ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/11 стр. 4-7
  • Наскоро — подобар живот!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Наскоро — подобар живот!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Подобар живот — кога?
  • Подобар живот — како?
  • Што треба да сториш?
  • Рајот е близу!
    Ти можеш да бидеш Божји пријател!
  • Дали живееме во „последните денови“?
    Што навистина учи Библијата?
  • Божјата намера наскоро ќе се оствари
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
  • Кога Земјата ќе стане рај?
    Запознај го Бог и живеј засекогаш
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/11 стр. 4-7

Наскоро — подобар живот!

ЗАМИСЛИ СИ еден метеоролог чии прогнози речиси секогаш се исполнуваат. Ако на вечерните вести прогнозира дека следниот ден ќе врне, ти нема воопшто да се двоумиш да земеш со себе чадор кога ќе излезеш од дома следното утро. Извештајот што го дал во минатото, ја придобил твојата доверба. Ти постапуваш според она што ќе го рече тој.

А сега, колку е веродостојно Јеховиното ветување за еден подобар живот на рајска Земја? Па, што покажува неговиот запис од минатото? Исполнувањето на библиските пророштва јасно го потврдува Јеховиниот запис. Тој е Бог на непогрешлива точност и вистинитост (Исус Навин 23:14; Исаија 55:11). Јеховините ветувања се толку веродостојни што понекогаш, кога тој зборува за идните настани што се ветени, зборува за нив како веќе да се случиле. На пример, после ветувањето за еден нов свет во кој повеќе нема да има смрт и тагување, читаме: „Се сврши [ветените благослови]!“ Со други зборови, „Тие се факт!“ (Откровение 21:5, 6, фуснота, НС).

Да, исполнувањето на Јеховините ветувања од минатото влеваат доверба дека ќе се исполни и неговото ветување за еден подобар живот на човештвото. Но, кога ќе дојде тој подобар живот?

Подобар живот — кога?

Наскоро ќе започне еден многу подобар живот! Можеме да бидеме сигурни во тоа, бидејќи Библијата вели дека непосредно пред да дојде времето кога Рајот ќе донесе еден подобар живот, на Земјата ќе се случат многу лоши работи. Тие лоши работи се случуваат токму сега.

На пример, Исус Христос прорекол дека ќе има големи војни. Тој кажал: „Ќе се дигне народ против народ, и царство против царство“ (Матеј 24:7). Ова пророштво веќе се исполнува. Во текот на годините од 1914 до 1945 имало две светски војни, а после нив следеле голем број други војни во кои народите се бореле едни со други. „Во овој период [од II светска војна], годишниот просек на убиства во војната е повеќе од двојно поголем во однос на убиствата во XIX век, а седум пати поголем отколку во XVIII век“ (World Military and Social Expenditures 1993).

Ширењето на болестите е уште еден доказ дека е близу еден подобар живот во Рај. Исус прорекол дека ‚на некои места ќе има помори‘ (Лука 21:11). Дали се исполнило ова пророштво? Да. После I светска војна, од шпанската грозница умреле повеќе од 20 милиони луѓе. Оттогаш наваму, ракот, срцевите заболувања, маларијата, СИДА-та и други болести убиваат милиони луѓе. Во земјите во развој, болестите кои се последица од загадената вода (во кои спаѓаат диареата и инфекциите од цревни глисти), секоја година одземаат милиони животи.

Исто така, Исус рекол: „Ќе има глад“ (Матеј 24:7). Како што беше забележано во претходната статија, сиромашните луѓе во светот немаат доволно храна. Тоа е уште еден дел од доказот дека наскоро ќе започне еден многу подобар живот во Рај.

„Ќе има и големи потреси“, рекол Исус (Лука 21:11). И тоа се исполнува во нашево време. Од 1914 година па наваму, разурнувањата од опустошувачките земјотреси одзеле стотици илјади животи.

Понатаму, Библијата вели дека „последните денови“ ќе бидат одбележани и со промени кај самите луѓе. Тие ќе бидат „себељубиви“ и „љубители на пари“, а децата ќе бидат „непослушни на родителите“. Општо земено, луѓето ќе бидат „повеќе љубители на задоволства отколку љубители на Бог“ (2. Тимотеј 3:1-5, НС). Зарем не се сложуваш дека многумина одговараат на овој опис?

Бидејќи сѐ повеќе и повеќе луѓе прават лоши работи, беззаконието расте. Но, и тоа било проречено. Според Матеј 24:12, Исус зборувал за ‚умножување на беззаконијата‘. Веројатно ќе се согласиш дека сега криминалот е поголем отколку што беше пред неколку години. Насекаде луѓето се плашат да не бидат ограбени, измамени или повредени на кој и да е начин.

Војни, распространети болести, оскудици на храна, земјотреси, пораст на криминалот и влошување на човечките односи — сето тоа е очигледно денес, токму онака како што прорекла Библијата. ‚Но, зарем сите овие работи не се случувале низ сета човечка историја‘, можеби ќе прашаш. ‚Што е поинаку во денешно време?‘

Има некои многу значајни аспекти за она што се случува денес. Библијата не вели дека некоја од тие карактеристики, како што е оскудицата на храна, ќе биде сама по себе доказ дека живееме во времето на крајот и дека претстои еден подобар живот. Библиските пророштва за времето на крајот требало да се исполнат врз една безбожна генерација (Матеј 24:34-39; Лука 17:26, 27).

Освен тоа, многу е необично тоа што некои карактеристики од Исусовото пророштво — особено оние за оскудицата на храна и за раширените болести — се исполнуваат денес. Зошто? Затоа што научните достигнувања никогаш не биле поголеми отколку што се сега. Познавањето на медицината и начините на лекување никогаш не биле понапредни или пораспространети. Само Бог можел да прорече во својата Реч, Библијата, дека во едно такво време состојбата со болестите и гладот ќе биде сѐ полоша, а не подобра.

Со оглед на тоа што сите библиски пророштва за времето на крајот, т.е. за „последните денови“, се исполнуваат, што можеме да заклучиме? Дека претстои еден подобар живот! Но, како ќе се оствари тоа?

Подобар живот — како?

Мислиш ли дека луѓето можат да воспостават Рај? Низ историјата, па сѐ до денешно време, постоеле различни видови човечки влади. Некои од нив напорно се обидувале да ги задоволат потребите на луѓето. Па сепак, многу проблеми стануваат сѐ поголеми. И во богатите и во сиромашните земји, владите се борат против злоупотребата на дрога, лошите услови за живеење, сиромаштијата, криминалот, невработеноста и војните.

Дури и да решат некои од овие проблеми, владите никогаш нема да можат да обезбедат потполна слобода од болестите ниту, пак, можат да стават крај на староста и на смртта. Јасно е дека луѓето никогаш нема да воспостават Рај на Земјава.

Библијата мудро вели: „Не надевајте се на кнезовите и на синовите човечки, во нив нема спасение“. Тогаш, на кого да се надеваме? Библијата одговара: „Блажен е оној, кому му е помошник Јакововиот Бог и чија надеж е во Господа, неговиот Бог“ (Псалм 145:3, 5). Ако се надеваме на Јехова Бог, никогаш нема да бидеме разочарани.

Сигурно дека Оној кој ја има мудроста и моќта што се потребни за да се создадат Земјата, Сонцето и ѕвездите, може да ја преобрази Земјата во рај. Може да им овозможи на луѓето да се радуваат на еден подобар живот. Сѐ што ќе одлучи да прави, Јехова Бог го може тоа и навистина ќе го направи. Неговата Реч вели: „Нема да остане во Бога ниеден збор без сила“ (Лука 1:37). Но, на кој начин Бог ќе овозможи еден подобар живот?

Јехова ќе му даде на човештвото многу подобар живот преку своето Царство. А што е Божјето Царство? Тоа е една вистинска влада чиј Владетел, Исус Христос, е поставен од Бог. Божјето Царство е сместено на небото, но наскоро тоа ќе им донесе прекрасни благослови и многу подобар живот и на жителите на рајската Земја (Исаија 9:6, 7).

Можеби веќе ти е позната Исусовата пример-молитва, која во Библијата се наоѓа во Матеј 6:9-13. Дел од таа молитва што е упатена до Бог гласи: „Да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на Земјата“. Во согласност со таа молитва, Божјето Царство ќе „дојде“ за да ја оствари намерата што ја има Јехова Бог за Земјата. А негова намера е Земјата да стане рај.

На крајот се појавува уште едно прашање: Што мораш да сториш за да се радуваш на еден подобар живот во Рајот што доаѓа?

Што треба да сториш?

На сите оние кои ја извршуваат неговата волја, Јехова Бог љубезно им нуди изглед за еден подобар живот во Рај. Библијата ни вели: „Праведниците ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно“ (Псалм 36:29). Но, врз која основа една личност е праведна во Божји очи?

За да му угодиме на Јехова, треба да научиме повеќе за она што тој сака да правиме. Ако стекнуваме спознание за Бог и го применуваме во животот, ќе можеме да живееме вечно. Во молитва до Бог, Исус рекол: „Животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа“ (Јован 17:3).

Книгата којашто ни зборува за Јехова Бог и за Исус Христос е Божјата Реч, Библијата. Таа е еден од најдрагоцените подароци од Јехова. Библијата е како писмо што еден љубезен татко им го праќа на своите деца. Ни зборува за Божјето ветување за еден подобар живот за човештвото и ни покажува како можеме да го добиеме. Библијата ни кажува што сторил Бог во минатото и што ќе стори во иднина. Ни дава и практичен совет за тоа како можеме уште сега успешно да ги решаваме проблемите. Навистина, Божјата Реч нѐ поучува како можеме да бидеме среќни дури и во овој свет кој е оптоварен со проблеми (2. Тимотеј 3:16, 17).

Јеховините сведоци со задоволство ќе се договорат со тебе за бесплатна домашна библиска студија. Научи како можеш да имаш посреќен живот сега, со изглед за еден многу подобар живот во блиска иднина.

[Слика на страница 5]

Библиските пророштва покажуваат дека претстои еден подобар живот

[Слика на страница 7]

Божјето Царство ќе донесе подобар живот за човештвото

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели