ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/8 стр. 25-29
  • Наградите за упорноста

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Наградите за упорноста
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Примери на упорност
  • Јехова им дава „свет дух на оние што го молат за тоа“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Да се трча трката со истрајност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Убави резултати од стрпливоста и истрајноста
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • „Бидете трпеливи“
    Нашата служба за Царството 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/8 стр. 25-29

Наградите за упорноста

ТАА била Гркинка која живеела во Феникија во 32-та година од н. е. Нејзината ќерка била многу болна поради што жената била во очајничка потрага по лек. Кога чула дека еден странец ја посетува нејзината област — странец за кој се зборувало дека имал моќ да ги лекува болните — таа била решена да се сретне со него и да го моли за помош.

Кога го сретнала, паднала на колена преколнувајќи: „Помилуј ме, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко се мачи од бес“. На тој начин, Гркинката го молела Исус да ја излечи ќерка ѝ.

Можеш ли да си ја претставиш храброста и понизноста кои биле потребни од нејзина страна за да го направи ова? Исус бил авторитетна личност со моќ и репутација, а претходно покажал дека не сака никој да знае каде се наоѓа. Тој ги одвел своите апостоли во Феникија за да се одморат малку, што им било особено потребно, а не да работат помеѓу паганските неверници. Освен тоа, Исус бил Евреин, а таа паганка, на која несомнено ѝ била позната еврејската аверзија кон дружењето со презрените пагани. Меѓутоа, таа била цврста во одлуката да набави лек за своето дете.

Исус и неговите апостоли се обидувале да ја одвратат да бара помош во тоа време. Отпрвин, Исус не ѝ рекол ниту збор. Потоа, поради нејзиното повторно и упорно преколнување, апостолите во лутина му рекле на Исус: „Отпушти ја, оти вика по нас“.

Но, таа не се откажувала сѐ додека не добила позитивен одговор. Таа дури се фрлила пред нозете на Исус, велејќи: „Господи, помогни ми!“

Укажувајќи на својата примарна одговорност кон синовите на Израел, а во исто време испитувајќи ја нејзината вера и одлучност, Исус сочувствително ѝ објаснил: „Не е добро да се земе лебот од децата [на Израел] и да се фрли на кучињата [паганите]“.

Наместо да биде навредена од негативната забелешка во врска со нејзиниот род, таа понизно истрајала во своето барање, одговарајќи: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките, што паѓаат од трпезата на нивните господари“.

Исус ја наградил упорноста на Гркинката, пофалувајќи ја нејзината вера и делувајќи поволно на нејзините преколнувања. Замисли си ја нејзината радост кога се вратила дома и кога ја нашла својата ќерка потполно излекувана! (Матеј 15:21-28; Марко 7:24-30).

По примерот на таа жена од првиот век, и ние треба да бидеме упорни во нашите обиди да му угодиме на Јехова и да ја добиеме неговата наклоност. Како и во случајот со Гркинката, Библијата ни гарантира дека и нашата упорност во ‚правењето на она што е добро‘ ќе биде добро наградена (Галатјаните 6:9).

Што е тоа упорност? Зошто е потребна? Кои фактори можат да предизвикаат да ја изгубиме оваа особина, да се откажеме или да се предадеме? Какви награди можеме да очекуваме да добиеме ако сега покажеме упорност во служењето на нашиот Творец и Татко, Јехова?

Еден речник, глаголот да се биде „упорен“ го дефинира како „цврсто и непоколебливо придржување за некоја цел, положба или ветување, и покрај пречките, предупредувањата или назадувањата . . . да се продолжи во постоење; да се истрае“.

Библијата секогаш одново ги поттикнува Јеховините слуги да бидат упорни во вршењето на неговата волја. На пример, советувани сме да ‚го бараме најнапред царството‘, ‚да се држиме за доброто‘, ‚да бидеме постојани во молитвата‘ и да не се ‚уморуваме‘ во правењето на она што е добро (Матеј 6:33; 1. Солунјаните 5:20; Римјаните 12:12; Галатјаните 6:9, НС).

Во секојдневниот живот, упорноста е особина која секој од нас мора да ја поседува и да ја развива за да преживее. Без неа не можеме да постигнеме ништо што е од вистинска и трајна вредност. Размисли за примерот на едно бебе кое се обидува да стане и да ги направи своите први несигурни чекори. Ретко кое дете може да научи да станува и лесно да оди за само еден ден. Како бебиња, веројатно сите ние сме се обидувале и многу пати сме паѓале пред конечно да постигнеме извесен успех во одењето. Што би се случило ако после првото паѓање сме решиле повеќе да не се обидуваме? Можеби сѐ уште би ползеле наоколу на раце и колена! Упорноста е битна за достигнување на корисни цели, за постигнување на соодветен напредок во одредени вештини и за стекнување на самопочитување. Како што гласи една народна изрека: „Победниците никогаш не се откажуваат, а оние кои се откажуваат, никогаш не победуваат“.

Долгогодишните пионери доаѓаат до заклучок дека успехот не е загарантиран со некои посебни способности или таленти. Тоа бара издржливост, поточно одлука во потполност да се врши Јеховината волја и храброст наспроти привременото назадување, дури и депресија. Целта да се има вечен удел во Божјите благослови, мора јасно да се задржи во фокусот.

Да, на сите нас, кои сакаме да добиеме Јеховина наклоност и да победиме во трката за живот, потребни ни се упорност, непоколебливост и истрајност. Без овие особини лесно можеме да ја изгубиме Јеховината наклоност и наградата на вистинскиот живот (Псалм 17:20; Матеј 24:13; 1. Тимотеј 6:18, 19).

Честопати за еден христијанин е многу потешко да биде упорен во своите духовни активности, отколку во другите обврски. Некој може да работи на некоја тешка световна работа за да ги задоволи физичките потреби на своето семејство, но тој може да биде ‚премногу уморен‘ за да води редовна библиска студија со сопругата и со своите деца. Што ја прави упорноста во христијанските работи за многумина толку тешка?

Еден фактор е обесхрабрувањето, кое доаѓа од нашите лични грешки и слабости. Ако постојано мислиме негативно за своите грешки, можеме да се разочараме и да се откажеме, мислејќи дека Јехова никогаш нема да може да ни ги прости сите наши гревови.

Еден друг фактор е световниот дух на неморал, корупција и омраза (1. Јованово 2:15, 16). Еден од „добрите обичаи“ што световното влијание може да го расипе или оштети е христијанската упорност (1. Коринтјаните 15:33).

Нашата упорност во делото на проповедање може да биде ослабена од противењето на јавноста или од рамнодушноста кон нашата света служба. Исфрустрирани, може да заклучиме дека луѓето на нашето подрачје едноставно не ја сакаат вистината. Ова може да нѐ наведе да се запрашаме: ‚Каква корист од тоа?‘ и да се откажеме од нашата посебна предносна служба.

Исто така, може да паднеме под влијание на световниот дух на самопопустливост. Може да си мислиме: Зошто да се мачиме и да се жртвуваме толку многу кога сите други, како што изгледа, уживаат или не се заморуваат баш многу? (Спореди Матеј 16:23, 24.)

За да истраеме во вршењето на Јеховината волја, треба да ја облечеме христијанската личност и да живееме по духот, а не по телото (Римјаните 8:4-8; Колосјаните 3:10, 12, 14). Ако го имаме Јеховиното гледиште на работите, тоа ќе нѐ оспособи да продолжиме со нашите витални духовни активности (1. Коринтјаните 16:13).

Примери на упорност

Јехова ни дал многу подбудувачки примери на слуги кои му останале лојални и верни низ многу сурови неволји. Размислувајќи за нив, гледаме како можеме да развиваме и да покажуваме христијанска упорност и зошто е таа толку вредна.

Најголемиот пример е Исус, кој толку многу пропатил за да го прослави Јеховиното име. Библијата нѐ охрабрува внимателно да ги проучуваме неговите дела на истрајна предаденост: „Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себеси секакво бреме и грев, што лесно нѐ окружува, и со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба, имајќи Го пред очи Началникот и Завршителот на верата — Исуса, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји. Помислете, пак, на Оној, Кој од грешниците претрпе над Себеси таква поруга, та да не ви дотегне, и да не опаднете духом!“ (Евреите 12:1-3).

Трката за живот е маратонска, а не краток спринт. Затоа ни е потребна упорност слична на Христовата. Можеби целта не е видлива во поголемиот дел од трката, но таа мора да биде јасна во нашите очи на разумот, така што ќе можеме во мислите да се посегнуваме кон неа, за време на целата напорна трка. Исус имал пред себе една таква умствена претстава, имено „радоста која била поставена пред него“.

Што е вклучено во оваа радост за христијаните денес? Една работа е наградата на бесмртен живот на небото, за малкумина, и вечен живот на Земјата, за многумина. Овде спаѓа и чувството на задоволство, кое произлегува од спознанието дека дотичниот му донел радост на Јеховиното срце и дека имал удел во посветувањето на Божјето име (Изреки 27:11; Јован 17:4).

Во оваа радост е вклучен и присниот, прекрасен однос со Јехова (Псалм 39:8; Јован 4:34). Еден ваков однос е зајакнувачки и животоподдржувачки, давајќи му на дотичниот сила истрајно да ја трча трката и да не се откажува. Освен тоа, Јехова го благословува тој однос, излевајќи го светиот дух врз своите слуги, што од своја страна, пак, донесува зголемена радост и весела активност (Римјаните 12:11; Галатјаните 5:22).

Корисно е да се разгледа Јововиот пример за упорна вера. Тој бил несовршен и имал ограничен увид во својата ситуација. Затоа, повремено запаѓал во самооправдување и очај. Меѓутоа, тој постојано покажувал цврста решеност да ја зачува својата беспрекорност кон Јехова и никогаш да не Го напушта (Јов 1:20-22; 2:9, 10; 27:2-6). Јехова го наградил Јов за неговата упорна оддаденост, давајќи му духовни и материјални благослови како и надеж за вечен живот (Јов 42:10-17; Јаков 5:10,11). Исто како Јов, и ние може да доживееме многу страдања и загуби за време на нашиот сегашен живот, но исто така можеме да бидеме уверени во Јеховините благослови за нашата верна истрајност (Евреите 6:10-12).

Во денешно време Јеховините сведоци како целина покажувале христијанска упорност во вршењето на Јеховината волја. На пример, нивната упорна служба од куќа до куќа, како и другите видови на јавно проповедање, ним и на нивната порака им донеле публицитет ширум светот. Медиумите направиле бројни осврти на нивната ревност и решеност да ја проповедаат добрата вест и покрај противењето и тешкотиите. Еден од овие осврти ја содржел поентата: „Никој не може да им избега на Јеховините сведоци!“ (Матеј 5:16).

Јехова ги благословил упорните напори на своите Сведоци со зголемен пораст во службата. Забележи го искуството на некои досетливи Сведоци од Италија, во 1960-тите, кога имало околу 10.000 Сведоци кои проповедале на нација од преку 53.000.000 луѓе. Во еден град од 6.000 жители немало ниту еден Сведок. Браќата кои отишле таму во посета, наишле на непријателска реакција во службата.

Секојпат кога браќата ќе отишле таму да сведочат, многу од жените, па дури и мажите, ќе ги собереле децата од местото, подбуцнувајќи ги да ги следат Сведоците, да ги исвиркуваат и да креваат голема врева. По неколку минути вакво однесување, браќата биле присилени да го напуштат местото и да одат во друг град. Во обид да дадат барем едно потполно сведоштво за сето население од овој град, браќата решиле да проповедаат таму само во многу дождливи денови, надевајќи се дека нема да бидат вознемирувани од младите момчиња. Тие забележале дека луѓето од градот немале желба самите да накиснат само за да им пречат на објавителите. На овој начин било дадено едно добро сведоштво. Биле пронајдени заинтересирани лица и биле започнати нови библиски студии. Како резултат на тоа, не само што било основано едно напредно собрание во тој мал град туку и делото на проповедање почнало да се врши дури и во сончевите денови. Јехова продолжил да ја благословува упорноста на своите Сведоци во тоа подрачје и низ цела Италија. Сега во таа земја има преку 200.000 Јеховини сведоци.

Наградите за упорноста да се прави она што е исправно се големи. Со моќта на Божјиот дух, Јеховините сведоци биле во можност да извршат еден подвиг без преседан во човечката историја, а тоа е проповедањето на добрата вест за Царството на милиони луѓе, како на куќните прагови така и на други начини (Захарија 4:6). Тие радосно виделе како се исполнило библиското пророштво во зачудувачкиот пораст и виталност на Јеховината земска организација (Исаија 54:2; 60:22). Задржуваат чиста совест пред Бог и се радуваат во надежта за вечен живот. Најмногу од сѐ, тие се радуваат на еден присен однос со Творецот, Јехова Бог (Псалм 10:7).

[Слика на страница 25]

Исус ја наградил понизната упорност на оваа Гркинка

[Слика на страница 26]

Животот во рајот е една од радостите кои се поставени пред христијаните денес

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели