ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/10 стр. 3-4
  • Зошто кражбите се во пораст?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто кражбите се во пораст?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто луѓето крадат?
  • Не кради
  • Крадење — зошто не?
    Разбудете се! 1996
  • Дали сиромаштијата го оправдува крадењето?
    Разбудете се! 1998
  • Немој никогаш да станеш крадец!
    Учи од Големиот Учител
  • Дали е тоа навистина кражба?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/10 стр. 3-4

Зошто кражбите се во пораст?

РИО ДЕ ЖАНЕИРО — недела, 18. октомври 1992. Прочуените плажи Копокабана и Ипанема се преполни. Наеднаш, банди од младинци ги напаѓаат плажите, борејќи се меѓу себе и крадејќи сѐ што е од вредност од луѓето на плажата. Помалубројната полиција беспомошно стои и гледа. За кариоките и туристите ова е ноќен кошмар среде бел ден.

Навистина, криминалот во кој е вклучен имот станува вообичаен. Во големите градови, крадците се познати по тоа што ги пљачкаат младите — па дури и ги убиваат — за да им ги земат патиките. Тие влегуваат во домовите без разлика дали луѓето се дома или не. Нечесни куќни помошнички, откако ќе научат каде стојат работите, крадат накит и пари, а потоа исчезнуваат. Толпи пљачкаат продавници. Добро организирани групи крадат дури и луѓе, што е видливо од растечкиот број на киднапирања во Бразил. А и ти веројатно би можел да наведеш други примери од лично искуство или од она што се случило во твојата средина. Но зошто толку многу кражби?

Зошто луѓето крадат?

Иако растечкото сиромаштво и употребата на дрога се две главни причини, одговорот не е баш така очигледен. The New Encyclopædia Britannica забележува: „Трагањето по една единствена причина за криминалот е одамна отфрлено како бесплодно“. Меѓутоа, истото дело укажува дека таквите проблеми, како што е крадењето, „директно им се припишуваат на чувствата на безвредност и огорченост затоа што се исклучени од материјалните достигнувања и успеси на секојдневниот живот“. Да, поради огромниот притисок на потрошувачката, многумина не гледаат друг начин да дојдат до стварите што тие ги сакаат освен со крадење.

Сепак, интересно е дека The World Book Encyclopedia истакнува: „Стапката на криминалот е релативно стабилна во традиционалните општества каде што луѓето мислат дека нивниот начин на живот и понатаму ќе продолжи. Стапките на криминалот тежнеат кон пораст во општествата каде што се случуваат брзи промени во однос на тоа каде луѓето живеат и што тие прават за да заработат за живеачка — и во однос на нивните надежи за идна благосостојба“. Енциклопедијата додава: „Младите луѓе имаат помали шанси за вработување. Неквалифицираните работни места што се достапни изгледаат досадни кога ќе се споредат со брзите и возбудливи добивки од крадењето. Младите луѓе се исто така поспремни да ризикуваат затвор затоа што и онака имаат малку да изгубат“.

Па сепак, мнозина кои се невработени или кои имаат ниско платена работа не крадат, додека огромен број на чиновници и физички работници поткраднуваат на работното место како тоа да е дел од нивната плата. Всушност, за некои нечесни практики потребен е извесен социјален статус. Зарем не си чул за скандали поврзани со огромни суми пари во кои биле вмешани политичари, владини службеници и бизнисмени? Околу тоа нема дилема, крадењето не е ограничено на сиромашните.

Сети се, исто така, дека филмовите и ТВ програмите често пати прават шега на сметка на крадењето (јунакот може да биде дури и крадец), со што се тежнее крадењето да се направи поприфатливо. Признаваме, таквото гледање може да биде наречено забава, но во исто време на публиката ѝ се покажува како да краде. Зарем со тоа подмолно не се пренесува идејата дека криминалот можеби се исплаќа? Без сомнение, алчноста, мрзливоста и помислата дека сите други го прават тоа неказнето, придонесуваат за порастот на кражбите. Неоспорно е дека живееме во проречените ‚тешки времиња‘ кога користољубието и љубовта кон парите преовладуваат (2. Тимотеј 3:1-5).

Не кради

И покрај искривените мерила на светот, животоважно е да ја послушаме заповедта: „Кој крадел, да не краде веќе“ (Ефесјаните 4:28). Лицето кое премногу го вреднува имотот или задоволствата, може да се заведе себеси да верува дека крадењето е вредно за ризик. Но крадењето е нешто сериозно во Божји очи и открива недостиг на љубов кон својот ближен. Освен тоа, дури и незначителното крадење може да доведе до закоравување на нечие срце. А што ако бидеш сметан за нечесен? Кој ќе му верува на крадец? Божјата Реч мудро вели: „Никој . . . од вас да не страда како убиец, или крадец, или злочинец“ (1. Петрово 4:15).

Ти сигурно жалиш поради порастот на кражбите, но како излегуваат на крај луѓето во подрачјата каде што преовладува криминал? Како го промениле својот начин на живот некои поранешни крадци? Дали некогаш крадењето ќе заврши во целиот свет? Те повикуваме да ја прочиташ следната статија: „Свет без крадци“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели