ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/11 стр. 15-20
  • Остани во „градот прибежиште“ и живеј!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Остани во „градот прибежиште“ и живеј!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали сме навистина виновни за крв?
  • Исусовите важни улоги
  • Денешниот град прибежиште
  • Ослободени од градот прибежиште
  • Вредни поуки за нас
  • Градови прибежишта — Божја милостива подготовка
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Дали Јехова е твое засолниште?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • ‚Најди засолниште во името на Јехова‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Јехова нека биде твое прибежиште
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2021)
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/11 стр. 15-20

Остани во „градот прибежиште“ и живеј!

„Оној треба да живее во градот на засолништето свое до смртта на големиот свештеник“ (4. МОЈСЕЕВА 35:28).

1. Кој е Одмаздникот за крв и каква акција ќе преземе наскоро?

ЈЕХОВИНИОТ Одмаздник за крв, Исус Христос, се спрема да удри. Заедно со своите ангелски сили, овој Одмаздник наскоро ќе преземе акција против сите оние кои се непокајнички виновници за крв. Да, Исус ќе служи како Божји Погубител во текот на ‚големата неволја‘ (НС) која забрзано се приближува (Матеј 24:21, 22; Исаија 26:21). Тогаш човештвото нема да ги избегне последиците од својата вина за крв.

2. Кое е единственото вистинско место за прибежиште, и кои прашања треба да се одговорат?

2 За да се биде на безбедно, треба да се појде по патот кон претсликата на градот прибежиште и да се побегне таму! Ако е пуштен во градот, бегалецот би морал да остане таму, бидејќи тоа му е единственото вистинско прибежиште. Но, можеби се прашуваш: ‚Со оглед на тоа дека повеќето од нас никогаш не убиле некого, дали навистина сме виновни за крв? Зошто Исус е Одмаздник за крв? Што претставува современиот град прибежиште? Дали некогаш може некој безбедно да го напушти?‘

Дали сме навистина виновни за крв?

3. Која одлика на Мојсеевиот Закон ќе ни помогне да видиме дека милијарди луѓе на Земјата сносат вина за крв?

3 Едно обележје на Мојсеевиот Закон ќе ни помогне да видиме дека денешните милијарди луѓе на Земјата се виновни за крв. Бог им наметнал на Израелците една заедничка одговорност за крв. Ако некој бил најден погубен а неговиот убиец не бил познат, судиите требало да го измерат растојанието до околните градови со цел да одредат кој град е најблиску. За да ја отстранат вината, старешините од тој очигледно виновен град морале во некоја необработувана поточна долина да ѝ го скршат вратот на млада јуница која не била користена за работа. Тоа се правело пред левитските свештеници, ‚бидејќи Господ нив ги избрал за да се пресуди секоја причинета штета‘. Старешините на градот си ги измивале рацете над јуницата и велеле: „Нашите раце не ја пролеаја оваа крв и нашите очи не видоа; милостив биди спрема луѓето Твои во Израилот, кој Ти, Господи, го изведе од Египетската земја, за да нема невина крв во Израилот“ (5. Мојсеева 21:1-9). Јехова Бог не сакал израелската земја да биде извалкана со крв или неговиот народ да сноси колективна вина за крв.

4. Каква вина за крв од минатото има Големиот Вавилон?

4 Да, постои и такво нешто како што е заедничка, односно колективна вина за крв. Размисли за огромната вина за крв што ја сноси Големиот Вавилон, светското царство на лажната религија. Да, тој е пијан од крвта на Јеховините слуги! (Откровение 17:5, 6; 18:24). Религиите на т. н. христијанство тврдат дека го следат Кнезот на мирот, но војните, верските инквизиции и смртоносните крстоносни војни ги направиле виновни пред Бог (Исаија 9:6; Јеремија 2:34). Всушност, тие мора да ја сносат главната вина за смртта на милиони луѓе во двете светски војни од овој век. Затоа, приврзаниците на лажната религија, како и оние кои ги поддржуваат и учествуваат во човечките војни, се виновни за крв пред Бог.

5. На кој начин некои луѓе се како ненамерниот убиец во Израел?

5 Некои луѓе предизвикале човечка смрт намерно или поради немарност. Други учествувале во колективно убивање, можеби наговорени од верските водачи дека тоа е Божја волја. Трети, пак, ги прогонувале и убивале Божјите слуги. Сепак, дури и ако не сме правеле такви работи, ние имаме удел во заедничката одговорност за загубата на човечки живот затоа што не сме го познавале Божјиот закон и волја. Ние сме како ненамерниот убиец ‚кој го убил својот ближен без умисла и не му бил непријател порано‘ (5. Мојсеева 19:4). Таквите поединци мораат да го преколнуваат Бог за милост и треба да трчаат во претсликата на градот прибежиште. Инаку, ќе имаат фатална средба со Одмаздникот за крв.

Исусовите важни улоги

6. Зошто може да се рече дека Исус е најблизок роднина на човештвото?

6 Во Израел, одмаздник за крв бил најблискиот роднина на жртвата. За да ги одмазди сите оние кои биле убиени на Земјата, особено погубените слуги на Јехова, денешниот Одмаздник за крв би требало да е роднина на сето човештво. Таа улога ја има Исус Христос. Тој се родил како совршен човек. Исус го предал својот безгрешен живот во смрт како откупна жртва, а по своето воскресение на небото, ја принел нејзината вредност пред Бог во корист на грешните и смртни Адамови потомци. На тој начин, Христос станал Откупител на човештвото, наш најблизок роднина — законски Одмаздник за крв (Римјаните 5:12; 6:23; Евреите 10:12). Исус е идентификуван како брат на своите помазани следбеници (Матеј 25:40, 45; Евреите 2:11-17). Како небесен Цар, тој станува ‚вечен Отец‘ на оние кои ќе извлечат корист од неговата жртва како негови земни поданици. Тие ќе живеат засекогаш (Исаија 9:6, 7). Затоа е прикладно тоа што Јехова го поставил овој Роднина на човештвото како Одмаздник за крв.

7. Како голем Првосвештеник, што прави Исус за луѓето?

7 Исус е и безгрешен, испитан, сочувствителен Првосвештеник (Евреите 4:15). Во тоа својство, тој ја применува на човештвото вредноста на својата гревопомирбена жртва. Градовите прибежишта биле воведени ‚за синовите Израилеви, за придојдениот и за преселениот меѓу нив‘ (4. Мојсеева 35:15). На тој начин, вредноста на својата жртва големиот Првосвештеник најпрвин ја применил на своите помазани следбеници, „синовите Израилеви“. Сега таа се применува на ‚придојдените‘ и на ‚преселените‘ во претсликата на градот прибежиште. Овие „други овци“ на Господ Исус Христос се надеваат да живеат засекогаш на Земјата (Јован 10:16; Псалм 36:29, 34).

Денешниот град прибежиште

8. Што претставува претсликата на градот прибежиште?

8 Што претставува претсликата на градот прибежиште? Тоа не е некакво географско место како што е Хеврон, кој бил еден од шесте левитски градови прибежишта и воедно дом на израелскиот првосвештеник. Денешниот град прибежиште претставува Божја подготовка со која нѐ заштитува од смрт поради прекршување на неговата заповед во врска со светоста на крвта (1. Мојсеева 9:6). Сеедно дали било намерно или ненамерно, секој прекршител на таа заповед мора да бара Божје простување и бришење на неговиот грев преку верата во крвта на Првосвештеникот, Исус Христос. Помазаните христијани со небесна надеж и ‚големото мноштво‘ со земни изгледи ја искористиле Исусовата гревопомирбена жртва и се наоѓаат во претсликата на градот прибежиште (Откровение 7:9, 14; 1. Јованово 1:7; 2:1, 2).

9. На кој начин Савле од Тарс ја прекршил Божјата заповед за крвта, но како покажал дека го променил ставот?

9 Пред да стане христијанин, апостол Павле ја прекршил заповедта за крвта. Како Савле од Тарс, тој ги прогонувал Исусовите следбеници и го одобрувал дури и нивното убивање. „Но“, рекол Павле, „ме помилува, бидејќи тоа го вршев, без да знам, во неверие“ (1. Тимотеј 1:13; Дела 9:1-19). Савле имал покајнички став кој подоцна и го докажал со многу дела на вера. Но, за да влеземе во претсликата на градот прибежиште, потребно е повеќе отколку само вера во откупнината.

10. Како е можно да се постигне мирна совест, и што мораме да сториме за да ја задржиме?

10 Еден ненамерен убиец можел да остане во некој од израелските градови прибежишта само доколку можел да покаже дека има мирна совест пред Бог во врска со крвопролевањето. За да постигнеме мирна совест, мораме да покажуваме вера во Исусовата жртва, да се покаеме за своите гревови и да го промениме својот начин на постапување. Преку предание на Бог во молитва треба да бараме мирна совест и тоа да го симболизираме со крштавање во вода (1. Петрово 3:20, 21). Оваа мирна совест ни овозможува да постигнеме чист однос со Јехова. Единствен начин да задржиме мирна совест е да се подложиме на Божјите барања и да го извршуваме делото што ни е дадено во претсликата на градот прибежиште, исто како што бегалците во древните градови прибежишта морале да го слушаат Законот и да ги извршуваат своите доделени работни задачи. Главното дело за Јеховиниот народ денес е да ја објавува пораката за Царството (Матеј 24:14; 28:19, 20). Вршењето на тоа дело ќе ни помогне да бидеме корисни жители во денешниот град прибежиште.

11. Што мораме да избегнуваме ако сакаме да останеме на безбедно во денешниот град прибежиште?

11 Ако го напуштиме денешниот град прибежиште, тоа значи дека се изложуваме на уништување, бидејќи Одмаздникот за крв наскоро ќе стапи во акција против сите оние кои се виновни за крв. Ова не е време да се биде фатен надвор од заштитниот град или во некое опасно подрачје близу границите на неговите пасишта. Ако изгубиме вера во гревопомирбената жртва на Првосвештеникот, би се нашле надвор од претсликата на градот прибежиште (Евреите 2:1; 6:4-6). Исто така, и ние не би биле безбедни ако усвоиме световни гледишта, ако стоиме на работ од Јеховината организација или ако скршнеме од праведните мерила на нашиот небесен Татко (1. Коринтјаните 4:4).

Ослободени од градот прибежиште

12. Колку долго мораат да останат поранешните виновници за крв во претсликата на градот прибежиште?

12 Ненамерниот убиец во Израел морал да остане во градот прибежиште сѐ „до смртта на големиот свештеник“ (4. Мојсеева 35:28). Тогаш, колку долго мораат поранешните виновници за крв да останат во претсликата на градот прибежиште? Сѐ додека повеќе нема да им требаат службите на Првосвештеникот, Исус Христос. „Он и може и за вечно да ги спаси оние, што преку Него доаѓаат кон Бога“, рекол Павле (Евреите 7:25). Сѐ додека постојат какви и да било дамки на грев и на поранешна вина за крв, службите на Првосвештеникот се потребни за да можат несовршените луѓе да имаат праведна положба пред Бог.

13. Кои се денешните ‚синови Израилеви‘, и колку долго мораат да останат во „градот прибежиште“?

13 Запомни дека древните градови прибежишта биле дадени за „синовите Израилеви“, за странските доселеници и за придојдените. „Синовите Израилеви“ се духовни Израелци (Галатјаните 6:16). Тие мораат да останат во претсликата на градот прибежиште сѐ додека живеат на Земјата. Зошто? Заради тоа што сѐ уште се во несовршеното тело и затоа им треба помирбената вредност на нивниот небесен Првосвештеник. Но, кога овие помазани христијани ќе умрат и ќе воскреснат во духовен живот на небото, ним повеќе не им требаат помирбените служби на Првосвештеникот; тие засекогаш ќе го напуштат телото и повеќе нема да бидат луѓе кои се виновни за крв. За таквите воскреснати помазаници, смртта на Првосвештеникот ќе има помирбено, заштитно својство.

14. Која друга причина бара од оние со небесни изгледи да останат во денешниот град прибежиште?

14 Самиот факт што се од човечка природа бара оние кои ќе бидат небесни „сонаследници со Христос“ да останат во претсликата на градот прибежиште сѐ додека верно го завршат земниот животен пат со смрт. Кога ќе умрат, засекогаш ќе ја напуштат својата човечка природа (Римјаните 8:17, НС; Откровение 2:10). Исусовата жртва се применува само на оние кои имаат човечка природа. Затоа, Првосвештеникот умира во однос на оние од духовниот Израел кога тие ќе бидат воскреснати како духовни суштества кои вечно ќе живеат на небото како „учесници во Божјата природа“ (2. Петрово 1:4).

15. Кои се современите „странски доселеници“ и „придојдени“, и што ќе стори големиот Првосвештеник за нив?

15 Што се однесува до современите „странски доселеници“ и „придојдени“ (НС), кога ќе „умре“ Првосвештеникот за нив и со тоа да им овозможи да ја напуштат претсликата на градот прибежиште? Овие членови на големото мноштво не можат да излезат од овој град прибежиште веднаш после големата неволја. Зошто не? Затоа што тие сѐ уште ќе бидат во своето несовршено, грешно тело и ќе треба да останат под заштитата на Првосвештеникот. Користејќи ги неговите помирбени служби во текот на своето илјадагодишно царување и свештенство, тие ќе постигнат човечка совршеност. Тогаш Исус ќе му ги претстави на Бог заради еден конечен и вечно одлучувачки испит на нивната беспрекорност, така што ќе ги пушти Сатана и неговите демони за кратко време. Поради тоа што овој испит го поминуваат со божествено одобрување, Јехова ќе ги прогласи за праведни. На тој начин, тие ќе достигнат потполна човечка совршеност (1. Коринтјаните 15:28; Откровение 20:7-10).a

16. Кога преживеаните од големата неволја повеќе нема да имаат потреба од помирбените служби на Првосвештеникот?

16 Според тоа, преживеаните од големата неволја ќе мораат да задржат мирна совест со тоа што ќе останат во претсликата на градот прибежиште сѐ до крајот на Христовата Илјадагодишна влада. Како усовршени луѓе, повеќе нема да им требаат помирбените служби на Првосвештеникот ниту неговата заштита. Тогаш Исус ќе умре за нив како Првосвештеник, бидејќи повеќе нема да треба да дејствува во нивна корист со очистувачката крв на својата жртва. Во тоа време, тие ќе ја напуштат претсликата на градот прибежиште.

17. Зошто за оние кои ќе воскреснат во текот на Христовата Илјадагодишна влада нема да биде неопходно да влезат во претсликата на градот прибежиште и да останат таму?

17 Дали оние кои ќе воскреснат во текот на Исусовата Илјадагодишна влада мораат да влезат во претсликата на градот прибежиште и да останат таму до смртта на првосвештеникот? Не, затоа што со смртта тие веќе ја платиле казната за својата грешност (Римјаните 6:7; Евреите 9:27). Меѓутоа, Првосвештеникот ќе им помогне да постигнат совршеност. Доколку успешно го минат конечниот испит после Милениумот, Бог ќе ги прогласи и за праведни со гаранција за вечен живот на Земјата. Се разбира, неподложувањето на Божјите барања ќе донесе неповолна пресуда и уништување на сите оние луѓе кои нема да го поминат конечниот испит како чувари на беспрекорноста.

18. Што ќе остане засекогаш со човештвото во врска со Исусовото царување и свештенство?

18 Израелските првосвештеници на крајот умирале. Но, Исус ‚станал вечен Првосвештеник по чинот Мелхиседеков‘ (Евреите 6:19, 20; 7:3). Според тоа, престанокот на Исусовата служба како посредувачки Првосвештеник за човештвото не значи прекин на неговиот живот. Добрите резултати од неговата служба како Цар и Првосвештеник засекогаш ќе останат со човештвото, а луѓето вечно ќе му должат благодарност што служел во овие својства. Освен тоа, низ сета вечност, Исус ќе го преземе водството во чистото обожавање на Јехова (Филипјаните 2:5-11, НС).

Вредни поуки за нас

19. Каква поука во врска со омразата и љубовта може да се извлече од подготовката за градови прибежишта?

19 Од подготовката за градовите прибежишта можеме да извлечеме разни поуки. На пример, во градот прибежиште не било дозволено да живее некој убиец кој имал убиствена омраза спрема својата жртва (4. Мојсеева 35:20, 21). Тогаш, како би можел некој во претсликата на градот прибежиште да дозволи во срцето да му се развие омраза спрема некој брат? „Секој, што го мрази братот свој, е човекоубиец“, напишал апостол Јован, „и познато ви е дека ниеден човекоубиец нема живот вечен, што ќе пребива во него.“ Затоа, „да се сакаме еден со друг, оти љубовта е од Бога“ (1. Јованово 3:15; 4:7).

20. Што мораат да сторат оние кои се наоѓаат во претсликата на градот прибежиште за да се заштитат од Одмаздникот за крв?

20 Заради заштита од одмаздникот за крв, ненамерниот убиец морал да остане во градот прибежиште и да не залута од неговите пасишта. А што е со оние во претсликата на градот прибежиште? Заради безбедност од големиот Одмаздник за крв, тие не смеат да го напуштат градот. Всушност, тие треба да се пазат од заведувањата да отидат, така да се рече, до работ на пасиштата. Мораат да внимаваат да не дозволат во нивните срца да се развие љубов кон Сатановиот свет. Тоа може да изискува молитва и напор, но од тоа зависат нивните животи (1. Јованово 2:15-17; 5:19).

21. Какво наградувачко дело вршат оние кои се наоѓаат во денешниот град прибежиште?

21 Ненамерните убијци во древните градови прибежишта морале да бидат продуктивни работници. На сличен начин, помазаните ‚синови Израилеви‘ дале одличен пример како жетвари и објавители на Царството (Матеј 9:37, 38; Марко 13:10). Како „странски доселеници“ и „придојдени“ во денешниот град прибежиште, христијаните со земни изгледи имаат предност да го вршат ова животоспасувачко дело заедно со оние помазаници кои сѐ уште се на Земјата. А колку е само наградувачко ова дело! Оние кои работат верно во претсликата на градот прибежиште нема да доживеат вечна смрт од рацете на Одмаздникот за крв, туку ќе извлечат вечни користи од неговата служба како Божји голем Првосвештеник. Дали ти ќе останеш во градот прибежиште и дали ќе живееш засекогаш?

[Фуснота]

a Види Стражарска кула од 15 декември 1991, страница 12, пасуси 15, 16.

Како би одговорил?

◻ Зошто може да се рече дека милијарди луѓе на Земјата се виновни за крв?

◻ Во кои улоги дејствува Исус Христос во однос на човештвото?

◻ Што претставува претсликата на градот прибежиште, и како може некој да влезе во него?

◻ Кога ќе бидат луѓето ослободени од претсликата на градот прибежиште?

◻ Какви вредни поуки можеме да извлечеме од подготовката за градови прибежишта?

[Слика на страница 16]

Дали знаеш во кои важни улоги дејствува Исус Христос?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели