ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/2 стр. 12-17
  • „Бракот на сите треба да е чесен“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Бракот на сите треба да е чесен“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Променлива клима
  • Погодено е христијанското собрание
  • Извлечени и заведени
  • Клучот за спротивставување
  • Искушенија кои се вообичаени за сите
  • Бракот може да биде успешен во денешниов свет
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Дозволи му на Јехова да го зајакне и да го чува твојот брак
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • „Бракот нека биде чесен“
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Ако бракот е пред распаѓање
    Тајната на семејната среќа
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/2 стр. 12-17

„Бракот на сите треба да е чесен“

„Бракот на сите треба да е чесен, и брачното легло — чисто“ (ЕВРЕИТЕ 13:4).

1. Што научиле многу луѓе во врска со успешниот брак?

МИЛИОНИ луѓе, дури и во оваа ера на брзи разводи, уживаат трајни бракови. Тие пронашле формула за успех и покрај разликите во карактерите и потеклото. Такви бракови може да се сретнат меѓу Јеховините сведоци. Во повеќето случаи, тие двојки признаваат дека имале свои добри и лоши моменти, па дури и некои причини за поплака еден на друг. Сепак, се научиле да пребродуваат помали бури проблеми и својот брачен брод да го задржат на правиот курс. Кои се некои од факторите што им овозможиле да истраат? (Колосјаните 3:13).

2. а) Кои се некои од позитивните фактори што го одржуваат бракот? б) Кои се некои од негативните фактори што можат да го поткопаат бракот? (Види ја рамката на стр. 14.)

2 Коментарите од некои чии христијански бракови се среќни и трајни ни откриваат многу нешта. Еден сопруг кој е во брак веќе 16 години вели: „Секогаш кога ќе се појави проблем, обајцата вистински се трудиме да се сослушаме еден со друг“. Тоа истакнува еден од зајакнувачките фактори во многу бракови — отворена и искрена комуникација. Една жена која е омажена 31 година, наведе: „Секогаш ни било важно да се држиме за раце и да правиме забавни работи за да го зачуваме романтичното меѓу нас“. А тоа е додатна страна на комуникацијата. Една друга двојка која е во брак скоро 40 години, ја истакна важноста да се задржи смислата за хумор, да се смеат самите на себе и еден на друг. Рекоа дека им помогнало тоа што можеле да го видат најдоброто и најлошото еден во друг, а сепак да покажуваат лојална љубов. Сопругот ја спомена и спремноста да се признаваат грешките, а потоа да се извини. Таму каде што постои попустлив дух, за да се прилагоди бракот ќе се свитка, наместо да се скрши (Филипјаните 2:1-4; 4:5, Kingdom Interlinear).

Променлива клима

3, 4. Во врска со верноста во бракот, какви промени во ставот настапиле? Можеш ли да наведеш примери?

3 Во последниве неколку децении, ширум светот се променија сфаќањата во врска со верноста во бракот. Некои оженети луѓе мислат дека нема ништо лошо ако се има некоја љубовна врска, израз што претставува современ еуфимизам за прељуба, особено ако другиот партнер знае за тоа и го прифаќа.

4 Еден христијански надгледник коментираше за таа ситуација на следниов начин: „Светот практично напуштил секаков сериозен обид да живее по морален закон. Чесното однесување се смета за старомодно“. Истакнати личности од политиката, спортот и забавата отворено ги кршат библиските мерила за морално однесување, а таквите луѓе и понатаму се обожавани. Не постои практично никаков знак на осуда за било кој вид на морално престапување или перверзија. Чесноста и беспрекорноста ретко се вреднуваат во таканареченото високо друштво. Така, врз основа на правилото ‚како за сите, така и за мене‘, масите го следат тој пример и го простуваат она што Бог го осудува. Павле тоа вака го изразил: „Дојдени до [секакво морално, NW] бесчувство, тие се предадоа на бесрамност и ненаситно вршат секаква нечистота“ (Ефесјаните 4:19; Соломонови изреки 17:15; Римјаните 1:24-28; 1. Коринтјаните 5:11).

5. а) Кој е Божјиот став кон прељубата? б) Што опфаќа библиската употреба на зборот „блуд“?

5 Божјите начела не се промениле. Неговиот став е: заедничкото живеење без користа од бракот претставува блудно живеење. Неверноста во бракот сепак е прељуба.a Апостолот Павле јасно навел: „Или не знаете дека неправедниците нема да го наследат царството Божјо? Не лажете се: ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубодејците, ниту ракоблудниците [мажи кои се чуваат за неприродни цели, NW], ни мажеложници . . . нема да го наследат царството Божјо. А такви беа и некои од вас; туку се измивте, се осветивте, се оправдавте во името на нашиот Господ Исус Христос преку Духот на нашиот Бог“ (1. Коринтјаните 6:9-11).

6. Какво охрабрување можеме да најдеме во Павловите зборови во 1. Коринтјаните 6:9-11?

6 Охрабрувачка мисла во тој стих е Павловиот израз: „А такви беа и некои од вас; туку се измивте“. Да, многумина кои во минатото трчале во световниот распуштен „неуреден живот“ се вразумиле, го прифатиле Христос и неговата жртва и се очистиле. Тие избрале да му угодуваат на Бог така што водат морален живот и затоа се посреќни (1. Петрово 4:3, 4).

7. Каква противречност постои во сфаќањето на поимот „неморалност“ и кое е библиското гледиште?

7 Од друга страна, дефиницијата за неморалноста што ја дава современиот свет е толку разводнета што не се поклопува со Божјето гледиште. Еден речник „неморалноста“ ја дефинира како „спротивност на утврдената моралност“. Денешната „утврдена моралност“, која толерира предбрачен и вонбрачен секс како и хомосексуалност, е она што Библијата го осудува како неморалност. Да, од библиско гледиште, неморалноста е срамно прекршување на Божјиот морален законик (2. Мојсеева 20:14, 17; 1. Коринтјаните 6:18).

Погодено е христијанското собрание

8. Како може неморалноста да влијае на оние во христијанското собрание?

8 Неморалноста денес толку многу преовладува што може дури и да изврши притисок на оние во христијанското собрание. Може да влијае на нив преку раширените, понижувачки ТВ програми, видеофилмови и порнографска литература. Иако е погоден само мал дел христијани, мора да се признае дека поголемиот број на случаи на исклучувања од редовите на Јеховините сведоци поради непокајничко однесување кое не му доликува на еден христијанин, се поврзани со некој облик на сексуален неморал. Позитивната страна е таа што голем дел од исклучените на крајот ги признаваат своите грешки, продолжуваат со чист начин на живот и, со текот на времето, повторно се примени во собранието. (Спореди Лука 15:11-32.)

9. Како Сатана манипулира со непретпазливите?

9 Без сомнение, Сатана оди наоколу како лав што рика, спремен да ги проголта непретпазливите. Неговите сплетки, или „лукави дела“ (NW), секоја година ги фаќаат во стапица непретпазливите христијани. Насекаде присутниот дух на неговиот свет е себичен, хедонистички и сладострасен. Им угодува на телесните желби, а го отфрла самосовладувањето (Ефесјаните 2:1, 2; 6:11, 12, фуснота; 1. Петрово 5:8).

10. Кој е подложен на искушение, и зошто?

10 Кој во собранието може да биде изложен на искушенијата на неморалот? Тоа се повеќето христијани, без разлика дали се старешини во месното собрание, патувачки надгледници, бетелски работници, пионери кои месечно проповедаат по многу часови, родители кои се зафатени со подигање на семејството, или младите кои се соочуваат со притисоци од врсниците. Искушенијата на телото се вообичаени за сите. Сексуалната привлечност може да се појави кога најмалку се очекува. Затоа Павле можел да напише: „Кој мисли дека стои, нека гледа да не падне. Друго искушение вас не ве постигна, освен човечкото“. Жалосно е што некои христијани кои биле на одговорни положби подлегнале на заводливоста на неморалот (1. Коринтјаните 10:12, 13).

Извлечени и заведени

11-13. Кои се некои од ситуациите што довеле некои до неморал?

11 Кои се искушенијата и ситуациите кои довеле некои лица до неразумната постапка на прељуба или блуд? Тие се многубројни и сложени и можат да варираат од една земја до друга или од една култура до друга. Меѓутоа, постојат извесни основни ситуации кои се појавуваат во многу земји. На пример, се известува дека некои организирале забави каде што без проблем можело да се добијат алкохолни пијалоци. Други биле привлечени од световно сугестивна музика и од провокативно играње. Во некои делови на Африка, има богати мажи — неверници — кои имаат конкубини; и некои жени паднале во искушение да побараат економска сигурност во таквиот начин на живот, иако при тоа е вклучен неморал. Во други области, христијанските сопрузи ги оставиле своите семејства за да заработуваат по рудници на други места. Тогаш се испитува нивната лојалност и верност до мерка или на начини кои не би ги доживеале дома.

12 Некои поединци од развиените земји паднале во замката на Сатана така што често биле со некого од спротивниот пол без присуство на трето лице — како што е случај кога се земаат часови во авто–школа и при тоа двете лица редовно се во затворената блискост на автомобилот.b Старешините кои вршат пастирски посети исто така треба да внимаваат да не бидат сами со сестрата кога ја советуваат. Разговорите би можеле да се исполнат со емоции и да доведат до неугодна ситуација за обајцата. (Спореди Марко 6:7; Дела на св. апостоли 15:40.)

13 Гореспоменатите ситуации условиле некои христијани да ја намалат својата будност и да извршат неморални дела. Како што се случило и во првиот век, тие дозволиле да ги ‚влече и мами нивната телесна похот‘ која довела до грев (Јаков 1:14, 15; 1. Коринтјаните 5:1; Галатјаните 5:19-21).

14. Зошто себичноста е основен фактор во случаевите на прељуба?

14 Ако внимателно се разгледаат исклучувањата ќе се види дека неморалните постапки имаат извесни заеднички основни фактори. Во таквите случаи постои одреден облик на себичност. Зошто го велиме тоа? Затоа што во случајот со прељубата ќе бидат повредени едно или повеќе невини лица. Тоа може да биде законскиот сопружник. Но, секако ќе бидат повредени и децата, доколку ги има, зашто ако прељубата доведе до развод, децата кои копнеат по сигурноста на обединетото семејство, најскапо ќе платат. Прељубникот првенствено мисли на своето сопствено задоволство и корист. Тоа е себичност (Филипјаните 2:1-4).

15. Кои се некои од можните причини што довеле до прељуба?

15 Обично прељубата не е постапка од слабост која доаѓа наеднаш. Постоело постепено, дури незабележливо распаѓање во самиот брак. Можеби комуникацијата станала рутинска или сиромашна. Можеби постоело малку взаемно храбрење. Можеби не изразувале доволно ценење еден спрема друг. Можеби сопружниците некое време сексуално не се задоволувале. Секако кога ќе се случи прељуба, постои и ослабен однос со Бог. На Јехова повеќе не се гледа јасно како на жив Бог кој е свесен за сите наши мисли и постапки. А можеби во умот на прељубникот „Бог“ станува само збор, апстрактно битие кое не е дел од секојдневниот живот. Тогаш е полесно да му се згреши на Бог (Псалми 50:3, 4; 1. Коринтјаните 7:3-5; Евреите 4:13; 11:27).

Клучот за спротивставување

16. Како може христијанинот да му се спротивстави на искушението да биде неверен?

16 Ако некој христијанин се најде во искушение што води кон неверност, кои фактори треба да се земаат предвид? Како прво, треба да се размисли за значењето на христијанската љубов која е цврсто темелена на библиски начела. Никогаш не смее да се допушти физичката, односно еротската љубов да надвладее и да предизвика пад кон себичност, нанесувајќи им болка на другите. Наместо тоа, ситуацијата треба да се гледа од Јеховина гледна точка. Треба да се земе во обѕир собранието и срамот што лошото однесување би му го нанело на собранието и на Јеховиното име (Псалми 100:3). Несреќата може да се избегне ако на работата ѝ се пријде со Христов ум и ако после тоа според него се постапува. Запомни, несебичната љубов слична на Христовата никогаш не изневерува (Соломонови изреки 6:32, 33; Матеј 22:37-40; 1. Коринтјаните 13:5, 8).

17. Кои изградувачки примери на верност ги имаме?

17 Клуч за спротивставување е да се јакне верата и визијата за претстојната надеж. Тоа значи на прво место во срцето да се држат извонредните примери на беспрекорност што ги дале верните мажи и жени од старо време, а и самиот Исус. Павле напишал: „Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себеси секакво бреме и грев, што лесно нѐ опкружува, и со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба, имајќи Го пред очи Началникот и Завршителот на верата — Исуса, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји. Помислете, пак, на Оној, Кој од грешниците претрпе над Себеси таква поруга, та да не ви дотегне, и да не опаднете духом!“ (Евреите 12:1-3). Наместо да го продупи брачниот брод, мудриот човек ќе измисли начини да ја надомести штетата, да го поправи бракот, и така да се избегнат замките на предавството и дволичноста (Јов 24:15).

18. а) Зошто зборот неверство не е прејак збор за да се опише прељубата? б) Како Бог гледа на исполнувањето на заветите?

18 Дали зборот неверство, кое претставува предавство, е прејак збор за неморалноста? Предавството е измама на довербата или сигурноста. Секако брачниот завет вклучува доверба и ветување да се љуби и цени и во добро и во зло. Тоа вклучува нешто за кое многумина мислат дека е старомодно за времето во кое живееме — чесниот збор што се дава во брачниот завет. Да се изневери таа доверба значи да се изврши еден вид на предавство на сопружникот. Божјето гледиште за заветите е јасно наведено во Библијата: „Кога даваш завет на Бога, не двоуми се да го извршиш, зашто Он не ги сака безумните: она што си ветил изврши го“ (Проповедник 5:3).

19. За разлика од кој настан Сатана се радува кога некој Сведок ќе попушти?

19 Во тоа не треба да има никакви сомненија. Како што постои голема радост на небото заради спасението на еден грешник, така постои голема радост на Земјата меѓу ордите на Сатана, видливи и невидливи, кога некој од Јеховините сведоци ќе попушти и нема да ја зачува својата беспрекорност (Лука 15:7; Откровение 12:12).

Искушенија кои се вообичаени за сите

20. Како можеме да му се спротивставиме на искушението? (2. Петрово 2:9, 10).

20 Дали неморалноста е неизбежна во некои случаи? Дали телото и Сатана се толку јаки што христијаните не можат да им се спротивстават и да ја сочуваат својата беспрекорност? Павле дава охрабрување со следниве зборови: „Верен е Бог, Кој нема да позволи да бидете искушувани повеќе од силата ваша, а заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да трпите [поднесете, NW]“. Во денешниов свет можеби нема во потполност да ги избегнуваме искушенијата, но ако во молитва се обратиме до Бог, сигурно можеме да го издржиме и совладаме секое искушение (1. Коринтјаните 10:13).

21. На кои прашања ќе биде одговорено во нашата следна студиска статија?

21 Што ни нуди Бог за да ни помогне да ги издржиме искушенијата и да излеземе како победници? Што ни е потребно нам како поединци за да ги заштитиме своите бракови, семејства, како и добриот глас за Јеховиното име и собранието? Тие прашања ќе бидат разгледани во нашата следна статија.

[Фусноти]

a „,Блудот‘ во поширока смисла, и како што е употребен во Матеј 5:32 и 19:9 (NW), очигледно се однесува на широк спектар на беззакони или недозволени сексуални односи надвор од бракот. Порнеја [грчкиот збор кој е употребен во тие стихови] ја вклучува непристојната неморална употреба на гениталните орган(и) на најмалку еден човек (било на природен или на еден изопачен начин); исто така, сигурно постоела и друга страна на неморалот — со луѓе од обата пола или со животно“ (Стражарска кула, 1. јуни 1983, стр. 16, 17). Прељуба: „Доброволен сексуален однос помеѓу венчано лице и партнер кој не е законскиот сопруг или сопруга“ (The American Heritage Dictionary of the English Language).

b Очигледно, постојат исправни околности кога брат превезува сестра, и таквите околности не треба погрешно да се толкуваат.

Дали се сеќаваш?

◻ Кои се некои од факторите што помагаат да се зајакне бракот?

◻ Зошто треба да го избегнуваме световното гледиште за моралноста?

◻ Кои се некои од искушенијата и ситуациите што можат да доведат до неморал?

◻ Кој е главниот клуч за спротивставување на гревот?

◻ Како ни помага Бог во моментите на искушение?

[Рамка на страница 14]

ЗАЕДНИЧКИ ФАКТОРИ ВО ТРАЈНИТЕ БРАКОВИ

◻ Цврсто придржување кон библиските начела

◻ Обата партнера имаат цврст однос со Јехова

◻ Сопругот ја почитува својата сопруга, нејзините чувства и нејзините мислења

◻ Добра секојдневна комуникација

◻ Гледај да му угодиш на другиот

◻ Смисла за хумор; способност да се смееш на своја сметка

◻ Отворено признавај ги грешките; слободно простувај

◻ Одржувај го романтичното

◻ Бидете обединети во одгледувањето и воспитувањето на децата

◻ Редовно обединување во молитва до Јехова

НЕГАТИВНИ ФАКТОРИ КОИ ГО ПОТКОПУВААТ БРАКОТ

◻ Себичност и тврдоглавост

◻ Пропуштањето работите да се вршат заедно

◻ Сиромашна комуникација

◻ Недостаток на соодветно советување меѓу сопружниците

◻ Лошо ракување со пари

◻ Разлики во критериумите во постапувањето со децата или со посвоените деца

◻ Сопругот работи прекувремено или го занемарува семејството заради други обврски

◻ Негрижа за духовните потреби на семејството

[Слика на страница 15]

Одржувањето на чесноста во бракот донесува трајна среќа

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели