Прашања од читателите
Дали ќе воскреснат луѓе кои сега не го прифатиле вистинското христијанство, а умреле пред да започне големата неволја?
Добро е секој од нас да одолее на секоја склоност да постапува како судија и да признае дека на крајот на краиштата она што навистина е важно е Јеховиниот суд преку Исус Христос (Јован 5:22; Дела на св. апостоли 10:42; 2. Тимотеј 4:1). Но Писмата пружаат и некои корисни информации како одговор на претходното прашање.
Светското проповедање на добрата вест за Божјето Царство е суштински аспект на ‚знакот на Исусовата присутност‘ (NW). Овој знак бил видлив уште на почетокот на овој век. Од делото на проповедање произлегува делење на луѓето од сите нации што претставува исполнување на Исусовата споредба за „овците“ и „јарците“. Откако ќе заврши ова проповедање и активност на делење, ‚големата неволја‘ (ДК) ќе му стави крај на сегашниов зол систем на ствари (Матеј 24:3, 21, 22; 25:31-46).
Јехова, заедно со неговиот Син, ќе суди дали некој кој ја одбил пораката на Царството, а умрел пред да избие големата неволја, е класифициран како јарец. Исус рекол дека јарците „ќе отидат во вечна мака [отсечување, NW]“. Затоа, можеме да заклучиме дека оние кои се одредени од страна на Бог да бидат јарци нема да примат воскресение. Осудени се слично како оние „кои со вечна погибел ќе бидат казнети“ во времето на големата неволја (2. Солунјаните 1:9).
Но што ќе биде со оние кои се чини дека не биле доволно изложени на пораката на Царството за да бидат во состојба да направат разумен избор за или против вистината пред да умрат во текот на овие ‚последни денови‘? (2. Тимотеј 3:1).
Очигледно, повеќето кои ќе умрат пред големата неволја, а додека делото на проповедање е во тек, ќе добијат воскресение. Ова се гледа од она што стои во Откровение 6:7, 8 во врска со јавањето на симболичниот јавач. Многу луѓе умреле како жртви на војни, оскудици во храна и смртоносни чуми. Со оглед дека ‚хадесот‘ е тој кој ги зема овие жртви на ‚смртта‘, тие ќе бидат воскреснати во текот на Христовата Милениумска влада кога Хадесот ќе ги даде сите мртви што се во него (Откровение 20:13). Извесен број од оние кои ќе бидат подигнати во живот можеби некогаш пред да умрат имале контакт со пораката на Царството.
Колку можеме да бидеме благодарни што Исус не им оставил на луѓето да одредуваат кој е сличен на овца, а кој е како јарец! Несовршени луѓе не можат исправно да оценат колку некој имал прилика да слушне за добрата вест и да ја прифати. Можеме ли ние да знаеме каква била состојбата на неговото срце и дали тој вистински ја љубел праведноста? Можеме ли ние да одмериме колку на неговата реакција можеби влијаело неговото семејство, неговото религиозно минато или нешто друго? Очигледно не. Сепак, можеме да бидеме уверени дека Јехова Бог и Исус Христос можат да ги оценат таквите работи, а потоа да донесат судови кои се совршени, исправни и праведни (5. Мојсеева 32:4; Исаија 11:1-5).
Затоа, не постои причина да шпекулираме кој меѓу оние кои умреле неодамна ќе воскресне, а кој нема. Ова е нешто за кое ние не сме овластени да го правиме. (Спореди Лука 12:13, 14.) За нас е далеку помудро да чекаме на одлуките на праведните Судии, Јехова Бог и Исус Христос. Ова ќе ни пружи поголем мир во мислите како Јеховини слуги. Тоа исто така ќе ни помогне да посветиме подобро внимание на она за што сме поставени да го правиме — ‚да одиме и да ги научиме сите народи, учејќи ги да пазат сѐ што Исус заповедал‘ (Матеј 28:19, 20).
[Извор на слика на страница 31]
Овца–лестер, Meyers