ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/7 стр. 23-28
  • Радосно подложување на авторитетот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Радосно подложување на авторитетот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Спремно подложување на Јеховината сувереност
  • Радосно подложување на нашиот Цар
  • Надгледниците радосно се покоруваат
  • Теократска подложност
  • Да се служи со радост
  • Мирот кој доаѓа од радосната подложност
  • Понизно да им се подложуваме на грижливите пастири
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Пастири и овци во теократија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Зошто да ги почитуваме оние што имаат авторитет?
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Христос го води своето собрание
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/7 стр. 23-28

Радосно подложување на авторитетот

„Од срце . . . станавте послушни“ (РИМЈАНИТЕ 6:17).

1, 2. а) Каков дух е очигледен во светот денес, откаде потекнува и какви се неговите последици? б) Како покажуваат Јеховините предадени слуги дека се поинакви?

„ДУХОТ, кој сега дејствува во синовите на неверието [непослушноста, НС]“ денес е шокантно очигледен. Тоа е дух на разуздана независност, кој потекнува од Сатана, „кнезот на воздухот“. Овој дух, овој ‚воздух‘, односно доминантен став, на себичност и непослушност, има „власт“  (НС), односно моќ, над поголемиот дел од човештвото. Тоа е една од причините зошто светот доживува таканаречена криза на авторитетот (Ефесјаните 2:2).

2 За среќа, Јеховините предадени слуги денес не ги полнат своите духовни бели дробови со овој загаден ‚воздух‘, односно дух на побуна. Тие знаат оти „иде гневот Божји врз синовите на непокорноста“. Апостол Павле додава: „И така, не станувајте нивни соучесници“ (Ефесјаните 5:6, 7). Наместо тоа, вистинските христијани настојуваат да ‚се исполнуваат со [Јеховин] Дух‘ и ја впиваат „мудроста, што иде одозгора“, која е „чиста, а потоа мирна, кротка, покорна“ (Ефесјаните 5:17, 18; Јаков 3:17).

Спремно подложување на Јеховината сувереност

3. Кој е клучот за спремна подложност, и која важна поука ни ја дава историјата?

3 Клучот за спремна подложност е да се признае законската власт. Историјата на човештвото покажува дека отфрлањето на Јеховината сувереност не донесува среќа. Таквото отфрлање не им донело среќа на Адам и Ева, ниту на подбуцнувачот на нивната побуна, Сатана Ѓаволот (1. Мојсеева 3:16-19). Во неговата сегашна понижена состојба, Сатана има „голем гнев“ затоа што знае дека времето му е кратко (Откровение 12:12). Мирот и среќата на човештвото, да, на целата вселена, зависат од сеопштото признавање на Јеховината праведна сувереност (Псалм 102:19-22).

4. а) Каков вид подложност и послушност бара Јехова да покажуваат неговите слуги? б) Во што треба да бидеме уверени и како го изразил тоа псалмистот?

4 Но, поради неговите прекрасно урамнотежени особини, Јехова не е задоволен со рамнодушна послушност. Тој е моќен, и тоа како! Но, не е тиранин. Тој е Бог на љубовта и сака неговите интелигентни суштества да го слушаат доброволно, од љубов. Тој сака да ѝ се подложат на неговата сувереност затоа што од сѐ срце избираат да се стават под неговата праведна и законска власт, уверени дека не може да има ништо подобро отколку да го слушаат засекогаш. Лицето какво што сака Јехова во неговата вселена, ги дели чувствата на псалмистот кој напишал: „Непорочен е законот на Бога — душите ги укрепува; верно е откровението на Господа — ги учи припростите, и Господовите повелби се праведни — го веселат срцето; Господовата заповед зрачи светлина; ги просветлува очите. Стравот Господов е чист — пребива довека; судовите Господови се вистина — сите се праведни“ (Псалм 18:7-9). Безусловна доверба во исправноста и праведноста на Јеховината сувереност — таков мора да биде нашиот став ако сакаме да живееме во Јеховиниот нов свет.

Радосно подложување на нашиот Цар

5. Како бил награден Исус за својата послушност, и што спремно признаваме ние?

5 Христос Исус самиот претставува извонреден пример на подложност на својот небесен Татко. Читаме дека ‚се смирил [понизил, НС] и станал послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст‘. Павле додава: „Затоа и Бог високо Го издигна и Му даде име, што е над секое име, та во името на Исуса да ги преклони колената на сѐ што е небесно, земно и подземно, и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бога Отецот“ (Филипјаните 2:8-11). Да, ние радосно ги преклонуваме колената пред нашиот Водач и владејачки Цар, Христос Исус (Матеј 23:10).

6. Како докажал Исус дека е сведок и водач за националните групи, и како ќе продолжи неговата „кнежевска власт“ после големата неволја?

6 За Христос како наш Водач, Јехова прорекол: „Ете, Него Го дадов сведок за народите, водач и заповедник на народите“ (Исаија 55:4). Со неговата земска служба и со неговото управување со делото на проповедање од небото, по неговата смрт и воскресение, Исус се покажал како ‚Верен и Вистински Сведок‘ на својот Татко пред луѓето од сите народи (Откровение 3:14; Матеј 28:18-20). Таквите национални групи сега се претставени со растечките броеви на ‚големото мноштво‘ кое ќе ја преживее „големата неволја“ (НС) под Христово водство (Откровение 7:9, 14). Но, Христовото водство не завршува тука. Неговата „кнежевска власт“ ќе трае илјада години. За послушните луѓе, тој ќе живее според неговото име како „Прекрасен Советник, Моќен Бог, Вечен Татко, Кнез на мирот“ (Исаија 9:6, 7; Откровение 20:6, сите НС).

7. Што мораме да правиме без одлагање ако сакаме Исус да нѐ води на ‚живите извори водни‘, и што ќе придонесе да бидеме сакани од Исус и Јехова?

7 Ако сакаме да извлечеме корист од ‚живите извори водни‘ на коишто Јагнето, Христос Исус, ги води луѓето со искрени срца, мораме без одлагање, со нашиот начин на постапување да докажеме дека радосно се подложуваме на неговиот авторитет како Цар (Откровение 7:17; 22:1, 2; спореди Псалм 2:12). Исус изјавил: „Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди. Кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што Ме љуби; а кој Ме љуби Мене, возљубен ќе биде од Мојот Отец; и Јас ќе го возљубам“ (Јован 14:15, 21). Дали имаш желба да бидеш сакан од Исус и од неговиот Татко? Тогаш, биди подложен на нивниот авторитет.

Надгледниците радосно се покоруваат

8, 9. а) Што дал Христос за изградување на собранието, и во кој поглед треба овие мажи да бидат примери за стадото? б) Како е симболизирана подложноста на христијанските надгледници во книгата Откровение, и како треба тие да бараат „послушно срце“ кога решаваат правни случаи?

8 „Црквата [собранието, НС] Му се покорува на Христа.“ Како нејзин Надгледник, тој обезбедил „дарови во облик на луѓе“ за „изградувањето“ на собранието (Ефесјаните 4:8, 11, 12, НС; Еф 5:24). На овие духовно постари мажи им е речено да го ‚пасат Божјото стадо, што го имаат‘, не ‚како да управуваат со народот, туку давајќи му пример на стадото‘ (1. Петрово 5:1-3). Стадото е Јеховино, а Христос е неговиот ‚добар Пастир‘ (Јован 10:14). Бидејќи надгледниците со право очекуваат спремна соработка од овците коишто Јехова и Христос им ги довериле на грижа, тие самите треба да бидат добри примери на подложност (Дела 20:28).

9 Во првиот век, помазаните надгледници биле симболично претставени како да се „во“ Христовата десна рака, што ја означува нивната подложност Нему како Глава на собранието (Откровение 1:16, 20; 2:1). Ништо помалку и денеска, надгледниците во собранијата на Јеховините сведоци треба да се подложуваат на Христовото водство и ‚да се смират [понизат, НС] под крепката рака Божја‘ (1. Петрово 5:6). Кога од нив се бара да решаваат правни случаи, како Соломон во времето на неговата верна служба, тие треба да го молат Јехова: „Подари му, пак, на Твојот слуга разумно [послушно, НС] срце, за да му служи [суди, НС] на Твојот народ и да разликува: што е добро и што е зло“ (3. Царства 3:9). Послушното срце ќе го поттикне старешината да сака работите да ги гледа онака како што ги гледаат Јехова и Христос Исус, така што одлуката што е донесена на Земјата да наликува што е можно повеќе на онаа што е донесена на небото (Матеј 18:18-20).

10. Како треба сите надгледници да настојуваат да го имитираат Исус во начинот на кој постапувал со овците?

10 Патувачките надгледници и собраниските старешини исто така ќе настојуваат да го имитират Христос во начинот на кој тој постапувал со овците. За разлика од фарисеите, Исус не поставувал многу правила кои биле тешки за следење (Матеј 23:2-11). На оние кои биле слични на овци, им рекол: „Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам; земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши; зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно“ (Матеј 11:28-30). Иако е точно дека секој христијанин мора да го „понесе своето бреме“, надгледниците треба да се сеќаваат на Исусовиот пример и да им помагаат на своите браќа да чувствуваат дека нивното бреме на христијанска одговорност е „благо“ и „лесно“ и дека претставува радост да се носи (Галатјаните 6:5).

Теократска подложност

11. а) Како може човек да го почитува поглаварството а сепак да нема вистински теократски став? Илустрирај. б) Што значи навистина да се има теократски став?

11 Теократија е Божја влада. Таа го вклучува начелото на поглаварство што е изразено во 1. Коринтјаните 11:3. Но, значи и повеќе од тоа. Некое лице може да изгледа дека покажува почит кон поглаварството, а сепак да нема теократски став во полна смисла на зборот. Како е можно тоа? За илустрација, демократијата е владеење на народот, а демократ се дефинира како „лице кое верува во идеалите на демократијата“. Некој може да тврди дека има демократски став, да учествува во избори и дури да биде активен политичар. Но, ако преку неговото вообичаено однесување го презира духот на демократијата и сите начела што ги вклучува таа, може ли да се рече дека тој навистина има демократски став? Слично на тоа, за навистина да се има теократски став, човек мора да прави повеќе отколку само формално да се потчинува на поглаварството. Мора да ги имитира Јеховините патишта и особини. Мора навистина да се управува по Јехова во секој поглед. А бидејќи Јехова му доверил на својот Син потполна власт, да се има теократски став исто така значи да се имитира Исус.

12, 13. а) Што особено вклучува теократскиот став? б) Дали теократската подложност вклучува да се следи мноштво правила? Илустрирај.

12 Запомни, Јехова сака спремно подложување кое е мотивирано од љубов. Тоа е неговиот начин на кој управува со вселената. Тој е самото олицетворение на љубовта (1. Јованово 4:8). Христос Исус е „отсјајот на неговата слава и точниот отпечаток на самото негово битие“ (Евреите 1:3, НС). Тој бара од неговите вистински ученици да се сакаат еден со друг (Јован 15:17). Според тоа, да се има теократски став значи не само да се биде подложен, туку и да се сака. Работата би можела да се сумира вака: Теократија е Божја влада; Бог е љубов; според тоа, теократијата е владеење од љубов.

13 Еден старешина би можел да мисли дека, за да се има теократски став, браќата треба да ги слушаат сите видови правила. Некои старешини поставиле правила од предлозите што одвреме навреме ги давал ‚верниот и разумен роб‘ (Матеј 24:45, НС). На пример, еднаш, заради полесно меѓусебно запознавање на браќата во собранието, беше предложено дека можеби ќе биде подобро да не се седи секогаш на истата столица во Салата на Царството. Тоа беше замислено како практичен предлог, а не како круто правило. Но, некои старешини можеби се склони да го претворат во правило и да мислат дека оние кои не го следат немаат теократски став. Сепак, може да има повеќе оправдани причини зошто некој брат или сестра претпочита да седи во некој дел. Ако некој старешина љубезно не ги земе предвид таквите работи, дали самиот тој покажува теократски став? За да се има теократски став, треба „сѐ да станува со љубов“ (1. Коринтјаните 16:14).

Да се служи со радост

14, 15. а) Како може еден старешина да им ја одземе радоста на браќата и сестрите во службата за Јехова, и зошто тоа не би било теократски? б) Како покажал Исус дека повеќе ја цени љубовта што е изразена преку нашата служба отколку износот? в) Што треба да имаат предвид старешините?

14 Да се има теократски став исто така значи да се служи на Јехова со радост. Јехова е „среќниот Бог“ (1. Тимотеј 1:11, НС). Тој бара од неговите обожаватели да му служат радосно. Оние кои се поборници за правила треба да запомнат дека меѓу прописите што требало Израел ‚грижливо да ги исполнува‘ бил и следниов: „Развесели се пред Господа, твојот Бог, во сѐ на што е ставена раката твоја“ (5. Мојсеева 12:1, 18). Што и да преземеме во Јеховината служба треба да ни претставува радост, а не товар. Надгледниците можат многу да сторат за да им помогнат на браќата да чувствуваат радост додека го прават она што можат во службата за Јехова. И обратно, ако старешините не внимаваат, можат да им ја одземат радоста на некои браќа. На пример, ако прават споредби и ги пофалуваат оние кои го достигнале или го надминале собранискиот просек на часови поминати во сведочење, или ако индиректно ги критизираат оние кои не го постигнале тоа, како ќе се чувствуваат оние кои можеби од оправдана причина известиле многу помалку време? Зарем тоа не би можело да ги натера непотребно да се чувствуваат виновни и да им ја одземе радоста?

15 Неколкуте часа коишто некои можат да ги посветат на јавното сведочење може да претставуваат поголем напор отколку многуте часови што некои ги поминуваат во проповедање, ако се има предвид помладата возраст, подоброто здравје и други околности. Во овој поглед, старешините не смеат да ги судат. Всушност, Исус е оној на кого Таткото му ја дал ‚власта да суди‘ (Јован 5:27). Дали Исус ја критизирал сиромашната вдовица затоа што нејзиниот принос бил помал од просекот? Не, тој бил осетлив за тоа колку ја чинеле неа тие две парички. Тие биле ‚сѐ што имала, целата нејзина прехрана‘. Колку длабока љубов кон Јехова претставувале тие! (Марко 12:41-44). Дали треба старешините помалку да бидат осетливи за напорите полни со љубов од страна на оние кај кои бројчано сѐ е под „просекот“? Изразено со зборови на љубов кон Јехова, таквите напори би можеле да бидат далеку над просекот!

16. а) Зошто им треба разбор и добра рамнотежа на надгледниците ако наведуваат бројки во своите говори? б) Како може најдобро да им се помогне на браќата да ја зголемат својата служба?

16 Дали треба овие забелешки сега да бидат претворени во некакво ново „правило“ според кое бројки — па дури и просеци — не треба никогаш да се споменуваат? Никако! Поентата е надгледниците да бидат урамнотежени помеѓу охрабрувањето на браќата да ја прошират својата служба и помагањето да го прават со радост она што можат (Галатјаните 6:4). Во Исусовата илустрација за талантите, господарот им го доверил својот имот на своите робови „секому според силата негова“ (Матеј 25:14, 15). И старешините треба да ги земаат во обѕир можностите на секој објавител на Царството. Тоа бара разбор. Може да се случи некому навистина да му биде потребно охрабрување за да стори повеќе. Тие ќе ја ценат помошта за подобро да ја организираат својата активност. Како и да е, ако може да им се помогне да го прават со радост она што можат, таа радост веројатно ќе ги зајакне да ја прошират својата христијанска активност таму каде што е можно (Неемија 8:10; Псалм 58:16; Јеремија 20:9).

Мирот кој доаѓа од радосната подложност

17, 18. а) Како може радосната подложност да ни донесе мир и праведност? б) Што можеме да имаме ако навистина обрнеме внимание на Божјите заповеди?

17 Радосното подложување на Јеховиниот законски суверенитет ни донесува голем мир. Во молитва до Јехова псалмистот рекол: „Голем е мирот кај оние, кои го сакаат Твојот закон, и за нив нема соблазна“ (Псалм 118:165). Ако го слушаме Божјиот закон, тоа ни користи нам самите. Јехова му рекол на Израел: „Вака вели Господ, твојот Искупител, Светецот Израилев: Јас сум Господ, Бог твој, Кој те учи на добро, Кој те води по оној пат, по кој треба да одиш. О, да беше ги слушал Моите заповеди! Тогаш твојот мир ќе беше како река, и твојата правда — како морски бранови“ (Исаија 48:17, 18).

18 Христовата откупна жртва ни донесува мир со Бог (2. Коринтјаните 5:18, 19). Ако имаме вера во Христовата откупна крв и ако совесно настојуваме да ги совладаме нашите слабости и ја вршиме Божјата волја, ќе најдеме ослободување од чувството на вина (1. Јованово 3:19-23). Таква вера, поткрепена со дела, ни дава праведна положба пред Јехова и прекрасна надеж да ја преживееме „големата неволја“ (НС) и да живееме засекогаш во Јеховиниот нов свет (Откровение 7:14-17; Јован 3:36; Јаков 2:22, 23). Сето ова можеме да го имаме ‚ако ги слушаме Божјите заповеди‘.

19. Од што зависи нашата сегашна среќа и надежта за вечен живот, и како ја изразил Давид нашата срдечна увереност?

19 Да, нашата сегашна среќа и нашата надеж за вечен живот на рајска Земја зависат од нашето радосно подложување на Јеховиниот авторитет како Суверен Господ на вселената. Секогаш да ги делиме чувствата на Давид кој рекол: „Твое е, Господи, и величието, и силата, и славата, и победата, и блесокот; и сѐ, што е на небото и на земјата, Твое е; Твое е, Господи, царството, Ти стоиш над сѐ одозгора како Владетел. И сега, Боже наш, Те славословиме и го фалиме Твоето величествено име“ (1. Летописи 29:11, 13).

Точки за сеќавање

◻ Каков вид подложност и послушност сака Јехова да покажуваат неговите слуги?

◻ Како бил награден Исус за својата послушност, и што мораме ние да докажеме со нашиот начин на постапување?

◻ Како треба сите надгледници да го имитираат Исус во начинот на кој постапувал со овците?

◻ Што значи да се има теократски став?

◻ Какви благослови ни донесува радосното подложување?

[Слика на страница 24]

Старешините го охрабруваат стадото радосно да го прават она што се во можност

[Слика на страница 26]

На Јехова му се по волја оние кои го слушаат од срце

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели