ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 1/3 стр. 2-3
  • Одлагањето било смртоносно

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Одлагањето било смртоносно
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Сличен материјал
  • Помпеја — каде што времето застанало
    Разбудете се! 1996
  • Во сенката на заспаниот џин
    Разбудете се! 2007
  • Сега, повеќе од кога и да е порано, остани буден!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Ќе му обрнеш ли внимание на Божјето предупредување?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 1/3 стр. 2-3

Одлагањето било смртоносно

ТРИ семејства, седуммина возрасни и шест деца, очајнички бегале за да си го спасат животот. Очигледно се стуткале засолнети во нечиј дом, надевајќи се дека ќе го преживеат ужасниот дожд од камења. Но, кога грмежот од камењата што паѓале скоро престанал, започнал нов ужас — црн облак од задушлив пепел. Сега немале друг избор освен да бегаат.

Најнапред бил еден маж, веројатно слуга, кој трчал со торба полна со храна, обесена на рамото. Го следеле две момчиња, едното од околу четири, а другото пет години, кои трчале фатени рака за рака. Останатите ги следеле — во паничен страв, борејќи се, сопнувајќи се и очајнички барајќи излез. Се обидувале да дишат, но наместо воздух, вдишувале влажен пепел. Еден по еден, сите тринаесетмина паднале и останале неподвижни така што на крајот биле закопани во пепелта што паѓала. Нивните трогателни останки лежеле скриени сѐ додека археолозите не ги ископале после скоро 2.000 години, одгатнувајќи ги тажните детали на нивните последни моменти.

Овие 13 жртви се само неколку од 16.000 колку што се проценува дека настрадале во древниот град Помпеја (Италија), на 24. август 79. г. н. е. Многумина преживеале, бидејќи побегнале од градот уште кога планината Везув ја исфрлила својата прва експлозија. Сепак, оние кои одлагале — воглавно богати луѓе кои не сакале да ги напуштат своите домови и имоти — биле закопани под 6 метри камења и пепел.

Она што се случило во Помпеја пред околу 2.000 години можеби е само древна историја. Но на многу начини тоа е слично со ситуацијата со која се соочува целиот човечки род денес. Еден глобален знак, многу позлокобен отколку грмотевиците на планината Везув, предупредуваат дека сегашниов светски поредок се соочува со неизбежно уништување. За да преживееме, мора веднаш да дејствуваме. Секое одлагање може да биде смртоносно. Кој е тој знак и како можеме мудро да реагираме на него ќе видиме во нашата следна статија.

[Извор на слика на страница 2]

Cover photo by National Park Service

[Извор на слика на страница 3]

Soprintendenza Arheologica di Pompei

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели