Дали си ја пронашол вистинската религија?
„Чиста и непорочна вера пред Бога и Отецот е оваа“ (ЈАКОВ 1:27).
1, 2. а) Што одредува во мислите на многу луѓе дали нивната религија е исправната? б) Што мора сериозно да се разгледа кога се просудува религијата?
ЖИВЕЕМЕ во ера во која многу луѓе се задоволни со тоа во нивниот живот да ѝ придаваат релативно мало значење на религијата. Можеби посетуваат некакви религиозни служби, но малкумина го прават тоа редовно. Повеќето луѓе не мислат дека сите други религии се погрешни а дека нивната е исправна. Едноставно можеби сметаат дека нивната религија е исправна за нив.
2 Со оглед на ова, прашањето: Дали си ја пронашол вистинската религија? дали едноставно значи: Дали си пронашол религија што ти се допаѓа? Што одредува што ти се допаѓа? Семејството? Пријателите? Твоите сопствени чувства? Дали си размислувал сериозно како гледа Бог на оваа работа?
Како можеме да го дознаеме Божјето гледиште?
3. а) Што мора да ни биде достапно ако сакаме да го знаеме Божјето гледиште? б) Кои прашања треба да си ги поставиме во врска со тоа зошто лично веруваме дека Библијата е од Бог?
3 Ако сакаме да знаеме што мисли самиот Бог, тогаш мора да постои некакво откровение од него. Библијата е најстарата книга која тврди дека е инспирирана од Бог (2. Тимотеј 3:16, 17). Но може ли со право да се рече дека оваа книга, за разлика од сите други, содржи Божја порака за сето човештво? Како би одговорил ти на ова прашање, и зошто? Дали мислиш така затоа што твоите родители имаат такво мислење? Дали поради ставот на твоите пријатели? Си ги испитал ли самиот доказите? Зошто не го сториш тоа сега, така што ќе ги употребиш следните четири вида докази?
4. Во однос на достапноста, што покажува дека Библијата, за разлика од некои други книги, потекнува од Бог?
4 Достапност: Една порака која навистина потекнува од Бог и која е наменета за целото човечко семејство, би требало да му биде и достапна. Дали е тоа случај и со Библијата? Размисли за следново: Во целост или делумно, Библијата досега е објавена на преку 2.000 јазици. Според Американското библиско друштво, пред околу една деценија, јазиците на кои е печатена Библијата ја направија достапна за 98 отсто од светското население. Како што е истакнато во Guinness Book of World Records (Гинисовата книга на светски рекорди), Библијата е далеку „најраспространетата книга на светот“. Тоа и би го очекувале од една порака од Бог што е наменета за луѓе од сите раси и народи и јазични групи. (Спореди Откровение 14:6.) Не постои друга книга на светот со таква слична содржина.
5. Зошто е значајна историската заснованост на Библијата?
5 Историска точност: Ако грижливо се испитаат библиските раскажувачи, ќе се открие уште еден начин на кој Библијата се разликува од останатите книги коишто тврдат дека се свети. Библијата содржи историски факти, а не легенди што не можат да се докажат. Ирвин Линтон, кој како адвокат бил навикнат да го анализира она што било побарано како доказ на суд, напишал: „Додека романсите, легендите и лажните сведочења вниматело ги сместуваат настаните во некое далечно место и во некое неодредено време, . . . библиските раскажувачи со најголема точност ни го даваат времето и местото на работите за кои раскажуваат“. (На пример, види 3. Царства 14:25; Исаија 36:1; Лука 3:1, 2.) За луѓето кои се свртуваат кон религијата не за да побегнат од реалноста, туку заради вистината, ова е важен фактор.
6. а) Како му помага вистински Библијата на човека во животните проблеми? б) На кои три начина му помага Библијата на поединецот да се бори со суровата реалност?
6 Практичност: Оние кои сериозно ја испитуваат Библијата, наскоро увидуваат дека нејзините заповеди и начела не се наменети за да ги експлоатираат. Наместо тоа, тие заповеди и начела истакнуваат начин на живот којшто им донесува корист на оние кои тесно се држат за нив (Исаија 48:17, 18). Утехата што таа им ја нуди на оние кои се во неволја не е лажна, темелена на празна филозофија. Напротив, им помага на луѓето да се борат со суровите реалности на животот. Како? На три начина: 1) дава здрав совет како да се постапи со тешкотиите, 2) објаснува како да ја добиеме љубезната поддршка којашто Бог сега им ја дава на своите слуги и 3) ја открива величествената иднина што Бог ја чува за оние кои му служат и им дава здрави причини да имаат доверба во неговите ветувања.
7. а) Со помош на стиховите наведени во фуснотата, објасни го библискиот одговор на едно од главните спорни прашања кои ги загрижуваат луѓето денес. б) Покажи како нѐ штити или како ни помага библискиот совет да се бориме со некоја потресна ситуација.
7 Иако библискиот совет честопати не е популарен меѓу оние кои го отфрлаат авторитетот и кои тежнеат по живот на самопопустливост, многумина сфатиле дека таквиот живот не им донел вистинска среќа (Галатјаните 6:7, 8). Библијата дава јасни одговори на прашањата во врска со абортусот, разводот и хомосексуалноста. Нејзиниот совет е заштита од злоупотребата на дрога и алкохол и од заразување со СИДА преку заразена крв или сексуален промискуитет. Таа ни покажува како да имаме среќни семејства. Дава одговори кои на човека му овозможуваат да се бори против најпотресните ситуации во животот, вклучувајќи ја и отфрленоста од блиските членови на семејството, катастрофални болести и смрт на некој близок. Ни помага да спознаеме кои се нашите приоритети, за нашиот живот да има смисла, а не да биде исполнет со тага.a
8, 9. а) Кое пророштво те импресионирало тебе лично како доказ за вдахновеноста на Библијата? б) Што докажуваат пророштвата од Библијата во поглед на нивното потекло?
8 Пророштва: Библијата е единствена како книга на пророштва, книга која кажува што ќе се случи во иднината и тоа го прави во детали. Таа го прорекла уништувањето на древниот Тир, падот на Вавилон, обновувањето на Ерусалим, подемот и падот на царевите на Медо-Персија и на Грција, и бројни други настани од животот на Исус Христос. Исто така прорекла во детали светски ситуации кои се појавиле во ова столетие и го објаснува нивното значење. Покажува како ќе бидат решени проблемите кои ги надвиснуваат човечките владетели, и го идентификува Владетелот кој ќе му донесе траен мир и вистинска безбедност на човештвото.b (Исаија 9:6, 7; 11:1-5, 9; 53:4-6).
9 Значајно е што Библијата покажува способност точно да ја претскажува иднината, како доказ за нејзината Божественост (Исаија 41:1–46:13). Оној кој може да го стори тоа или кој може да ги инспирира другите да го сторат тоа, не е обичен безживотен идол. Тој не е некој побожен човек. Тој е вистинскиот Бог, а книгата што содржи такво пророштво е негова Реч (1. Солунјаните 2:13).
Дали се во право сите кои ја користат Библијата?
10, 11. Како што покажал Исус, што може да ја направи безвредна религијата што ја застапува еден свештеник, иако ја користи Библијата?
10 Според тоа, дали е разумно — или поточно речено, дали е библиски — да се заклучи дека сите религиозни групи кои изјавуваат дека ја користат Библијата, ја поучуваат вистинската религија? Дали секој што ја носи или цитира Библијата ја практикува вистинската религија?
11 Мнозина од свештениците, иако ја имаат Библијата, ја користат религијата како средство за лична слава. Ги разводнуваат чистите вистини со традиции и човечки филозофии. Дали е прифатливо за Бог нивното обожавање? На религиозните водачи од Ерусалим од првиот век кои го правеле токму тоа, Исус Христос соодветно ја применил Божјата објава преку пророкот Исаија, кога рекол: „Овој народ — со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене; но напразно Ме почитува, оти проповеда човечки повелби“ (Матеј 15:8, 9; 23:5-10). Јасно, таквата религија не е вистинската религија.
12, 13. а) Како може однесувањето на припадниците на црквата да помогне да се одреди дали нивната религија е исправна? б) Како ќе гледа Бог на нашето обожавање ако ги избереме за пријатели оние кои тој ги отфрла? (2. Летописи 19:2).
12 Што ако плодот од учењата на некои религии, како што покажува животот на членовите кои уживаат добар углед, е гнил? Во својата Проповед на гората, Исус предупредил: „Пазете се од лажните пророци — По нивните плодови ќе ги познаете. — Секое добро дрво дава добри плодови, а лошо дрво дава лоши плодови“ (Матеј 7:15-17). Вистина е дека поединци може да грешат и да им е потребно исправање. Но поинаква е ситуацијата кога членови на црквата, па дури и свештеници, се препуштаат на блуд и прељуба, тепање, пијанчење, алчност, лажење, спиритизам, обожавање на идоли — во некои или во сите овие работи — па сепак не се преземаат никакви дисциплински мерки, а оние кои продолжуваат по ваквиот пат не се исклучуваат од собранието. Библијата јасно изјавува дека тие кои практицираат такви работи треба да бидат истерани од собранието; за нив ќе нема место во Божјето Царство (Галатјаните 5:19-21). Нивното обожавање не му е угодно на Бог, ниту пак нашето обожавање ќе му биде угодно ако ги избираме за пријатели оние кои тој ги отфрла (1. Коринтјаните 5:11-13; 6:9, 10; Откровение 21:8).
13 Јасно е дека сите групи кои тврдат дека ја користат Библијата не ја практицираат вистинската религија што е опишана во неа. Тогаш, што истакнува Библијата како знак за распознавање на вистинската религија?
Знаци за распознавање на вистинската религија
14. а) На што се темелат сите учења на вистинската религија? б) Колку успешно ќе го поминат испитот учењата на т. н. христијанство во врска со Бог и душата?
14 Нејзините учења цврсто се темелат на инспирираната Библија. „Целото Писмо е од Бога вдахновено и полезно за поука, за изобличување, поправање“ (2. Тимотеј 3:16). Но каде зборува Светото писмо за тројството на т. н. христијанство? И каде учи Библијата, како што тоа го прави свештенството, дека луѓето имаат душа што ја преживува смртта на физичкото тело? Дали си замолил некогаш некој свештеник да ти ги покаже овие учења во твојата Библија? The New Encyclopædia Britannica наведува: „Ниту зборот Тројство ниту изразитата доктрина не се појавуваат во Новиот завет“ (1992, Micropædia, том 11, страница 928). А New Catholic Encyclopedia признава: „Меѓу Апостолските Отци ни оддалеку немало нешто приближно на таквото сфаќање или појава“ (1967, том XIV, страница 299). Што се однесува до сфаќањето на т. н. христијанство за душата која при смртта се одвојува од телото, црковните научници признаваат дека идејата ја позајмиле од грчката филозофија. Меѓутоа, вистинската религија не ја омаловажува библиската вистина на сметка на човечка филозофија (1. Мојсеева 2:7; 5. Мојсеева 6:4; Језекиил 18:4; Јован 14:28).
15. а) Како го идентификува Библијата Оној кој единствено треба да се обожава? б) Што мислат вистинските обожаватели во врска со приближувањето кон Јехова?
15 Вистинската религија го застапува обожавањето на само едниот вистинит Бог, Јехова (5. Мојсеева 4:35, НС; Јован 17:3). Парафразирајќи ја 5. Мојсеева 5:9 (НС) и 5Мо 6:13 (НС), Исус Христос решително изјавил: „Јехова, твојот Бог, мораш да го обожаваш, и само нему мораш да му принесуваш света служба“ (Матеј 4:10, НС). Доследно на тоа, Исус им го објавил Татковото име на своите ученици (Јован 17:26). Дали твојата религија те поучила да го обожаваш Јехова? Дали си ја запознал личноста што е идентификувана со тоа име — неговите намери, активности и особини — така што мислиш дека можеш со доверба да му се приближиш? Ако ја имаш вистинската религија, одговорот ќе биде ‚да‘ (Лука 10:22; 1. Јованово 5:14).
16. Какво значење има верата во Христос за оние кои ја практицираат вистинската религија?
16 Важен дел од обожавањето што му е угодно на Бог е верата во неговиот Син, Исус Христос (Јован 3:36; Дела 4:12). Тоа не значи само да се верува дека тој живеел или дека бил истакната личност. Тоа вклучува да се сфати она што Библијата го учи во поглед на вредноста на жртвата на Исусовиот совршен човечки живот и да се признае неговата сегашна положба како небесен Цар (Псалм 2:6-8; Јован 3:16; Откровение 12:10). Ако контактираш со оние кои ја практицираат вистинската религија, знаеш дека тие во секојдневниот живот вложуваат совесен напор да го слушаат Исус, да го имитираат неговиот пример и лично и ревно да учествуваат во делото што им го доделил на неговите ученици (Матеј 28:19, 20; Јован 15:14; 1. Петрово 2:21). Ако тоа не е случај со твоите сообожаватели, тогаш треба да побараш на друго место.
17. Зошто вистинските обожаватели внимаваат да останат неизвалкани од светот, и што вклучува тоа?
17 Вистинското обожавање не е извалкано со мешање во политика и световни конфликти (Јаков 1:27). Зошто не? Затоа што Исус за своите следбеници рекол: „Тие не се дел од светот, како што и јас не сум дел од светот“ (Јован 17:16, НС). Исус не се мешал во политика и ги спречувал своите следбеници да прибегнуваат кон дословно оружје (Матеј 26:52). Оние кои го земаат при срце она што го учи Божјата Реч, ‚повеќе не се учат на војна‘ (Исаија 2:2-4). Ако било која религија со која си дури само формално поврзан не одговара на тој опис, време е да ги прекинеш врските со неа (Јаков 4:4; Откровение 18:4, 5).
18. а) Што идентификува Јован 13:35 како истакната карактеристика на вистинската религија? б) Како би можел да му помогнеш на некој да одреди која група одговара на Јован 13:35?
18 Вистинската религија учи и практицира несебична љубов (Јован 13:35; 1. Јованово 3:10-12). За таквата љубов не се зборува само во проповеди. Таа вистински ги соединува луѓето од сите раси, сите економски групи и сите јазици во едно искрено братство (Откровение 7:9, 10). Таа ги одвојува вистинските христијани од светот околу нив. Ако сѐ уште не си го сторил тоа, присуствувај на состаноците во некоја Сала на Царството на Јеховините сведоци, како и на нивните поголеми конгреси. Посматрај ги како работат заедно на градењето на некоја од нивните Сали на Царството. Набљудувај ги како постапуваат и со постарите (вклучувајќи ги и вдовиците) и со младите (вклучувајќи ги оние со еден родител или без родители) (Јаков 1:27). Спореди го тоа што го гледаш со она што си го видел кај која и да било друга религија. Потоа запрашај се: ‚Кој ја практицира вистинската религија?‘
19. а) Кое решение за проблемите на човештвото го застапува вистинската религија? б) Што треба да прават членовите на групата која се придржува на вистинската религија?
19 Вистинската религија го застапува Божјето Царство како трајно решение за проблемите на човештвото (Даниил 2:44; 7:13, 14; 2. Петрово 3:13; Откровение 21:4, 5). Дали некоја од црквите на т. н. христијанство го прави тоа? Кога последен пат си чул некој свештеник да објаснува за Божјето Царство и за тоа што кажува Писмото дека тоа ќе направи? Дали организацијата на која ѝ припаѓаш те охрабрува да им зборуваш на другите за Божјето Царство, и ако да, дали членовите во целина учествуваат во тоа? Исус сведочел на таков начин; неговите први ученици исто така сведочеле. И ти можеш да ја имаш предноста да учествуваш во оваа активност. Тоа е најважното дело што денес се врши на Земјата (Матеј 24:14).
20. Што мораме да правиме освен да ја препознаеме вистинската религија?
20 Иако постојат илјадници религии, Библијата брзо ни помага да ја отстраниме збрката со цел да ја препознаеме вистинската. Но, треба да сториме повеќе отколку само да ја препознаеме. Од витално значење е да ја практицираме. Што вклучува тоа ќе разгледаме поопширно во нашата следна статија.
[Фусноти]
a Абортус: Дела 17:28; Псалм 138:1, 16; 2. Мојсеева 21:22, 23. Развод: Матеј 19:8, 9; Римјаните 7:2, 3; Хомосексуалност: Римјаните 1:24-27; 1. Коринтјаните 6:9-11; Злоупотреба на дрога и алкохол: 2. Коринтјаните 7:1; Лука 10:25-27; Изреки 23:20, 21; Галатјаните 5:19-21; Крв и промискуитет: Дела 15:28, 29; Изреки 5:15-23; Јеремија 5:7-9; Семејство: Ефесјаните 5:22–6:4; Колосјаните 3:18-21; Отфрленост: Псалм 26:10; Малахија 2:13-16; Римјаните 8:35-39; Болест: Откровение 21:4, 5; 22:1, 2; Тит 1:2; Псалм 22:1-4; Смрт: Исаија 25:8; Дела 24:15; Приоритети: Матеј 6:19-34; Лука 12:16-21; 1. Тимотеј 6:6-12.
b Примери за такви пророштва и нивно исполнување ќе најдеш во книгите The Bible—God’s Word or Man’s?, страници 117-161 и Reasoning From the Scriptures, страници 45-47, 176-182, 297-304. Обете се издадени од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc. Преведени се и постојат на повеќе други јазици, но не и на македонски.
Како би одговорил?
◻ Чие гледиште е најважното кога се идентификува вистинската религија?
◻ Кои четири вида докази укажуваат на Библијата како на Божја Реч?
◻ Зошто не се прифатливи за Бог сите религии кои ја користат Библијата?
◻ Кои се шесте знаци за распознавање на вистинската религија?
[Рамка на страница 10]
Јеховините сведоци . . .
◆ ги темелат сите свои учења на Библијата.
◆ го обожаваат едниот вистинит Бог, Јехова.
◆ живеат во склад со нивната вера во Исус Христос.
◆ не се мешаат во политичките и световните конфликти.
◆ сакаат да покажуваат несебична љубов во секојдневниот живот.
◆ го застапуваат Божјето Царство како трајно решение за проблемите на човештвото.
[Слика на страница 9]
БИБЛИЈАТА — што покажува дека таа содржи Божја порака за сето човештво?