ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 15/11 стр. 30
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сличен материјал
  • Како Исус Христос бил пророк како Мојсеј?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Угледај се на верата на Мојсеј
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Да го цениме Поголемиот Мојсеј
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Да ги запознаеме Јеховините патишта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 15/11 стр. 30

Прашања од читателите

Дали во Евреите 11:26 за Мојсеј се зборува како за „Христос“ или, пак, бил претслика на Исус Христос?

Кога дискутирал за Мојсеевата вера, апостолот Павле напишал дека Мојсеј „срамот Христов го ценеше за поголемо богатство отколку египетските ризници; зашто својот поглед го држеше насочен кон наградата“ (Евреите 11:26, NW). Се чини дека во извесна смисла Павле се осврнал на Мојсеј како на „Христос“, или помазаникот.

Како што е познато, Мојсеј во различни погледи оставил пример за идниот Месија. Иако самиот Мосеј бил пророк, тој прорекол доаѓање на поголем пророк ‚како него‘. Многумина Евреи сметале дека Исус бил „Пророкот“, а неговите следбеници тоа го потврдиле (5. Мојсеева 18:15-19; Иван 1:21, Ст; 5:46; 6:14; 7:40, Ст; Дела на св. апостоли 3:22, 23; 7:37). Мојсеј, исто така, бил посредникот на сојузот на Законот, но Исус добил „подобра служба“ како „посредник на подобар завет“, славниот нов завет (Евреите 8:6; 9:15; 12:24; Галатјаните 3:19; 1. Тимотеј 2:5). Така, во некои погледи, за Мојсеј можело да се рече дека бил претслика на идниот Месија.

Меѓутоа, изгледа дека тоа не е првенственото значење на Евреите 11:26. Ништо не укажува на тоа дека Мојсеј бил свесен за подробности во врска со Месијата и дека свесно го ценел сето она низ кое поминал во Египет како тоа да е во полза на Месијата, или, пак, дека го претставува него.

Некои укажувале на тоа дека Павловите зборови во Евреите 11:26 имаат слично значење како неговиот коментар дека христијаните поднесувале „страдања за Христа“ (2. Коринтјаните 1:5, NW). Помазаните христијани знаеле дека Исус Христос страдал и дека ако ‚страдаат со Него, со Него и ќе се прослават‘ на небото. Но Мојсеј не знаел од што ќе пострада идниот Месија, ниту Мојсеј имал небесна надеж (Римјаните 8:17; Колосјаните 1:24).

Постои поедноставно разбирање за тоа како Мојсеј ‚го ценел срамот Христов за богатство‘.

Кога во Евреите 11:26 напишал „Христос“, Павле го употребил грчкиот збор Христу́, кој е еднаков со хебрејскиот Маши́јах, или Месија. И „Месија“ и „Христос“ значат „помазаник“. Затоа Павле пишувал дека Мојсеј го ‚ценел срамот на помазаникот‘. Дали можело самиот Мојсеј да биде наречен „помазаник“?

Да. Во библиски времиња некое лице можело да биде потврдено за некоја посебна служба така што на главата му било истурано миро. „И зеде Самуил сад со елеј, го излеа врз главата негова [Саулова]“. „Самуил го зеде рогот со елеј и го помаза [Давид] среде браќата негови, и Духот Господов почиваше врз Давида од тој ден“ (1. Царства 10:1; 16:13; спореди 2. Мојсеева 30:25, 30; 3. Мојсеева 8:12; 2. Царства 22:51; Псалми 132:2). Сепак, за некои, како пророкот Јелисеј и сирискиот цар Азаил (Хазаел) се зборува дека биле „помазани“, дури и покрај тоа што нема доказ дека им било истурено дословно миро (3. Царства 19:15, 16; Псалми 104:14, 15; Исаија 45:1). Така, некој поединец можел да биде „помазаник“ ако бил избран или посебно овластен.

Во таа смисла самиот Мојсеј бил Божји помазаник, а некои Библии во Евреите 11:26 дури даваат преводи како „Божји Помазаник“ или „Помазаникот“. Мојсеј бил овластен како/за Јеховин застапник и како оној кој ќе го изведе Израел од Египет (2. Мојсеева 3:2-12, 15-17). Иако Мојсеј бил одгледан среде богатството и славата на Египет, тој повеќе го ценел својот налог којшто го прифатил и исполнил. Според тоа, Павле можел да напише дека Мојсеј ‚го ценел срамот Христов за поголемо богатство отколку египетските ризници‘.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели