ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/9 стр. 24-25
  • Земи оброк, јади леб

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Земи оброк, јади леб
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сличен материјал
  • Си го вкусил ли лебот на животот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Споредбата за пченицата и каколот
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2018)
  • „Што ќе јадеме?“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Животот во библиски времиња — работата на еден земјоделец
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/9 стр. 24-25

Сцени од Ветената земја

Земи оброк, јади леб

ВО ЕДНА прилика кога Исус и неговите ученици биле во некоја куќа, поради мноштвото ‚не можеле ниту оброк да земат‘ (Марко 3:20, NW). Друг пат Исус влегол во домот на некој фарисеј „за да земе оброк“ (Лука 14:1, NW). На каков оброк помислуваш?

Древните Израелци веројатно би помислиле на леб, зашто еврејскиот и грчкиот израз за „зема оброк“ буквално значел да „јаде леб“. Тоа е разбирливо, затоа што лебот направен од пченица или јачмен бил главен во нивната исхрана.

Многумина денес си ги замислуваат еврејските патријарси како овчари, а Исусовите ученици како рибари. Некои и живееле така, но секако, не сите. Пченицата била главна во животот на мнозина. Очигледно, понекогаш така било со Исак и Јаков, како што можеме да заклучиме од 1. Мојсеева 26:12; 27:37 и 37:7. А бидејќи во Исусово време земјоделството било главно занимање во Галилеја, дали некои од оние што станале апостоли, можеби биле одгледувачи на пченица?

Тоа е можно, бидејќи одгледувањето пченица било распространето во Ветената земја, а библиските сведоштва за тоа се обилни (5. Мојсеева 8:7-9; 1. Царства 6:13). Што значело тоа?

Штом раните дождови во октомври и ноември ќе ја размекнеле почвата, одгледувачите на пченица орале и го сееле своето семе. Подоцнежните дождови му помагале на посевот да порасте, и потоа, во април или мај, да созрее во темнозлатен пред летната жега. Жетвата на пченицата била толку добро позната што за неа читаме дека служела како показател за годишното доба (1. Мојсеева 30:14; Судиите 15:1). Можеш ли да одредиш во кое време од годината е направена фотографијата лево?a И кое годишно доба било кога Исусовите ученици кинеле сурови класја? (Матеј 12:1).

Жнеењето пченица значело многу работа за селаните. Жетварите ги жнееле стебленцата со рачен срп и ги врзувале во снопови, како што можеш да видиш на другата страница. Секако, некои стебленца можеле да бидат заборавени или да паднат на земјата, а тоа покажува зошто Рут можела успешно да паберкува (Рут 2:2, 7, 23; Марко 4:28, 29). Потоа, сноповите со пченица биле носени на гумно, како она на Арауна [Орна]. Што се случувало таму? Библијата ја споменува „санката за вршење и приборот на говедата“ (2. Самоилова 24:18-22; 1. Дневници 21:23, обата NW). Сноповите со пченица биле распостелувани на рамно камено место или на набиена земја. Бикот или некое друго животно одело во круг, газејќи ја пченицата. Животното можело да влече дрвена санка која помагала да се крши сламата и да излезе зрното (Исаија 41:15, Даничиќ–Караџиќ).

Потоа зрната биле готови за веење, кое се правело со фрлање во воздух со лопата или вила, како што се гледа горе (Матеј 3:12). Селанецот можеби веел навечер кога ветрецот ја дувал плевата (лушпите од класјето) и ја тргал сламата настрана. Штом зрната ќе биле собрани и просеани додека се отстранат секакви камчиња, биле спремни за складирање — или пак, од нив да се прави главната храна, леб (Матеј 6:11).

Кога би била домаќинка со таква задача, да правиш леб, би морала секој ден да употребуваш аван и толчник за да ги сомелеш зрната во брашно, можеби во грубо брашно. Или би можела да сомелеш „фино брашно“, со какво што Сара направила „тркалести колачи“ за материјализираните ангели или какво што употребувале Израелците во житните приноси за Јехова (1. Мојсеева 18:6, NW; 2. Мојсеева 29:2; 3. Мојсеева 2:1-5, NW; 4. Мојсеева 28:12, NW). Сара го мешала пченичното брашно со вода и месела тесто.

Долу се гледаат топки од тесто и еден положен рамен, тенок леб што чека да биде испечен. Такви големи, тркалести колачи можеле да се печат на камења или во железни тави, како што прави жената. Дали ова ти помогна да си предочиш што сторила Сара потоа за ангелските посетители и што сторило Лотовото семејство некое време подоцна? Читаме: „[Ангелите] појдоа по него и влегоа во домот негов. И тој ги нагости, им испече лебови пресни, и јадеа“ (1. Мојсеева 19:3).

[Фуснота]

a Спореди со Календарот на Јеховини сведоци 1992.

[Извор на слика на страница 24]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Извор на слика на страница 24]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Извор на слика на страница 25]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Извор на слика на страница 25]

Гаро Налбандијан

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели