ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/3 стр. 10-15
  • Јехова — Бог со намера

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова — Бог со намера
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Бог со намера
  • Божјите намери биле постепено откривани
  • Просветлување
  • Повеќето не сакаат да знаат
  • Следи ја светлината на светот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Носители на светлина — за каква цел?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • ”Гледај, сѐ ново создавам!“
    „Гледај! Сѐ ново создавам!“
  • Кој ја следи светлината на светот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/3 стр. 10-15

Јехова — Бог со намера

„Како што намислив, така и ќе биде; како што решив, така и ќе стане“ (ИСАИЈА 14:24).

1, 2. Што велат многумина за смислата на животот?

ЛУЃЕТО насекаде прашуваат: „Која е смислата на животот?“ Еден западен политички водач изјавил: „Повеќе од било кога порано, луѓето прашуваат: ‚Кои сме ние? Која е смислата на нашето постоење?‘“ Кога еден весник анкетирал млади луѓе со прашањето која е смислата на животот, типични одговори биле: „Да го правиш она што ти сака срце“. „Да живееш секој момент најубаво што можеш.“ „Да живееш на висока нога.“ „Да имаш деца, да бидеш среќен и потоа да умреш.“ Повеќето мислеле дека со овој живот сѐ поминува. Ниту еден не зборувал за некаква долгорочна смисла за животот на Земјата.

2 Еден конфучијански научник рекол: „Главната смисла на животот се наоѓа во нашето секојдневно, човечко постоење“. Според ова, луѓето и понатаму ќе се раѓаат, ќе се борат 70 или 80 години, за потоа да умрат и засекогаш да исчезнат. Еден еволуционистички научник рекол: „Можеме да копнееме по некаков ‚виш‘ одговор — но таков не постои“. За овие еволуционисти, животот е борба за преживување во која смртта окончува сѐ. Таквите филозофии прикажуваат безнадежно гледиште за животот.

3, 4. Како влијаат светските прилики на начинот на кој многумина гледаат на животот?

3 Многумина се сомневаат дека животот има смисла кога гледаат дека човечкото постоење е исполнето со толку многу беда. Во наше време, кога се очекувало човекот да го достигне врвот на индустриските и научните достигнувања, една милијарда луѓе ширум светот се сериозно болни или недохранети. Од такви причини милиони деца умираат секоја година. Освен тоа, во овој 20. век имало четирипати повеќе жртви на војна отколку претходните четиристотини години заедно. Криминал, насилство, злоупотреба на дроги, распад на семејството, сида и други сексуално преносливи болести — списокот на негативни фактори и понатаму расте. Светските лидери немаат решенија за овие проблеми.

4 Со оглед на таквите услови, едно лице го изразило она во што многумина веруваат: „Животот нема смисла. Ако се случуваат сиве овие лоши работи, тогаш животот нема баш некакво значење“. Еден постар човек рекол: „Поголемиот дел од животот се прашував зошто постојам. Ако и постои некаква смисла, повеќе не ми е гајле“. И затоа, бидејќи мноштвата не знаат зошто Бог дозволува страдање, мачните светски услови ги тераат да немаат вистинска надеж за иднината.

5. Зошто религиите на овој свет ја зголемуваат збрката за смислата на животот?

5 Дури и религиозните водачи се поделени и несигурни во врска со смислата на животот. Еден поранешен декан на катедралата на Св. Павле во Лондон рекол: „Сиот живот сум се борел да ја пронајдам смислата на живеењето. . . . Не успеав“. Навистина, многу свештеници поучуваат дека при смртта добрите одат на небо, а лошите во огнен пекол засекогаш. Но ова гледиште и понатаму го остава човештвото на Земјата да оди по својот мачен пат. А ако Божјата намера била луѓето да живеат на небото, зошто на почетокот едноставно не ги создал како небесни суштества, какви што ги создал ангелите, и така да ги поштеди луѓето од многу страдања? Затоа е вообичаена збрката околу смислата на животот на Земјата, односно одбивањето да се верува дека тој има некаква смисла.

Бог со намера

6, 7. Што ни вели Библијата за Универзалниот Суверен?

6 Но, најраспространетата книга во историјата, Светото Писмо, ни кажува дека Јехова, Суверенот на универзумот, е Бог со намера. Таа ни покажува дека тој има долгорочна, поправо, вечна намера со човештвото на Земјата. А кога Јехова има некаква намера, таа непогрешно ќе се исполни. Исто како што дождот прави да расте семето, вели Бог, „така и Моето слово, што излегува од устата Моја, не се враќа кон Мене празно, туку го исполнува она, што Ми е угодно, и го прави она за што сум го испратил Јас“ (Исаија 55:10, 11). Сѐ што Јехова вели дека ќе изврши, „така и ќе стане“ (Исаија 14:24).

7 Ние луѓето можеме да имаме целосна доверба дека Семоќниот ќе ги исполни своите ветувања, зашто Бог „не лаже“ (Тит 1:2; Евреите 6:18). Кога ни вели дека ќе направи нешто, неговата реч е гаранција дека тоа ќе се случи. Тоа е исто како да е извршено. Тој изјавува: „Јас сум Бог и нема друг Бог и нема подобен на Мене. Јас го навестувам во почетокот она што ќе биде на крајот, од старо време она што уште не станало, па велам: ‚Мојата одлука ќе се изврши, и сѐ што Ми е угодно — ќе го направам‘ . . . Јас реков — и ќе го извршам тоа; замислив — и ќе го направам“ (Исаија 46:9-11).

8. Можат ли да го најдат Бог оние кои искрено сакаат да го запознаат?

8 Освен тоа, Јехова „не сака да изгинат некои, туку сите да се обрнат кон покајание“ (2. Петрово 3:9). Од таа причина, тој не сака никој да биде во незнаење за него. Еден пророк по име Азарија, рекол: „Ако Го барате [Бог], ќе Го најдете; ако, пак, Го оставите, и Он ќе ве остави“ (2. Летописи 15:1, 2). Затоа, оние кои искрено сакаат да го запознаат Бог и неговите намери, можат сигурно да го сторат тоа ако се напрегаат да го бараат.

9, 10. а) Што им е пружено на оние кои сакаат да го запознаат Бог? б) Што ни овозможува истражувањето на Божјата Реч?

9 Каде да го бараат? За оние кои навистина го бараат Бог, тој ја дал својата Реч, Библијата. Преку својот свет дух, истата активна сила што ја употребил за да ја создаде вселената, Бог упатувал верни мажи да го запишат она што ни е потребно да знаеме во врска со неговите намери. На пример, во поглед на библиските пророштва, апостол Петар рекол: „Никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале просветувани од Светиот Дух“ (2. Петрово 1:21). Слично на тоа, апостол Павле изјавил: „Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање и поучување во правдата, за да биде Божјиот човек совршен [потполно способен, НС] и годен [целосно опремен, НС] за секое добро дело“ (2. Тимотеј 3:16, 17; 1. Солунјаните 2:13).

10 Забележи дека Божјата Реч нѐ оспособува да бидеме не делумни или некомплетни туку ‚потполно способни, целосно опремени‘. Таа ни овозможува да бидеме сигурни во поглед на тоа кој е Бог, кои се неговите намери и што бара од неговите слуги. Тоа и треба да се очекува од една книга чијшто автор е Бог. И таа е единствениот извор што можеме да го побараме за да стекнеме точно спознание за Бог (Изреки 2:1-5; Јован 17:3). Правејќи така, повеќе нема да бидеме „мали деца, што ги лула и занесува секој ветар на лажните учења, по лукавството на луѓето, по итрото искуство на измамата“ (Ефесјаните 4:13, 14). Псалмистот го изразил исправното гледиште: „Твоето [Божјето] слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја“ (Псалм 118:105).

Божјите намери биле постепено откривани

11. Како му ги открил Јехова своите намери на човештвото?

11 На самото основање на човечкото семејство, Јехова ги открил своите намери со Земјава и луѓето на неа (1. Мојсеева 1:26-30). Но кога нашите прародители ја отфрлиле Божјата сувереност, човештвото паднало во духовна темнина и смрт (Римјаните 5:12). Сепак, Јехова знаел дека ќе има такви кои ќе сакаат да му служат. Затоа, низ вековите, постепено им ги откривал своите намери на своите верни слуги. Некои од оние со коишто комуницирал биле Енох (1. Мојсеева 5:24; Јуда 14, 15), Ное (1. Мојсеева 6:9, 13), Авраам (1. Мојсеева 12:1-3) и Мојсеј (2. Мојсеева 31:18; 34:27, 28). Божјиот пророк Амос напишал: „Господ Бог не прави ништо додека не им ја открие тајната Своја на Своите слуги — пророците“ (Амос 3:7; Даниил 2:27, 28).

12. Како ги расветлил Исус повеќе Божјите намери?

12 Кога Божјиот Син, Исус Христос, бил на Земјата по околу 4.000 години по бунтот во Еден, биле откриени повеќе детали за Јеховините намери. Тоа особено било случај во поглед на Божјата намера да воспостави небесно Царство кое ќе владее над Земјата (Даниил 2:44). Тоа Царство Исус го направил тема на своето поучување (Матеј 4:17; 6:10). Тој и неговите ученици поучувале дека под Царството ќе се исполни Божјата првобитна намера со Земјата и човештвото; дека Земјата ќе биде претворена во рај населен со совршени луѓе кои ќе живеат засекогаш (Псалм 36:29; Матеј 5:5; Лука 23:43; 2. Петрово 3:13; Откровение 21:4). Освен тоа, преку чудата за коишто Бог ги овластил да ги извршуваат, Исус и неговите ученици покажале што ќе се случи во тој нов свет (Матеј 10:1, 8; 15:30, 31; Јован 11:25-44).

13. Каква промена се случила на Пентакост 33. н. е. во врска со Божјето постапување со човештвото?

13 На Пентакост 33. н. е., 50 дена по Исусовата смрт, Божјиот дух бил излеан врз собранието од Христови следбеници. Тоа го заменило неверниот Израел како Јеховин заветен народ (Матеј 21:43; 27:51; Дела 2:1-4). Излевањето на светиот дух во таа прилика било доказ дека оттогаш па натаму, Бог ќе ги открива вистините за своите намери преку ова ново застапништво (Ефесјаните 3:10). Во текот на првиот век н. е. била воспоставена организационата структура на христијанското собрание (1. Коринтјаните 12:27-31; Ефесјаните 4:11, 12).

14. Како можат оние кои ја бараат вистината да го распознаат вистинското христијанско собрание?

14 Денес, оние кои ја бараат вистината можат да го распознаат вистинското христијанско собрание по тоа што доследно ја покажува Божјата главна особина, љубовта (1. Јованово 4:8, 16). Всушност, братската љубов претставува знак за распознавање на вистинското христијанство. Исус рекол: „По тоа ќе познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“. „Ова е Моја заповед: да се љубите еден со друг, како што ве возљубив Јас“ (Јован 13:35; 15:12). А Исус ги потсетил своите слушатели: „Вие сте Ми пријатели, ако го вршите она, што ви заповедам Јас“ (Јован 15:14). Значи, Божји вистински слуги се оние кои живеат според законот на љубовта. Но не само со зборови, зашто „верата без дела е мртва“ (Јаков 2:26).

Просветлување

15. Во што можат да бидат сигурни Божјите слуги?

15 Исус претскажал дека со одминувањето на времето, вистинското христијанско собрание ќе биде просветлувано сѐ повеќе и повеќе во поглед на Божјите намери. На своите следбеници им ветил: „Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Он ќе ве научи на сѐ“ (Јован 14:26). Исус исто така рекол: „Ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот“ (Матеј 28:20). Така, просветлувањето во врска со вистината за Бог и неговите намери сѐ повеќе расте помеѓу Божјите слуги. Да, „патеката на праведните е како болскава светлина, која свети сѐ повеќе и повеќе дури не настане ден“ (Изреки 4:18).

16. Што ни кажува нашето духовно просветлување за тоа каде се наоѓаме во однос на Божјите намери?

16 Денес таа духовна светлина е посветла од кога и да било порано, бидејќи сме во времето кога се исполнуваат или се ближат кон своето исполнување многу библиски пророштва. Тие ни покажуваат дека живееме во „последните денови“ од овој зол систем на ствари. Ова е временскиот период наречен „свршеток на светот“; по него ќе следи Божјиот нов свет (2. Тимотеј 3:1-5, 13; Матеј 24:3-13). Како што прорекол Даниил, Божјето небесно Царство наскоро „ќе ги победи и разруши сите [сегашни] царства, а само тоа ќе остане вечно“ (Даниил 2:44).

17, 18. Кои големи пророштва се исполнуваат сега?

17 Меѓу пророштвата што сега се исполнуваат е и она што е забележано во Матеј, поглавје 24, стих 14. Таму Исус рекол: „Ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот“. По целата Земја, тоа дело на проповедање на Царството го вршат милиони Јеховини сведоци. А стотици илјади луѓе им се приклучуваат секоја година. Тоа е во склад со пророштвото од Исаија 2:2, 3, кое вели дека „во последните дни“ од овој зол свет, луѓе од многу народи ќе дојдат во Јеховиното вистинско обожавање и ‚Он ќе ги научи на Своите патишта, и ќе одат по патеките Негови‘.

18 Овие нови се собираат да го обожаваат Јехова „како облаци“, како што е проречено во Исаија поглавје 60, стих 8. Стих 22 додава: „Од мал народ ќе се намножат илјади, од најслабиот — силен народ. Јас, Господ, ќе побрзам да го завршам тоа навреме“. Доказите покажуваат дека тоа време е сега во тек. А новите можат да бидат уверени дека со поврзувањето со Јеховините сведоци стапиле во контакт со вистинското христијанско собрание.

19. Зошто велиме дека новите кои им се приклучуваат на Јеховините сведоци доаѓаат во вистинското христијанско собрание?

19 Зошто можеме да го кажеме ова со сигурност? Затоа што овие нови, заедно со милионите кои веќе се во Јеховината организација, му ги предале своите животи на Бог и ја вршат неговата волја. Тоа вклучува живеење во согласност со законот за божествена љубов. Како еден доказ за ова, овие христијани ги прековале ‚мечевите свои во плугови, а копјата свои — во српови: . . . и повеќе не се учат на војна‘ (Исаија 2:4). Сите Јеховини сведоци ширум светот го имаат сторено тоа, бидејќи практицираат љубов. Ова значи дека тие никогаш не можат да земат воено оружје едни против други или против некој друг. Во тоа се единствени — за разлика од религиите на светот (Јован 13:34, 35; 1. Јованово 3:10-12, 15). Тие не се мешаат во раздорниот национализам, затоа што сочинуваат едно глобално братство кое е цврсто поврзано со љубов, ‚совршената врска на единство‘ (Колосјаните 3:14, НС; Матеј 23:8; 1. Јованово 4:20, 21).

Повеќето не сакаат да знаат

20, 21. Зошто е огромното мнозинство од човештвото во духовна темнина? (2. Коринтјаните 4:4; 1. Јованово 5:19).

20 Додека духовната светлина помеѓу Божјите слуги станува сѐ посјајна, остатокот од населението на Земјата запаѓа во сѐ поголема духовна темнина. Тие не го познаваат Јехова ниту неговите намери. Божјиот пророк го опишал ова време кога рекол: „Ете, темнина ќе ја покрие земјата, и мрак — народите“ (Исаија 60:2). Тоа е затоа што луѓето не покажуваат искрен интерес да научат за Бог, ниту пројавуваат желба да се обидат да му угодат. Исус рекол: „А овој суд е за тоа што Светлината дојде на светот, но на луѓето им омиле повеќе мракот отколку светлината, оти нивните дела беа лоши. Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат осудени неговите дела“ (Јован 3:19, 20).

21 Таквите поединци не се вистински заинтересирани да ја дознаат Божјата волја. Наместо тоа, своите животи ги концентрираат на вршењето на нивната сопствена волја. Со тоа што ја игнорираат Божјата волја, се ставаат себеси во опасна положба, зашто неговата Реч објавува: „Кој го отстранува увото свое да не го слуша законот, на таквиот и молитвата му е одвратна“ (Изреки 28:9). Тие ќе ги поднесуваат последиците од патот што го избрале. Апостол Павле напишал: „Не лажете се: Бог не позволува да биде поруган. Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее“ (Галатјаните 6:7).

22. Што прават сега мноштвата кои сакаат да го запознаат Бог?

22 Сепак, постојат мноштва кои сакаат да ја запознаат Божјата волја, кои искрено го бараат и кои се привлечени кон него. „Приближете се кон Бога, и Он ќе се приближи кон вас“, вели Јаков 4:8. За таквите Исус рекол: „Оној што твори вистина, оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени“ (Јован 3:21). А каква прекрасна иднина подготвил Бог за оние кои доаѓаат во светлината! Нашата следна статија ќе зборува за тие возбудливи изгледи.

Како би одговорил?

◻ Што велат мнозина за смислата на животот?

◻ Како се открива Јехова себеси како Бог со намера?

◻ Какво големо просветлување се случило во првиот век н. е.?

◻ Како може да се распознае вистинското христијанско собрание денес?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели