ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/9 стр. 4-7
  • Зошто да се проштева?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да се проштева?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Штетата предизвикана од духот на непроштевање
  • Да се учиме да проштеваме
  • Потребна е рамнотежа
  • Користите од проштевањето
  • ‚Продолжете да си простувате спремно еден на друг‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Спремно простувајте си еден на друг
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Дали простуваш како Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Јехова е спремен да прости
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/9 стр. 4-7

Зошто да се проштева?

ВО ЕДНА прилика, еврејскиот научник и писател Јосеф Јакобс го опишал проштевањето како „највозвишена и најтешка од сите морални задачи“. Навистина, многумина мислат дека е многу тешко да се изговорат зборовите „ти проштевам“.

Изгледа проштевањето е слично на парите. Може да се троши неограничено и милосрдно за другите, или може да се натрупува скржаво за себе. Првонаведениот е побожниот начин. Што се однесува до проштевањето, би требало да негуваме навики на широкоградост. Зошто? Бидејќи Бог поттикнува на тоа и бидејќи духот на непроштевање и осветољубивост може само да ги влоши работите.

Често се слушаат зборовите: „Јас не се лутам — јас само враќам мило за драго!“ За жал, оваа изјава денес е водечко начело во животот на многумина. На пример, една жена одбила да ѝ зборува на својата снаа од брат преку седум години бидејќи, како што вели таа, „многу ми згреши и никогаш не бев во состојба да ѝ простам“. Но, таквото потполно игнорирање, кога се користи како помошно средство да се изнуди извинување од обвинетиот или како оружје со кое се казнува, ретко ја задоволува желбата за одмазда. Наместо тоа, едноставно може да ја продолжи расправијата, овозможувајќи да се развива целосна омраза. Ако не се прекине овој круг на измачување, моќниот стисок на одмаздата може да ги уништи меѓусебните односи, па дури и нечие здравје.

Штетата предизвикана од духот на непроштевање

Кога едно лице не проштева, конфликтот кој произлегува од тоа создава стрес. А стресот, пак, може да доведе до сериозна болест. Д-р Вилијам С. Садлер напишал: „Никој, како еден доктор, не може толку добро да го сфати необично големиот процент на болести и страдања кои директно се поврзани со загриженост, страв, конфликт, . . . штетно размислување и нечист живот“. Меѓутоа, колкава штета всушност предизвикува емоционалниот немир? Една медицинска публикација одговара: „Статистиката . . . покажува дека две третини од пациентите кои отишле на лекар, имале симптоми предизвикани или влошени поради емоционален стрес.“

Да, лутината, огорченоста и инаетот воопшто не се безопасни. Овие пакосни емоции се како ’рѓа која полека ја нагризува каросеријата на автомобилот. Однадвор автомобилот може да изгледа прекрасно, но под фарбата деструктивниот процес си ја врши работата.

Што е уште поважно, одбивањето да простиме кога за тоа постои темел може да ни наштети и духовно. Во очите на Јехова Бог можеме да станеме како робот од Исусовата споредба. Нему му бил простен голем долг од страна на господарот. Сепак, кога неговиот другар го молел да му го прости релативно малиот долг, тој бил суров и не сакал да прости. Така Исус дал до знаење дека ако и ние, на сличен начин, не сакаме да простиме, Јехова ќе одбие да ни ги прости нашите гревови (Матеј 18:21-35). Ако не сакаме да простиме, тогаш тоа може да има за последица губење на чистата совест пред Бог, па дури и нашата надеж за иднината! (Спореди 2. Тимотеј 1:3). Тогаш, што можеме да сториме?

Да се учиме да проштеваме

Вистинското проштевање потекнува од срцето. Вклучува проштевање на грешката на некој виновник и откажување од желбата за освета. Така, конечната праведност и можната одмазда се оставени во Јеховини раце (Римјаните 12:19).

Меѓутоа, мора да се забележи дека, бидејќи ‚срцето е лукаво повеќе од сѐ и е наполно расипано‘, не е баш секогаш наклонето кон проштевање, па дури и кога треба да биде (Јеремија 17:9). Самиот Исус рекол: „Од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули“ (Матеј 15:19).

Но, за среќа, нашето срце може да биде обучувано да го прави она што е добро. Меѓутоа, обуката која ни е потребна мора да доаѓа од повисок извор. Тоа не можеме да го сториме сами (Јеремија 10:23). Божествено инспирираниот псалмист го сфатил тоа и се молел за Божје водство. Тој го преколнувал Јехова во молитва: „Научи ме на Твоите наредби. Вразуми ме да го разберам патот на Твоите наредби“ (Псалм 118:26, 27).

Според еден друг псалм, царот Давид од древниот Израел го ‚разбрал патот‘ на Јехова. Тој го искусил лично и извлекол корист од тоа. Затоа бил во можност да каже: „Штедар и милостив е Господ, долготрпелив и многумилостив; како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него“ (Псалм 102:8, 13).

Треба да учиме како што тоа го правел Давид. Во молитва да го проучуваме Божјиот совршен пример на проштевање, како и оној на неговиот Син. На тој начин ќе научиме да проштеваме од срце.

Сепак, некој може да запраша: Што е со сериозниот грев? Мора ли сите гревови да бидат простени?

Потребна е рамнотежа

Кога на некое лице му е нанесена тешка неправда, болката може да биде огромна. Ова особено може да биде случај ако некој е невина жртва на сериозен грев. Некои можеби дури се прашуваат: ‚Како може да му простам на некого кој злобно ме изневерил и ме повредил?‘ Во случај на голем грев, кој може да заслужува исклучување, жртвата можеби ќе треба да го примени советот од Матеј 18:15-17.

Во секој случај, може многу да зависи од виновникот. Дали имало некаков знак на искрено каење откако неправдата била нанесена? Дали грешникот се променил, можеби дури обидувајќи се вистински да ја надомести штетата? Во Јеховини очи, таквото каење е клуч за проштевање дури и кога се работи за страшни гревови. На пример, Јехова му простил на Манасија, еден од најзлобните цареви во историјата на Израел. На темел на што? Бог го сторил тоа бидејќи Манасија на крајот се понизил и се покајал поради своите злобни патишта (2. Дневници 33:12, 13).

Во Библијата вистинското каење вклучува искрено менување на ставот — жалење од срце поради било каква сторена неправда. Каде е погодно и можно, каењето е придружено со напор да се даде надоместок на жртвата на гревот (Лука 19:7-10; 2. Коринтјаните 7:11). Таму каде што нема вакво каење, Јехова не простува.a Освен тоа, Бог не очекува од христијаните да им простат на оние кои биле духовно просветлени, но кои сега своеглаво, непокајнички практикуваат злодело (Евреите 10:26-31). Во екстремни случаи, проштевањето може да биде сосема несоодветно (Псалм 138:21, 22; Језекиил 18:30-32).

Било да е можно проштевање или не, жртвата на сериозен грев можеби ќе сака да разгледа едно друго прашање: Морам ли да останам во тежок емоционален немир, чувствувајќи се длабоко повреден и лут, сѐ додека работата потполно не се реши? Разгледај еден пример. Царот Давид се чувствувал длабоко повреден кога неговиот генерал Јоав ги убил Авенир и Амасеј, „двајца невини мажи подобри од него [Јоав]“ (3. Царства 2:32). Во молитва до Јехова, Давид непоколебливо ја искажал со зборови својата лутина и огорченост. Меѓутоа, крајната јачина на Давидовите чувства веројатно се стишала на време. Тој не бил совладан од бес до крајот на своите денови. Давид продолжил дури и да работи со Јоав, но тој не му простил така едноставно на овој непокајнички убиец. Се погрижил правдата на крајот да биде извршена (2. Царства 3:28-39; 3. Царства 2:5, 6).

Можеби ќе биде потребно време и труд, пред да можат оние кои се повредени од сериозните гревови на другите да поминат преку својата почетна лутина. Процесот на лечење може да биде многу полесен кога виновникот ќе ја признае својата вина и ќе се покае. Меѓутоа, една невина жртва на грев би требало да биде способна да најде утеха во своето спознание за Јеховината праведност и мудрост, како и во христијанското собрание, без разлика на однесувањето на престапникот.

Исто така, сфати дека кога му проштеваш на некој грешник, тоа не значи дека го простуваш гревот. За христијанинот, проштевањето значи доверливо оставање на работата во Јеховини раце. Тој е праведниот Судија на целиот универзум и тој ќе ја спроведе правдата во вистинското време. Тоа ќе вклучи судење на подмолните ‚блудници и прељубници‘ (Евреите 13:4).

Користите од проштевањето

Псалмистот Давид рекол: „Зашто Ти, Господи, си добар, кроток и многумилостив [спремен да простиш, НС] кон сите, кои Те признаваат“ (Псалм 85:5). Дали и ти, како Јехова, си „спремен да простиш“? Користите се многубројни.

Како прво, проштевањето на другите ги потпомогнува добрите односи. Библијата ги поттикнува христијаните: „А еден спрема друг бидете добри, сочувствителни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа“ (Ефесјаните 4:32).

Како второ, проштевањето донесува мир. Ова не е само мир со блиските туку и внатрешен мир (Римјаните 14:19; Колосјаните 3:13-15).

Како трето, ако им проштеваме на другите, ќе ни биде полесно да задржиме на ум дека и нам лично ни е потребно проштевање. Да, „сите згрешија и се лишени од славата Божја“ (Римјаните 3:23).

Конечно, проштевањето на другите го порамнува патот за Бог да ни ги прости и нашите гревови. Исус рекол: „Бидејќи ако им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен“ (Матеј 6:14).

Претстави си ги многуте работи кои го окупирале Исусовиот ум попладнето кога умрел. Тој бил загрижен за своите ученици, за делото на проповедање, и особено за својата беспрекорност спрема Јехова. Меѓутоа, дури и кога длабоко пател на маченичкиот столб, за што зборувал тој? Помеѓу неговите последни зборови биле овие: „Оче, прости им“ (Лука 23:34). Ние можеме да го имитираме Исусовиот совршен пример со тоа што ќе си простуваме еден на друг од срце.

[Фуснота]

a Меѓутоа, кога одлучува дали да прости, Јехова зема предвид и други фактори. На пример, ако грешникот не е запознаен со Божјите мерила, ваквото незнаење може да ја намали тежината на вината. Кога Исус го замолил својот Татко да им прости на своите егзекутори, Исус очигледно зборувал за римските војници кои го погубиле. Тие ‚не знаеле што прават‘ бидејќи биле во незнаење за тоа кој бил всушност тој. Меѓутоа, религиозните водачи кои стоеле зад тоа погубување имале далеку поголема вина — а за многумина од нив не било можно проштевање (Јован 11:45-53; спореди Дела 17:30).

[Слики на страница 5]

Ја сфати ли поентата на Исусовата споредба за робот кој не сакал да прости?

[Слики на страница 7]

Проштевањето поттикнува добри односи и донесува среќа

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели