ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/7 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Сличен материјал
  • Кој го води Божјиот народ денес?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Како функционира Водечкото тело денес?
    Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • Која е улогата на „верниот и разборит роб“?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • „Еднодушно се сложивме“
    ,Сведочи темелно за Божјето Царство‘
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/7 стр. 31

Прашања од читателите

Дали Бог бил пристрасен затоа што за првобитното водечко тело избрал луѓе од иста раса и национално потекло, имено затоа што сите биле Евреи?

Не, тој сигурно не бил пристрасен. Сите оние кои Исус најпрво ги повикал како свои ученици, биле Евреи. Потоа, на Пентакост 33 н. е., Евреите и еврејските прозелити биле првите кои биле помазани со свет дух и на тој начин биле означени да владеат со Христос на небото. Дури подоцна биле вклучени Самарјаните и необрезаните пагани, кои биле преобратени. Според тоа, разбирливо е што водечкото тело од тоа време било составено од Евреи, ‚апостоли и старешини во Ерусалим‘, како што е спомнато во Дела 15:2. Тоа биле мажи кои имале подлабоко разбирање на духовното спознание и многу години искуство во вистинското обожавање, а имале и повеќе време да се развијат во зрели христијански старешини. (Спореди Римјаните 3:1, 2.)

До времето на заседавањето на водечкото тело, за кое се известува во 15-тото поглавје од Дела, многу пагани станале христијани. Меѓу нив имало Африканци, Европејци и луѓе од другите краишта. Сепак, не постои запис дека некој од овие пагани бил додаден кон водечкото тело за христијанството да се направи попривлечно за не–Евреите. Иако овие новообратени нееврејски христијани биле еднакви со членовите на „Израилот Божји“, тие требало да ја почитуваат зрелоста и поголемото искуство на еврејските христијани, како на пример апостолите, кои биле дел од тогашното водечко тело (Галатјаните 6:16). Забележи во Дела 1:21, 22, колку високо ценето било ваквото искуство (Евреите 2:3; 2. Петрово 1:18; 1. Јованово 1:1-3).

Низ многу векови Бог постапувал на еден посебен начин со нацијата Израел, од која Исус ги избрал своите апостоли. Не било никаква грешка или неправда тоа што ниту еден апостол не дошол од подрачјата на денешна Јужна Америка или Африка или, пак, Далечниот Исток. Во одредено време, мажи и жени од овие места ќе имаат можност да добијат предности многу поголеми од тоа да се биде апостол на Земјата, да се биде член на водечкото тело од првиот век или, пак, да се има какво и да било наименување помеѓу Божјиот народ денес (Галатјаните 3:27-29).

Еден апостол бил поттикнат да заклучи дека „Бог не гледа на лице [не е пристрасен, НС]; туку, кај секој народ оној, кој се бои од Него, и постапува правично, мил Му е“ (Дела 10:34, 35). Да, користите од Христовата откупнина се достапни на сите, без пристрасност. Поединци од секое племе и јазик и нација ќе бидат вклучени во небесното Царство и во големото мноштво кое ќе живее вечно на Земјата.

Многу луѓе станале осетливи на расното, јазичното или националното потекло. Ова е илустрирано со она што го читаме во Дела 6:1, во врска со едно прашање кое предизвикало негодување помеѓу христијаните кои зборувале грчки и оние кои зборувале хебрејски. Можеби сме пораснале во таква осетлива средина или сме го прифатиле денешниот преосетлив став во врска со јазикот, расата, етничкото потекло или пол. Со оглед на таа многу реална веројатност, добро ќе сториме ако одлучно се напрегаме да ги обликуваме нашите чувства и реакции според Божјето гледиште, а тоа е дека сите луѓе се еднакви пред него, без оглед на нашиот надворешен изглед. Кога Бог ги запишал барањата за старешините и слугите помошници, тој воопшто не спомнал нешто во врска со расното и националното потекло. Не, тој се сосредоточил на духовните способности на оние кои биле подобни да служат. Тоа е случај и денес со локалните старешини, патувачките надгледници и персоналот на подружниците, како што било случај и со водечкото тело во првиот век.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели