ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/9 стр. 3-5
  • Еволуцијата пред суд

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Еволуцијата пред суд
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Противречно сведочење
  • Дали еволуцијата е интелектуален избор?
  • Прашање на вера
  • Несогласувања во врска со еволуцијата — зошто?
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Зошто многумина ја прифаќаат еволуцијата?
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Создавање или еволуција? — Втор дел: Треба ли слепо да верувам во теоријата на еволуција?
    Младите прашуваат
  • Дали еволуцијата е во склад со Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/9 стр. 3-5

Еволуцијата пред суд

Преданите еволуционисти сега инсистираат на целосно преиспитување на потеклото на животот

ЗАМИСЛИ си дека си правник во некој судски процес. Обвинетиот изјавува дека е невин, а сведоците истапуваат да сведочат во негова корист. Меѓутоа, додека ги слушаш нивните сведоштва, забележуваш дека секој сведок е во контрадикторност со останатите. Потоа, кога бранителите се повикани повторно да сведочат, нивните изјави се изменети. Дали како правник би придал некаква важност на нивното сведочење? Дали би бил наведен да го ослободиш обвинетиот? Веројатно не, затоа што било каква недоследност во изјавите дадени во полза на обвинетиот, ја поткопува неговата веродостојност.

Таков е случајот и со теоријата на еволуцијата. Мноштво сведоци истапиле да изнесат разновидни објаснувања во врска со потеклото на животот, бранејќи ја теоријата на еволуцијата. Но, дали нивното сведоштво ќе се одржи на судот? Дали оние кои ја поддржуваат теоријата зборуваат во меѓусебна согласност?

Противречно сведочење

Како започнал животот? Можеби ниту едно друго прашање не поттикнало повеќе шпекулации и дебати. Сепак, противречноста не е само помеѓу еволуцијата и создавањето; многу од конфликтите се токму помеѓу самите еволуционисти. Скоро секој детаљ од еволуцијата — како се случила, каде започнала, кој или што ја започнало и колку долго траел тој процес — е жестоко оспоруван.

Со години еволуционистите тврделе дека животот започнал во еден жежок океан од органска „супа“. Некои денес веруваат дека можеби пената во океанот го создала животот. Подморските гејзири се друго место за кое се претпоставува дека би можело да биде извор на животот. Некои тврдат дека живите организми дошле заедно со метеорите кои паднале на Земјата. Или, велат други, можеби астероиди се судриле со Земјата и ја измениле атмосферата, поттикнувајќи го на тој начин развојот на животот. „Ако се зарие некој голем, железен астероид во Земјата“, вели еден истражувач, „несомнено ќе се случат интересни работи“.

Природата на почетокот на животот исто така повторно се разгледува. „Животот не се родил под мирни, поволни услови, како што некогаш се претпоставувало“, сугерира списанието Time, „туку под пеколното небо на планетата измачена од вулкански ерупции и под заканите од комети и астероиди“. За да настане живот среде таков хаос, некои научници сега велат дека целиот процес требало да се случи во пократок временски период отколку што се мислело порано.

Научниците исто така имаат различни гледишта за тоа каде Бог — „ако постои“ — се вклопува во сето тоа. Некои велат дека животот еволуирал без интервенција на Творецот, додека други сугерираат дека Бог го започнал процесот а потоа дозволил еволуцијата да го продолжи.

Како течела еволуцијата откако настанал животот? Дури и овде изјавите си противречат. Во 1958, еден век по издавањето на The Origin of Species (Потекло на видовите), еволуционистот сер Џулијан Хаксли изјавил: „Дарвиновото големо откритие, универзалното начело на природна селекција, е цврсто и конечно втемелено како главно орудие за повеќето еволутивни промени“. Сепак, дваесет и четири години подоцна еволуционистот Мајкл Руз напишал: „Сѐ поголем број биолози . . . докажуваат дека било која теорија што се темели на Дарвиновите начела — особено секоја теорија која на природната селекција гледа како на клуч за еволутивна промена — е измамнички нецелосна“. 

Иако списанието Time вели дека постојат „многу солидни факти“ кои ја поткрепуваат теоријата на еволуцијата, сепак признава дека еволуцијата е една замрсена бајка со „многу дупки и меѓусебно противречни теории за тоа како да се потполнат деловите кои недостигаат“. Наместо да навестуваат дека случајот е завршен, некои од најпреданите еволуционисти сега инсистираат на целосно преиспитување на потеклото на животот.

Оттука произлегува дека случајот со еволуцијата — особено за почетокот на животот според еволуцијата — не се темели на доследно сведоштво. Научникот Т. Х. Џенаби забележува дека оние кои ја бранат еволуцијата „со текот на годините измислиле и отфрлиле многу погрешни теории, а научниците не успеале да се сложат за ниту една од овие теории.“

Занимливо е што Чарлс Дарвин предвидел таков конфликт. Во уводот на својата книга The Origin of Species, тој напишал: „Сосема ми е јасно дека во оваа книга нема ниту една единствена точка за која не би можеле да се наведат факти, кои честопати очевидно ќе водат до заклучоци кои директно се спротивставуваат на оние до кои сум дошол јас“.

Навистина, ваквото противречно сведочење поставува прашања во врска со веродостојноста на теоријата на еволуција.

Дали еволуцијата е интелектуален избор?

Од нејзиниот почеток, забележува книгата Milestones of History (Пресвртници во историјата), еволуционата теорија „привлече многу луѓе бидејќи изгледаше дека е многу понаучна од теоријата за создавање на видовите“.

Освен тоа, догматските изјави на некои еволуционисти можат да бидат застрашувачки. На пример, научникот Х. С. Шелтон тврди дека поимот за создавање на видовите е „премногу смешен за сериозно разгледување“. Биологот Ричард Докинс грубо изјавува: „Ако сретнеш некого кој тврди дека не верува во еволуција, тоа лице е неуко, глупо или неразумно“. Слично вели професорот Рене Дибо: „Денес, повеќето просветени луѓе прифаќаат како факт дека сѐ во космосот — од небеските тела до човечките суштества — се развило и продолжува да се развива преку еволутивни процеси“.

Според овие изјави може да се чини дека секој што има одреден степен на интелигенција спремно ќе ја прифати еволуцијата. На крајот на краиштата, тоа би значело дека оној што ќе постапи така е „просветен“, а не „глуп“. Па сепак, постојат високообразовани мажи и жени кои не ја застапуваат теоријата на еволуцијата. „Наидов на многу научници со лични сомневања“, пишува Френсис Хичинг во својата книга The Neck of the Giraffe (Вратот на жирафата) „и на грст такви кои отидоа толку далеку, што дури рекоа дека Дарвиновата еволуциона теорија воопшто не е научна“.

Чендра Вајкремесинг, еден високоценет британски научник, зазема сличен став. „Не постои доказ за било кое од темелните начела на Дарвиновата еволуција“, вели тој. „Општествената сила го зафати светот во 1860, и јас мислам дека оттогаш наваму тоа беше катастрофа за науката“.

Т. Х. Џенаби ги испитал аргументите приложени од страна на еволуционистите. „Мислам дека ситуацијата е прилично поинаква од онаа во која бевме наведени да веруваме“, вели тој. „Доказите се преоскудни и премногу расцепкани за да поддржат една толку замрсена теорија каква што е теоријата за потеклото на животот“.

Според тоа, оние кои ѝ се спротивставуваат на еволуционата теорија, не би требало едноставно да бидат шутнати на страна како „неуки, глупи или неразумни“. Што се однесува до мислењата кои ја побиваат еволуцијата, дури и непоколебливиот еволуционист Џорџ Гејлорд Симпсон морал да признае: „Секако дека би било погрешно едноставно да се отфрлат овие погледи како да не заслужуваат сериозно разгледување, или пак да се исмејат. Оние кои ѝ се спротивставуваат на теоријата беа (и се) учени и интелигентни студенти“.

Прашање на вера

Некои мислат дека верувањето во еволуцијата се темели на факти, додека верувањето во создавањето се темели на вера. Вистина е дека ниеден човек не го видел Бог (Јован 1:18; спореди 2. Коринтјаните 5:7). Сепак, теоријата на еволуцијата нема никаква предност во овој поглед, бидејќи се темели на настани за кои нема очевидци и кои не се повториле.

На пример, научниците никогаш не набљудувале мутации — дури ни корисни — кои произвеле нови животни форми; па сепак се сигурни дека токму така се појавиле новите видови. Не биле сведоци на абиогенезата на животот; па сепак тврдат дека тоа е начинот како настанал животот.

Ваквиот недостиг на докази го мотивирал Т. Х. Џенаби да ја нарече теоријата на еволуцијата „само ‚верување‘“. Физичарот Фред Хојл ја нарекува „Евангелие по Дарвин“. Д-р Ивен Шат оди дури уште подалеку. „Се сомневам дека креационистот има помалку мистерии за објаснување отколку искрениот еволуционист“, вели тој.

Други експерти се согласуваат со тоа. „Кога размислувам за природата на човекот“, признава астрономот Роберт Џастроу, „појавувањето на ова извонредно суштество, од хемикалии растворени во океан со жешка вода, изгледа исто толку чудно колку и библискиот извештај за неговото потекло“.

Зошто, тогаш, многумина сѐ уште ја отфрлаат идејата дека животот бил создаден?

[Слика на страница 3]

Догматските изјави на некои еволуционисти можат да бидат убедливи

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели