ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/12 стр. 23-25
  • Дали треба да му се молиш на Исус?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали треба да му се молиш на Исус?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е тоа молитва?
  • Да му искажуваме признание на Исус во нашите молитви
  • Како е ‚призовувано‘ името на Исус?
  • Што може Исус да стори за нас
  • Како му оддаваш чест на Исус?
  • Прифатливи молитви
  • За молитвите што ги слуша Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Зближи се со Бог преку молитва
    Што навистина учи Библијата?
  • Приближување на Бог во молитва
    Што бара Бог од нас?
  • Како може да ни помогне молитвата
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/12 стр. 23-25

Дали треба да му се молиш на Исус?

НЕКОИ луѓе сметаат дека е исправно да му се молат на Исус. Во Германија, многумина како деца биле поучувани дека пред своите оброци треба да ги склопат рацете и да му заблагодарат на Исус Христос.

Според Библијата, Исус навистина зазема многу висока положба на небото. Меѓутоа, дали тоа значи дека треба да му се молиме нему? Можеби си еден од оние кои, од љубов спрема Исус, му упатуваат молитви нему. Но, што мисли самиот Исус за таквите молитви?

Како прво, зошто воопшто се појавуваат вакви прашања? Затоа што Библијата вели дека Јехова Бог е ‚Слушач на молитвата‘. Затоа, не е ни чудо што Божјите слуги во старо време, како на пример Израелците, се молеле единствено на Јехова Бог, Семоќниот (Псалм 5:1, 2; 65:2, НС).

Дали работите се измениле кога Исус, Божјиот Син, дошол на Земјата за да го ослободи човештвото од грев и смрт? Не, молитвите сѐ уште биле упатувани до Јехова. Кога бил на Земјата, Исус постојано се молел на својот небесен Татко и ги поучувал и другите да го прават истото. Размисли само за пример–молитвата, понекогаш наречена Господова молитва или Оче наш, која е една од најпознатите молитви во светот. Исус не нѐ поучувал да му се молиме нему; тој ни го дал овој пример: „Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое“ (Матеј 6:6, 9; 26:39, 42).

Да ја погледаме работата потемелно така што ќе испитаме што всушност претставува молитвата.

Што е тоа молитва?

Секоја молитва е облик на обожавање. The World Book Encyclopedia го поткрепува тоа со следнава изјава: „Молитвата е облик на обожавање во кој едно лице може да понуди преданост, благодарност, исповед или преколнување на Бог“.

Во една прилика Исус рекол: „Оти е напишано: ‚На Господа, твојот Бог, клањај Му се и само Нему служи Му!‘“ Исус останал доследен на фундаменталната вистина дека обожавањето — а оттука и молитвите — треба да биде упатено само до неговиот Татко, Јехова Бог (Лука 4:8; 6:12).

Да му искажуваме признание на Исус во нашите молитви

Исус умрел како откупна жртва за човештвото, бил воскреснат од Бог и бил издигнат до една надмоќна позиција. Како што можеш да си претставиш, сето ова навистина донесува промени во однос на прифатливите молитви. На кој начин?

Големото влијание кое Исусовата положба го врши врз молитвата, апостол Павле го опишал на следниов начин: „Па затоа и Бог високо Го издигна и Му даде име, што е над секое име, та во името на Исуса да ги преклони колената на сѐ што е небесно, земно и подземно, и секој јазик да исповеда дека Исус Христос е Господ, за слава на Бога Отецот“ (Филипјаните 2:9-11).

Дали зборовите „во името на Исуса да ги преклони колената на сѐ“ значи дека треба да му се молиме нему? Не. Грчката фраза што е употребена овде „го означува името под кое се обединуваат оние кои ги преклонуваат колената, во кое сите обединети (πᾶν γόνυ) обожаваат. Името кое го примил Исус ги поттикнува сите кон обединето обожавање“ — A Grammar of the Idiom of the New Testament (Граматика на новозаветните идиоми), од Г. Б. Вајнер. Навистина, за да биде прифатлива, една молитва мора да биде кажана „во името на Исус“, но сепак, таа е упатена до Јехова Бог и служи за негово прославување. Од оваа причина, Павле вели: „Во сѐ преку молитва и молба со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања“ (Филипјаните 4:6).

Исто како што една патека води до некоја цел, така и Исус е „патот“ кој води до Семоќниот Бог. Исус ги поучувал апостолите: „Јас сум патот, вистината и животот; никој не доаѓа при Отецот, освен преку Мене“ (Јован 14:6). Значи, нашите молитви треба да ги упатиме до Бог преку Исус, а не директно до самиот Исус.a

‚Но‘, некои може да прашаат, ‚зарем Библијата не известува дека и ученикот Стефан и апостолот Јован му зборувале на Исус на небото? Тоа е вистина. Меѓутоа, овие настани не вклучувале молитви бидејќи Стефан и Јован го виделе Исус во визија и разговарале директно со него (Дела 7:56, 59; Откровение 1:17-19; 22:20). Запомни дека дури ниту самото зборување со Бог само по себе не претставува молитва. Адам и Ева разговарале со Бог, оправдувајќи се за нивниот голем грев кога Тој ги судел поради гревот во Едем. Спрема тоа, нивниот разговор со Него не бил молитва (1. Мојсеева 3:8-19). Затоа, би било неисправно Стефановиот или Јовановиот разговор со Исус да се наведуваат како доказ дека всушност би требало да му се молиме нему.

Како е ‚призовувано‘ името на Исус?

Дали имаш некои стари сомненија, сѐ уште мислејќи дека е исправно да му се молиш на Исус? Некоја жена пишала до една канцеларија на Watch Tower Society: „За жал, сѐ уште не сум убедена дека првите христијани не се молеле на Исус“. Таа ги имала на ум Павловите зборови од 1. Коринтјаните 1:2, каде што тој ги споменува „сите оние, кои го призовуваат името на нашиот Господ Исус Христос“. Меѓутоа, би требало да се забележи дека, во оригиналниот јазик, изразот „призовуваат“ може да има и поинакво значење од молитва.

Како било ‚призовувано‘ името на Христос насекаде? Еден начин е што следбениците на Исус од Назарет отворено го признавале како Месија и „Спасител на светот“, правејќи многу чуда во негово име (1. Јованово 4:14; Дела 3:6; 19:5). Затоа, The Interpreter’s Bible заклучува дека фразата „да се призовува името на нашиот Господ . . . значи да се признае неговото господство, а не да му се моли нему“.

Прифаќањето на Христос и покажувањето вера во неговата пролиена крв, што го прави проштевањето на гревовите возможно, исто така претставува ‚призовување на името на нашиот Господ, Исус Христос‘. (Спореди Дела 10:43 со Де 22:16.) И ние дословно го изговараме Исусовото име секогаш кога му се молиме на Бог преку него. Така, додека ни покажува дека можеме да го призовуваме Исусовото име, Библијата не кажува дека треба да му се молиме нему (Ефесјаните 5:20; Колосјаните 3:17).

Што може Исус да стори за нас

На своите ученици Исус јасно им ветил: „И што и да посакате од Отецот во Мое име, ќе ви го направам“. Дали ова бара да му се молиме нему? Не. Молбата е упатена до Јехова Бог, но во Исусово име (Јован 14:13, 14; 15:16). Ние го молиме Бог за неговиот Син, Исус, да ја употреби својата голема моќ и авторитет во наша корист.

На кој начин Исус комуницира со своите вистински следбеници денес? Павловиот опис на собранието од помазани христијани може да служи како илустрација. Тој го споредил со едно тело, а Исус Христос со главата. „Главата“ ги обезбедува деловите на духовното тело со нивните потребни работи преку „зглобови и врски“, односно средствата и подготовките за обезбедување на своето собрание со духовна храна и упатства (Колосјаните 2:19). На сличен начин, Исус денес ги користи ‚даровите [во облик на] луѓе‘ (НС), или духовно оспособените мажи, да го преземат водството во собранието, дури и да исправаат ако е потребно. Нема подготовки за членовите на собранието да комуницираат директно со Исус или да му се молат нему, но тие сигурно треба, да, мора да се молат на Исусовиот Татко, Јехова Бог (Ефесјаните 4:8-12).

Како му оддаваш чест на Исус?

Земајќи го в обѕир спасението на човештвото, каква само клучна улога игра Исус! Апостол Петар извикал: „Под небото нема друго име дадено на луѓето, со кое би можеле да се спасиме“ (Дела 4:12). Дали си свесен за важноста на Исусовото име?

Со тоа што не ги упатуваме молитвите лично до Исус, ние не ја омаловажуваме неговата положба. Наместо тоа, Исус е почестен кога молиме во негово име. И, како што децата им искажуваат чест на своите родители со тоа што им се послушни, така и ние му изразуваме чест на Исус Христос со тоа што се покоруваме на неговите заповеди, особено на новата заповед да се сакаме меѓусебно (Јован 5:23; 13:34).

Прифатливи молитви

Дали сакаш да упатуваш прифатливи молитви? Тогаш, упатувај ги до Јехова Бог, а прави го тоа во името на неговиот Син, Исус. Запознај ја Божјата волја и дозволи твоите молитви да го одразуваат тоа разбирање (1. Јованово 3:21, 22; 5:14). Извлечи сила од зборовите во Псалм 65:20: „Нека е благословен Бог, Кој не ја отфрли молитвата моја и не ме остави без милоста Своја“.

Како што видовме, молитвите се еден облик на обожавање што му припаѓа исклучително на Семоќниот Бог. Упатувајќи ги сите наши молитви до Јехова Бог, покажуваме дека сме го зеле при срце Исусовото упатство да се молиме: „Оче наш, Кој си на небесата“ (Матеј 6:9).

[Фуснота]

a Некои можеби му се молат на Исус бидејќи веруваат дека тој е Бог. Но, Исус бил Синот Божји и самиот тој го обожавал Јехова, својот Татко (Јован 20:17). За детална обработка на оваа тема, види во брошурата Дали треба да се верува во Тројство?, издадена од Watchtower Bible and Tract Society од Њујорк.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели