW). Навистина, била потребна помош однадвор која би му помогнала на човештвото. Животот на еден човек требало да биде доволен за да го ослободи целото човештво под услов тој да ги задоволи условите што се барале за израмнување на Божјата вага на правдата. Исус Христос бил единствениот совршен човек кој можел да ги исполни условите.

Јехова Бог се погрижил за избавување на човештвото со тоа што ја платил откупнината преку Исус Христос. Но, Бог сторил уште повеќе. Изрекол смртна казна над Сатана, Ѓаволот, оној кој го завел човештвото во грев (Откровение 12:7-9). Наскоро Јехова ќе го затвори тој виновник и најпосле ќе изврши суд така што ќе го ‚фрли во огнено и сулфурно езеро‘ кое симболизира вечно уништување (Откровение 20:1-3, 7-10, 14). Откако ова злобно духовно суштество ќе биде отстрането и кога ќе се примени откупнината, човештвото ќе се радува на избавување не само од прегратката на гревот и смртта, туку и од влијанието на Сатана. Така ослободени и со потполно применување на вредноста на Христовата жртва, послушното човештво ќе напредува до човечко совршенство.

Подготовката на откупнина и ти

Откако научиле за откупната жртва на Исус Христос, многумина на Ориентот имаат длабоко ценење за она што Бог го сторил за нив. Еден таков пример е Казуо. Главна цел во животот му била да вдишува и да се опива со разредувач за боја. Кога возел во таква состојба, секогаш ги уништувал своите автомобили. Тројца негови пријатели извршиле самоубиство откако си го уништиле здравјето. Казуо исто така се обидел да изврши самоубиство. Подоцна, почнал да ја проучува Библијата. Поттикнат од вистината што ја дознал, одлучил да го исчисти својот живот. Се борел против навиката да го малтретира своето тело со разредувач за боја, и имало многу препреки. Се колебал помеѓу телесната желба и желбата да го прави она што е исправно. Колку бил среќен што можел да го моли Бог за простување преку вредноста на откупната жртва на Исус Христос! Преку молитва и со помош на христијанските пријатели, Казуо го надвладеал својот порок и сега му служи на Јехова како среќен слуга со чиста совест.

Се сеќаваш на Чисако која ја споменавме на почетокот од претходната статија? Преку проучување на Библијата, таа исто така ја сфатила љубезната подготовка на откупнината. Била длабоко трогната кога научила дека Бог го дал својот Син за да го ослободи човештвото од грев. Чисако му го предала својот живот на Јехова. Дури и сега, на возраст од 77 години, таа секој месец поминува околу 90 часа зборувајќи им на другите за огромната Јеховина љубов и незаслужената доброта кои ги покажува тој.

Откупнината би требало да биде важна и за тебе. Преку неа Бог ќе го отвори патот кон вистинска слобода за човештвото — слобода од грев и смрт. Им претстои величествена иднина и вечен живот на рајската Земја на оние кои ја прифаќаат откупната жртва на Исус Христос. Те молиме, стапи во контакт со Јеховините сведоци и испитај самиот како можеш да се радуваш на слобода од грев и смрт преку оваа љубезна подготовка на откупнина.

[Фуснота]

a Во Хебрејските списи, пада́х и сродните зборови се преведуваат како „ослободи“ или „цена за ослободување“, и со тоа го истакнуваат ослободувањето кое е вклучено (5. Мојсеева 9:26).

[Извор на слика на страница 5]

Со љубезна дозвола од Mainichi Shimbun

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели