ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 15/11 стр. 30
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Сличен материјал
  • Зошто мораме да го знаеме Божјето име
    Божественото име кое ќе остане засекогаш
  • Кое е Божјето име?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Божјето име
    Разбудете се! 2017
  • Јехова го возвишува своето име
    Божјето Царство владее!
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 15/11 стр. 30

Прашања од читателите

Осврнувајќи се на Исус, во Филипјаните 2:9 Павле рекол: „Бог високо Го издигна и Му даде име, што е над секое [друго, НС] име“. Кое е тоа ново име? Исто така, штом Исус му е потчинет на Јехова, на кој начин Исусовото име е над секое друго име?

Филипјаните 2:7-9 гласи: „[Исус] по вид се покажа како човек; Сам се смири, откако стана послушен дури до самата смрт, и тоа смрт на крст. Па затоа и Бог високо Го издигна и Му даде име, што е над секое [друго, НС] име“.

Овој текст не значи дека Исус е иста личност со Јехова, земајќи го предвид тоа што само Јехова поседува име кое е апсолутно над секое друго име. Како што покажува контекстот од Филипјаните, 2. поглавје, Исус го добил своето возвишено име откако воскреснал. Претходно, тој не го поседувал. Од друга страна, пак, Јехова отсекогаш бил највозвишен, а неговата положба никогаш не се променила. Фактот што Исус добил име кое е повисоко од името што го имал пред својата служба на Земјата, покажува дека тој не е иста личност со Јехова. Кога Павле рекол дека на Исус му е дадено име кое е над секое друго име, тој мислел на тоа дека Исус сега има највозвишено име во однос на сите други Божји суштества.

Кое е Исусовото возвишено име? Исаија 9:6 ни помага да го дознаеме одговорот. Прорекувајќи за Месијата кој требало да дојде, т.е. за Исус, стихот вели: „Власта е на рамењата Негови, и ќе Го наречат [и неговото име ќе биде, НС]: Советник, Чудесни, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот“. Во овој случај, Исусовото „име“ е поврзано со неговата висока положба и авторитет, а така и го разбираме изразот ‚име кое е над секое друго име‘, спомнат во Филипјаните 2:9. На секое колено му е заповедано да клекне пред Исус во знак на признавање на неговата висока авторитетна положба што му ја дал Јехова — авторитетна положба која е повисока од положбата што му е дадена на кое и да е друго суштество. Зборот „друго“, што се користи во овој превод, не е директно употребен во основниот грчки текст, но се подразбира од смислата на стихот. Исусовото „име“ не е над неговото сопствено име, туку е над името на секое друго суштество.

Колку сме среќни што можеме да им се придружиме на сите верни ангели и луѓе така што ќе ги свиеме своите колена во знак на признавање на Исусовото име! Тоа го правиме додека му се подложуваме на Исус кој е на возвишена и моќна положба што му ја дал Јехова — „за слава на Бога Отецот“ (Филипјаните 2:11; Матеј 28:18).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели